Бајрактар и Шкријељ: Редовно се исплатува гарантирана минимална помош, за најранливите олеснет влез во системот на социјална заштита

Ударот на пандемијата што не завршува во здравствениот систем, доаѓа во системот на социјална заштита. 

Затоа мерките со кои се помага на ранливите граѓани и домаќинства во кризата што ја предизвика КОВИД-19 се клучни, зашто од една страна ги ублажуваат последиците врз оние наши сограѓани кои останале без приходи а од друга страна овозможуваат подоцна државата полесно да го мине процесот на економско заздравување. Ова го посочи заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар на денешната прес-конференција, на која заедно со дополнителната заменик министерка, Санела Шкријељ говореа за прилагодувањето на системот на социјална заштита за брз одговор во услови на здравствено- економска криза.

„Здравствено-економската криза покажа дека реформите што ги направивме изминатите две и пол години, беа добро обмислени и оптимално реализирани, согласно нашите услови. Реформата на системот на социјална заштита што оваа Влада и Министерството за труд и социјална политика ја правеа во изминатиот период, ни помогна сега соодветно да одговориме на предизвиците. Зголемената социјална помош што корисниците ја добиваат како гарантирана минимална помош, детскиот и образовниот додаток, социјалната пензија и сите други видови на социјална помош, не само што и во оваа тешка економска состојба редовно се исплатува, туку е зајакнатa со мерките кои го олеснуваат пристапот до правата за парична помош", рече Бајрактар.

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец април. Заклучно со четврток, целосно ќе биде исплатена гарантирана минимална помош а со последните измени и релаксирање на системот на социјална заштита, овие домаќинства добиваат и 1.000 денари месечно енергетски додаток и во месеците април-септември, и бидејќи грејната сезона се смета од октомври, практично, овие домаќинства цела година ќе го добиваат енергетскиот додаток.

Заменик министерот Бајрактар посочи дека во центрите за социјална работа, од моментот на носење на уредбата со која се овозможи брз влез во системот на социјална заштита, од 3-ти април, пристигнати се околу 2.000 нови барања за гарантирана минимална помош кои се решаваат тековно, согласно податоците кои ги добиваме од другите институции како УЈП, МВР и другите.

Им помагаме на ранливите, се грижиме за сите и никој не е заборавен и изоставен, рече дополнителната заменик министерка Шкријељ, додавајќи дека Владата на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика донесоа сет мерки за релаксирање на критериумите врз основа на кои може да се користи гарантирана минимална помош и со тоа е олеснет влезот во системот за социјална заштита.

Со новите мерки, се утврдува материјалната необезбеденост врз основа на приходите на сите членови на домаќинството во последниот месец , наместо во претходните три месеци. Ваквиот начин на утврдување материјална необезбеденост се предвидува да важи во периодот април-декември 2020. Дополнително, се овозможи право на гарантирана минимална помош да може да остварат и оние кои се избришани од евиденцијата на невработени лица заради нередовно пријавување или на кои работниот однос им престанал спогодбено, по барање или со отказ. Се олеснија и поединечните критериуми за остварување на правото на ГМП, кои досега се појавуваа како најчести причини за неможност за остварување на ова право. Доколку домаќинството поседува возило постаро од 5 години, земјиште со површина не поголема од 500 м2 освен земјиштето на кое се наоѓа објектот каде корисникот живее, тоа нема да биде пречка за да има право на гарантирана минимална помош.

„За да ги заштитиме корисниците на надоместок заради попреченост и надоместок за помош и нега од друго лице, оние на кои конзилијарното мислење им истекува додека трае вонредната состојба, ќе продолжат да го користат надоместокот без посета на Комисијата и издавање на конзилијарно мислење. Исто така, центрите ќе одлучуваат за правото на гарантирана минимална помош само врз основа на доставената документација од подносителот на барањето и обезбедената документација по службена должност, а увидот во домаќинството ќе се изврши во рок од два месеци по престанокот на траењето на вонредната состојба", нагласи Шкријељ.

И правото на посебен додаток продолжува да се исплатува врз основа на претходно издадени наоди, за време на траењето на вонредната состојба. Правото на образовен додаток кој се исплаќа за деца од семејства корисници на ГМП и други семејства во ризик кои редовно посетуваат настава, продолжува да се користи и исплаќа без оглед на прекинот на наставата, како дополнителна поддршка на децата од најранливите семејства.

Шкријељ најави дека системот на социјална заштита ќе продолжи да се прилагодува за доброто на сите граѓани, пред се за најранливите, стои во соопштението од Влада на РМ.

Засадени 15 дрвца во чест на работниците кои минатата година загинале на работните места

15 садници за петнаесет загинати работници минатата година на своето работно место, вака Македонското здружение за заштита при работа го одбележа Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

Од здружението обвинуваат државата не води статистика, судските постпаки за овие случаи се влечат со години, работодавачите не доволно се казнуваат.

„Оваа година броиме дека најмногу има загинато во градежниот сектор, но трендот на гинење на работни места се уште го држи земјоделството. Или поточно местата каде самите работници имаат најмалку пристап до создавањето на таа превентивна култура, во смисла на обуки, во смисла на лични заштитни средства, во смисла на побезбедни алатки уреди со кој работат.“- -изјави Милан Петковски – Македонско здружени за заштита при работа.

Според статистиката која ја води здруженитето иако е значително намален бројот на несреќи кои имаат фатален крај на работното место, бројот на повредени работници е висок, според нив доколку законот не е само на хартија, и овие повреди може значително да се намалат. Велат клучот лежи во казнивоста на работотдавачите кои мора да разберат дека луѓето не се само бројка.

„Доколку видиме лична одговорност кон еден кој не го почитува законот, кој што ќе биде казнет за пример на сите останати тогаш ќе дојдеме до ситуација дека свеста кај сите останати кои се обидуваат да делуваат како да ќе поминат без последица тогаш мислам дека ќе се промени. Вториот начин е кога веќе имаме несреќа на работните места задолжително мора да дојдеме во ситуација да ги разбереме механизмите кои довеле до повреда. Не може вака да поминуваат несреќи, по несреќи, по несреќи за на крајот тоа да биде само пуста статистичка бројка.“- -изјави Милан Петковски – Македонско здружени за заштита при работа.

Мината година повеќе од 2илјади работници се здобиле со сериозни повреди на своите работни места. Пред неколку дена по повод меѓународниот ден, надлежните институции во земјава посочија дека голем дел од несреќите при работа се последица на недоволното и несоодветно превземање на превентивни и заштитни мерки неопходни за заштита на здравјето и животот на рабтониците.

Поради исклучително високи температури на Филипини учениците ќе одат на онлајн настава

Властите на Филипини денеска објавија прекин на физичко присуство на настава во сите државни училишта на два дена, по рекордно високите температури за овој дел од годината во главниот град Манила. 

Голем број училишта на Филипините немаат климатизација.

Бран исклучително топло време го погоди регионот во текот на изминатата недела со темтератури над 45 степени Целзиусови, па поради тоа властите беа принудени илјадници училишта да им соопштат на учениците да останат дома.

„Со оглед на најновата прогноза за температурите... и најавата за национален штрајк во транспортот, сите државни училишта низ целата земја ќе спроведат асинхрони часови/учење на далечина на 29 и 30 април 2024 година“, соопштија властите на Фејсбук.

Одделот за образование надгледува повеќе од 47.000 училишта низ целата земја на архипелагот.

Во Тајланд, каде што најмалку 30 луѓе починаа од топлотен удар досега оваа година, метеоролошкиот оддел предупреди на „тешки услови“ откако температурите во една северна провинција во саботата надминаа 44,1 Целзиусови степени.

И во Камбоџа, Мјанмар, Виетнам, Индија и Бангладеш, синоптичарите предупредија дека температурите би можеле да надминат 40 Целзиусови во наредните денови.

Глобалните температури достигнаа рекордно ниво лани, а ОН во вторникот соопштија дека Азија се загрева со особено брзо темпо.

притисни ентер