Беше американски одговор на VW Буба, а сега го реинкарнираа Французите (ВИДЕО)

Corvair беше и останува единствениот американски мотор со воздушно ладење поставен назад, а сега се врати.

Оригиналот е продаден во 1960-тите години, а со шестцилиндрите со воздушно ладење во задниот дел, се смета за еден од најоригиналните американски автомобили.

Беше прикажан на SEMA како еден вид одговор на поплавата од ретро модели и рестомоди. Интересно е што доаѓа од Европа. Автомобилот е направен од француската компанија NewRide уште во 2020 година, но поради пандемијата и откажувањето на саемот, дури сега се појави во јавноста.

Основата е уште еден Chevrolet, моделот Camaro од 2018 година, така што овој вид наследник сега има класичен распоред со заден бункер и мотор поставен напред. Станува збор за 6.2 V8 мотор, што на автомобилот ќе му овозможи соодветна звучна сцена, но секако и задоволителни перформанси.

Она што изненадува е што повеќето делови се нови, па ова е навистина уникатен автомобил со бројни детали позајмени од други автомобили. Основата е Camaro, фаровите се од Dodge's Challenger, а ретровизорите се од VW Polo. Задните светла се од Ferrari 812 Superfast, но вешто интегрирани во ретро стилот на автомобилот.

Најдоброто нешто од сè е како компанијата го објави почетокот на малото производство во Калифорнија. Покрај купето, во изборот ќе има и кабриолет и караван. Цената не е позната, но сигурно нема да биде мала.

Анкета: Нова демократија со двојно поголема предност пред СИРИЗА

Нова демократија со двојно поголема предност пред СИРИЗА во пресрет на европските избори.

Речиси 16 отсто е разликата меѓу владејачката Нова демократија и опозициската СИРИЗА, во пресрет на европските избори во Грција на 9 јуни, според резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Opinion poll“, спроведено за грчката телевизија „Action24“, јави дописничката на МИА од Атина.

Нова демократија е стабилна на првата позиција со 29,1 отсто, СИРИЗА е втора со 13,5 проценти, на третото место е ПАСОК со 10,6 отсто, а десничарската националистичка партија Грчко решение е четврта политичка сила во земјата со 8,7 проценти.

Во однос на тоа колкав е интересот на граѓаните за европските избори 65,1 отсто од анкетираните вели „многу“ или „доста“, додека пак на прашањето колку е веројатно да не излезат на гласање, 77 проценти одговориле „малку“ или „воопшто“.

На европските избори во 2019 година, Нова демократија победи со 33 отсто, СИРИЗА беше втора со 23,7 проценти, а ПАСОК освои 7,7 отсто.

Истражувањето на јавното мислење на „Opinion poll“, за грчката телевизија „Action24“ било спроведено од 15 до 18 мај со анкетирани 1.006 лица.

Во Иран покрената истрага за падот на хеликоптерот на претседателот Раиси

Началникот на Генералштабот на иранската армија, генерал-мајор Мохамад Багери, назначи делегација за истрага на случајот со хеликоптерската несреќа во која беше иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Истрагата која веќе започна на местото на инцидентот ја води генералот Али Абдолах, а резултатите ќе бидат објавени по нејзино завршување, пренесува ИРНА.

Како што беше претходно објавено, се верува дека причина за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Раиси е технички дефект на леталото.

„Раиси маченички настрада во неделата како последица на хеликоптерска несреќа што се случи поради технички дефект на авионот“, објави иранската државна новинска агенција ИРНА, не прецизирајќи каква е природата на дефектот на хеликоптерот.

Погребните обреди за иранскиот претседател, министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и другите кои загинаа во хеликоптерската несреќа ќе се одржат денеска во Табриз, главниот град на Источен Азербејџан, во 9:30 часот по локално време.

Телото на Раиси подоцна ќе биде пренесено во Техеран, пред да биде погребано на 23 мај во неговиот роден град Машхад, во североисточниот дел на Иран.

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, при што загинаа уште шест лица.

Израелската армија тврди дека убила командант на Хезболах

Израелската армија соопшти дека убила командант на Хезболах во воздушен напад во либанскиот регион Тир.

Во соопштението на израелската војска објавено на Х се наведува дека Касим Саклави е „командант на единиците за ракети и проектили во крајбрежната дивизија“ на групата.

Исто така, се тврди дека е одговорен за планирање и извршување на ракетни и противтенковски напади врз Израел од крајбрежната област на Либан.

Хезболах ја објави неговата смрт по нападот без да ја спомене неговата локација.

притисни ентер