Борисов: По 500 евра за секое медицинско лице кое се бори со коронавирусот (ВИДЕО)

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов на прес конференција најави дека секое медицинско лице кое се бори со коронавирусот ќе добива месечно плус 1000 лева (500 евра).

Бојко Борисов по вонредната средба со претседателот Румен Радев и шефот на Националниот оперативен штаб, генерал-мајор Венцислав Мутафчијски рече дека мора да се заштити медицинскиот персонал. .

- Најитно е да можеме да ги заштитиме лекарите, медицинските сестри, лаборантите, болничарите. Разговаравме и денеска или утре ќе доделиме по 1.000 лева по медицинско лице“, објави Борисов .

Со такси лани превезени 14 341 000 патници

Минатата година со такси превезени се 14 341 000 патници, од кои

12 749 000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот 1 592 000 патници, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Со 1 556 патнички автомобили опфатени во истражувањето се изминати вкупно 55 793 000 километри, од кои 47 487 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 8 306 000 километри.

Податоците за такси-превозот се добиени од 227 извештајни единици.

ДЗС споделува податоци и за потрошувачката на гориво: 184 тони бензин, 2 752 тони дизел и на 2 239 тони автогас.

Атентарот испукал неколку куршуми во словачкиот премиер Фицо (ВИДЕО)

Полицијата веднаш го уапсила осомничениот за атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо.

Тој со неколку истрели е ранет во стомакот и градниот кош и моментално е во критична состојба.

На социјалните мрежи почна да кружи видео на кое се гледа како полицајците го соборуваат осомничениот на земја и го апсат.

Не е познат идентитетот на напаѓачот, но медиумите јавуваат дека се работи за постар маж.

Веднаш е евакуирана зградата на Центарот за култура пред која беше ранет Фицо.

Словачката влада со прво соопштение за состојбата на премиерот Фицо по атентатот

По атентатот на словачкиот премиер Роберт Фиц, Владата на таа земја излезе со прво соопштение.

Во соопштението се наведува дека животот на Фицо е во опасност.

Претходно словачките медиуми објавија дека неговиот живот не е во опасност.

Тој е пренесен во болница со хеликоптер и се уште не е официјално соопштено каде е ранет.

Претседателот на Словачка ќе одржи вонредна прес-конференција во 16 часот и 45 минути.

притисни ентер