Црвена Звезда убедлива на гостувањето кај шампионот Цибона

Кошаркарите на Црвена Звезда постигнаа убедлива победа на гостувањето во Загреб против шампионот Цибона во рамките на 2.коло од АБА лигата. Тимот од Белград синоќа славеше триумф со 88:64.

Прва победа во новото првенство постигна и МЗТ Скопје совладувајќи го Задар со 72:58, а Унион Олимпија беше поуспешна од Цедевита со 77:67.

По две победи по некомплетното второ коло имаат Црвена Звезда и Унион Олимпија.

Другите натпревари од второто коло се играат денеска: Шолнок - Металац, Игокеа - Будуќност, Левски - Мега Визура и Партизан - Крка.

„Мува“ е прекарот на нарко босот, поради кого е нападнат полициски конвој во Франција (ВИДЕО)

Затвореникот Мохамед А., познат како „Мува“, наводно побегнал откако вооружена група нападнала полициски конвој во Франција.

Во нападот загинаа најмалку двајца затворски чувари.

Мохамед (30) бил осуден за тешка кражба, а претходно бил обвинет и за обид за убиство, јавуваат француските медиуми.

Полициски извори наведуваат дека тој бил шеф на наркомафија.

Според првите информации, „Мува“ избегала со четворица напаѓачи со „ауди“ кое полицијата го пронашла запалено на неколку километри подалеку.

Нападот се случил додека „Мува“ во конвој бил вратен во затвор од Обвинителството каде бил на распит.

Најмалку осуммина загинати и 45 повредени во автобуска несреќа во Флорида (ВИДЕО)

Најмалку осум лица загинаа, а 45 се повредени во сообраќајна несреќа на Флорида во која учествувал автобус.

Несреќата се случила во округот Мерион во 6:30 часот по локално време, објави Њујорк Пост.

Портпаролот на полицијата соопштила дека во моментот на несреќата во автобусот имало мигранти кои работеле на фарма со лубеници.

Двојно убиство во Стајковци: 67 - годишен маж си ги убил братот и снаата

Попладнево во пукање во скопско Стајковци убиени се две лица.

Неофицијално, повозрасен маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел. Во моментов е хоспитализиран во болницата „Свети Наум Охридски“, потврдуваат за Канал 5 од СВР Скопје.

Денеска (14.05.2024) во 12.30 во СВР Скопје било пријавено дека во с.Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот со повреди на главата биле пронајдени С.К.(57) и нејзиниот сопруг В.К.(64). Лекар од Итна медицинска помош на местото констатирал смрт кај С.К., додека В.К. со повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што во 14.00 часот починал. Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје со убодни рани го пронашле и Љ.К.(67), брат на В.К., кој имал здравствени проблеми и за кој постои сомнение дека е сторител на убиството. Тој, исто така, е пренесен во медицинска установа за укажување помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.

притисни ентер