Даде: За разлика од Рама, Заев потврди дека е премиер одговорен пред својот народ

Премиерот Зоран Заев покажа одговорност пред својот народот.

Универзитетската професорка и поранешна шефица на албанската дипломатија, социјалистката Арта Даде, смета дека за разлика од претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама, „премиерот Зоран Заев покажа дека е премиер одговорен пред сопствениот народ".

Таа смета дека Рама целосно потфрлил со неговата Влада, која ја следат скандали и оти тој веќе не може да ја води земјата.

– Премиерот Зоран Заев покажа одговорност пред својот народот. Заев седна со Ципрас да го реши проблемот со името. Велам дека Рама не успеа и не може повеќе да ја води оваа земја затоа што го следат скандал по скандал. Треба да се направи повеќе за изборните реформи, бидејќи изборите за ОДИХР исто така беа далеку од демократски. Треба да се разгледа и прашањето за промена на системот, бидејќи овој систем е деградиран , рече Даде, гостувајќи во емисија на тиранската телевизија „Њуз 24".

Нејзин став е дека Албанија не ги извршила своите домашни задачи за влез во Европската унија и оти вината не треба да се префрлува врз францускиот претседател Емануел Макрон.

– Не верувам дека е време да покажуваме со прст кон Франција, всушност имаше и други политичари и земји што ја блокираа Албанија, како Холандија и Данска, но и други држави, кога се разговараше да и се даде шанса на Северна Македонија, а Албанија да повторува. Се согласувам дека ЕУ има свои проблеми, но и во претходните години имаше проблеми, но Србија отвори преговори, Хрватска итн., рече Даде.

Посочувајќи неколку области каде, според неа, Владата на нејзиниот сопартиец Рама целосно потфрлила, таа посебно ја нагласи корупцијата.

– Дали борбата против корупцијата функционира или корупцијата дојде на сите нивоа? Да ве потсетам на големата афера за корупција, за која немаме одговорност, дека 1 километар пат чинеше 20 милиони евра. Постои пад на сите нивоа, има пад на бизнисот, на странски инвестиции, нагласи Даде. /МИА

ПСЖ ќе му понуди нов договор на Донарума

Пари Сен-Жермен има намера да го продолжи договорот со голманот Џанлуиџи Донарума, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.

Според изворот, парижаните ќе преговараат со 25-годишниот Италијанец по завршувањето на сезоната 2023/24. Управата на клубот сака да го направи голманот капитен на тимот.

Донарума игра за ПСЖ од јули 2021 година. Во сезоната 2023/24 Донарума учествуваше на 40 натпревари во сите натпреварувања, прими 36 гола и ја зачува мрежата чиста 16 пати.

Актуелниот договор на голманот со францускиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година.

Скај Њуз: Кина го хакирала платниот систем на британското Министерство за одбрана

Британскиот портал Скај њуз денеска објави дека кинеската влада извршила неколку кибер напади врз платниот систем на британското Министерство за одбрана, кој содржи приватни информации за воениот персонал.

Членовите на Долниот дом на британскиот Парламент денеска ќе бидат информирани за овој инцидент.

Пратеникот на Конзервативната партија Тобијас Елвуд изјави дека Кина „најверојатно бара финансиски слабости“ кај воениот персонал за да натера некои припадници да соработуваат со Кина во замена за пари.

„На потешкиот начин учиме како уметноста на војување брзо се менува со напредокот на технологијата. Одбраната на дигиталниот терен сега е исто толку важна како и одбраната на физичкиот. Доколку овој вид на кибер напад се случува во Велика Британија, можеме да претпоставиме дека ќе бидат нападнати и други земји-членки на НАТО“, рече Елвуд.

Истрагата на Министерството за одбрана досега не покажала дека се украдени некои податоци.

Катовице: Во салата каде попладнево ќе заседава полската влада пронајден апарат за прислушување

Во салата во седиштето на Шлезискиот регион во Катовице, пред попладневната седница на чешката влада, откриен е и демонтиран апарат за прислушување, соопшти портпаролот на министерот координатор на полските безбедносни служби, Јацек Добжињски.

Службата за државна безбедност и Агенцијата за внатрешна безбедност ја демонтирале направата и покрената е истрага за тоа кој ја поставил.

Полската влада попладнево ќе одржи вонредна седница во Катовице бидејќи премиерот Доналд Туск и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се главни гости на меѓународниот економски форум во тој град на југот на Полска.

Владата нема „чувствителни“ теми на дневниот ред на денешната седница, најавено е дека ќе одлучува за помош на граѓаните за плаќање на енергетски производи и предлогот за Законот за дигитални комуникации со кој во полските закони се воведува кодот на Европската унија во таа област.

притисни ентер