Деновиве ќе експлодира најмоќниот вулкан на месечината на Јупитер (ФОТО)

На месечината на Јупитер , Ио, се очекува деновиве да експлодира огромен вулкан.

Обично е тешко да се предвидуваат вулкани , а уште потешко на природен сателит на друга планета, но научниците сметаат дека вулканот Локи е толку светол , што се чека секој момент за да еруптира.

„Периодично, на околу стотина дена, вулканот е неактивен и мрачен, а потоа се раѓа и светнува од 15 до 20 пати посилно во наредните неколку стотина дена “, рече планетарниот научник Џули Ратбун од Институтот за планетарни науки во Аризона.

На 17 септември, Ратбун ги претстави своите последни забелешки за Локи на состанокот на Европскиот Конгрес за планетарни науки (ЕПСЦ) и Одделот за планетарни науки во Женева и најави дека вулканот ќе еруптира деновиве.

Поточно, научникот ја следи сјајноста на Локи секоја недела преку инфрацрвен телескоп на НАСА на Хаваи, и точно ја предвиде неговата претходна ерупција во мај 2018 година. Таа истакна дека во 90-тите години, вулканот избувнувал приближно на секои 540 дена, но сега интервалите се скратени и ерупцијата се јавува на секои 475 дена.

„Обично е многу тешко да се предвидат вулкански ерупции затоа што многу геолошки сили влијаат на овој настан. Но, Локи се чини дека е толку голем што некои геолошки нарушувања немаат толку значајно влијание врз него“, рече Ратбун.

Локи е навистина огромен вулкан. Кога е активен, обезбедува 15 проценти од вкупниот проток на топлина на Ио, иако оваа месечина на Јупитер е прекриена со околу 400 вулкани.

„Не може да се спореди со ништо на Земјата. Да беше на нашата планета, ќе заземеше простор како целата јужна Калифорнија“, рече планетарниот научник.

Но, постојаните периоди на ерупциите на Локи не се единствената вулканска мистерија на оваа месечина на Јупитер. Исто така, не е јасно за астрофизичарите зошто Локи е најактивниот вулкан во Сончевиот систем.

Минесота го исфрли Феникс од НБА плеј-офот

Минесота рано утрово го совлада Феникс со 122:116 на гостински терен во четвртиот натпревар од серијата од првото коло на плејофот во НБА.

Тимбервулвс со максимални 4:0 ги совладаа Санс и обезбедија пласман во четвртфиналето во разигрувањето за шампионскиот трофеј.

Најефикасен играч на средбата беше Девин Букер со 49 поени, но и тоа не беше доволно домаќините да го избегнат поразот.

Следен противник на Минесота ќе биде победникот од мечот Денвер нагетс – Лос Анџелес лејкерс (резултатот во серијата е 3-1 во корист на Нагетс). /МИА

Јанкоски од Народната банка: Работиме на нова регулатива за јакнење на киберотпорноста

Народната банка постојано работи на унапредување на регулативата за осигурување на дигиталната отпорност во финансискиот сектор. 

Започнати се активности за усогласување на домашната регулатива со европскиот Закон за дигиталната оперативна отпорност (англ. Digital Operational Resilience Act − DORA), со што ќе се воспостават унифицирани стандарди за заштита, пријавување и справување со сигурносните инциденти, обезбедување непрекинатост во работењето, поголема контрола на надворешните лица кои обезбедуваат важни оперативни функции и засилена комуникација и координација на сите институции во финансискиот сектор на нашата држава, пишува Горан Јанкоски, главниот супервизор за информациските системи на Народната банка во колумна за билтенот на Македонската банкарска асоцијација.

Јанкоски наведува дека дигиталната отпорност се дефинира како способност за заштита, справување и брзо обновување на деловните процеси на финансиската институција од настани коишто може да предизвикаат нивен прекин. „Законот треба да обезбеди поддршка на процесот на дигитална трансформација, правилна примена на новата технологија и поттикнување на иновативноста во новото време на дигитални финансии. Народната банка во моментов подготвува нова Одлука за Методологија за сигурноста на информативниот систем, усогласена со насоките на Европскиот банкарски орган (ЕБА) за управување со ризиците поврзани со сигурноста. Оваа одлука би била вовед во активностите за подготовка и воведување нов закон за унапредување на дигиталната оперативна отпорност во финансискиот сектор, усогласен со ДОРА“, посочува Јанкоски.

Клучните области коишто се опфатени со Законот за дигиталната оперативна отпорност се управувањето со ИТ-ризикот, управувањето со ризикот од пренесување на извршувањето оперативни функции или услуги од надворешни лица и нивен надзор, тестирањето на дигиталната отпорност, управувањето со ИТ-инциденти, споделувањето (размена) информации итн. „Законот создава регулативна рамка и воведува стандардизирани и хармонизирани принципи за заштита од заканите од дигиталниот простор, коишто треба да бидат исполнети од институциите во финансискиот сектор со примена на потребните контроли за заштита, соодветно управување со сигурносните инциденти и нивно пријавување до надлежните тела во земјата и ЕУ. Како новитет се воведува барањето за спроведување тестирање на дигиталната отпорност, во согласност со кое финансиските институции треба да спроведуваат редовни тестирања на своите ИТ-системи и услуги, за што треба да се известат и регулаторните органи. Исто така, со Законот се воспоставува рамка за соработка и комуникација помеѓу институциите во секторот, домашните и меѓународни надлежни тела и други учесници со цел да се унапреди оперативната отпорност“, пишува Јанкоски.

Поради засиленото присуство на банките на современите канали, дигитализацијата на банкарските производи и услуги и постојаниот пораст на ризиците поврзани со заканите во дигиталниот простор почнувајќи од 2003 година, Народната банка активно работеше на дефинирање на потребната регулатива во подрачјето, којашто постојано се надградува во согласност со најдобрите стандарди и практики на ЕУ.

На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација

На преговорите во Каиро заедно со делегацијата на Хамас „за да се забрза процесот“ била поканета и израелска делегација, пренесува Тајмс оф Израел. 

Претходно вчера, висок функционер на Хамас потврди дека делегација на Хамас денеска ќе го посети Каиро за да преговара за прекин на огнот во Газа.

Тој, исто така, истакна дека немаат „поголеми проблеми“ со најновиот предлог на Израел и Египет за прекин на огнот во Газа. /МИА

притисни ентер