Директор во СЗО предупредува дека гојазните деца можеби ќе живеат пократок живот

Извршниот директор на Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) Роб Батлер денеска во Загреб предупреди дека последиците од дебелината кај децата значително ќе влијаат на квалитетот и должината на животот на идните генерации.

- Ако не дејствуваме сега, последиците во иднина ќе бидат големи и ќе влијаат на нашите економии, здравствени системи и на квалитетот и должината на животот на нашите деца и внуци, рече тој на прес-конференција по завршувањето на самитот посветен на превенција на дебелината кај децата организиран од Канцеларијата на хрватскиот претседател и Европската канцеларија на СЗО.

Се проценува дека за само 12 години, 28 милиони деца во 53 земји од европскиот регион ќе живеат со гојазност, а оваа епидемија, која може да се спречи, ќе го чини европското општество 800 милиони американски долари до 2035 година.

„Политико“: Украина и Молдавија најверојатно во јуни ќе ги почнат преговорите за членство во ЕУ

Целта на Европска Унија е да ги почне официјалните преговори за членство со Украина и Молдавија на Самитот на Европски совет што се одржува на 25 јуни, објави „Политико“ повикувајќи се на неименувани дипломати.

Преговорите со Украина и Молдавија беа најавени во декември, но правниот чекор за отпочнување на истите беше пролонгиран повеќе месеци поради стравувањето дека Унгарија би можела да се спротивстави, како и проширување на ЕУ да не биде главна тема на претстојните избори за Европски парламент.

Официјалното зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ би било голем поттик за Украина, која е во третата година од војната.

- на Киев со Европа беше изговор за рускиот претседател Владимир Путин да се обиде да ја врати Украина во руската орбита, па патот на земјата кон членството во ЕУ изгледа како поетска правда, наведува „Политико“.

Главната пречка на патот на евроинтеграциите на Киев и натаму е Унгарија, која е против членството на Украина во ЕУ. /МИА

ОПАСНО: Дали почнува идентитетски геноцид на Македонците?

Во своја колумна објавена во грчки Катимерини, екс министерот на Хеленската Република, Никос Коѕијас го нарекува нашиот народ Славо-Македонски што е оксиморон, затоа што тој е потписник на тоа дека сме ние - Македонци. Но тоа не е се...

Дополнително, човекот кој заедно со Никола Димитров удрија историски потпис ( читај печат ) на нашата 30 годишна борба за нашето уставно име, прави уште една интелектуална тортура над нешто што е свето и е изгласано во далечната 1977 во Атина а признаено и прифатено од ОН како и од самите Хелени - македонскиот јазик!

Негирање на елементарни атрибути на еден народ, како што е јазикот е акт кој нашата земја треба да го препознае и за истиот соодветно и недвосмислено да реагира како кај нашиот јужен сосед така и кај ЕУ и кај целата меѓународна заедница...затоа што, ако овој Хеленски тренд продолжи, можно е да бидеме жртви на идентитески геноцид.

Ниту македонскиот ниту хеленскиот народ немаат потреба а уште помалку желба , артифицијалната хистерија кај двете земји да ги наруши едвам стоплените односи помеѓу Македонците и Хелените.

„Отровните стрелички“ од официјална и екс официјална Атина, мора да завршат во некаков сунѓер во официјално Скопје. Бекхенд на „отровните стрелички“ назад кон Акропол ќе не внесе во волшебен и злобен круг, од кој тешко се излегува.

На првата дама на Сирија, Асма ал Асад и е дијагностицирана леукемија

На првата дама на Сирија, Асма ал Асад, и е дијагностицирана леукемија, соопшти денеска кабинетот на сирискиот претседател. Дијагнозата доаѓа речиси пет години откако таа пријавила целосно закрепнување од рак на дојка.

Во соопштението се вели дека Асма (48) е подложена на специјална процедура за третман што бара таа да остане во изолација, поради што нејзините јавни ангажмани ќе сe откажани.

Во август 2019 година, Асма ал-Асад објави дека целосно закрепнала од рак на дојка, кој и бил дијагностициран претходно./МИА

притисни ентер