Дневен хороскоп за 1. мај 2024 година

Дневен хороскоп за среда, 1. мај 2024 година.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ви претстои добра забава со пријателите и саканата личност , низ содржини што имаат нешто мистично во себе.

Кариера

Уметниците меѓу вас денеска ќе зрачат многу повеќе од вообичаено , а другите ќе ги имитираат и ќе ги следат.

Здравје и совет

Бидете уште поотворени.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Наеднаш би можело да ви падне на памет необична идеја со која ќе си го збогатите својот и сексуалниот живот на партнерот. Овој пат сте во право.

Кариера

Вашата интуација денеска ќе ви даде одговори на многу прашања. Само добро слушајте и се ќе ви биде јасно.

Здравје и совет

Престанете да анализирате.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Би можеле да наидете на личност со која работите и која би можела да ве наведе на емотивни изливи. Размислувате за оваа личност.

Кариера

Додека полека минува работното време, вие се повеќе ќе размислувате за пари и како да ги заработите на страна. Замислувате необични начини.

Здравје и совет

Останете во реалноста и помалку фантазирајте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Плима од емоции ќе ве наведе да посакате што повеќе време да минете со саканата личност. Ќе се потрудите околу тоа.

Кариера

Работната недела покажа дека успеавте да покажете што знаете за својата професија. Тоа ви носи задоволство.

Здравје и совет

На некој начин денеска ќе блескате.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашиот љубовен живот квалитетнио се одвива, а вашата самодоверба расте од ден за ден. Самците ќе бидат успешни во додворувањето.

Кариера

Ќе им се препуштите на чувствата и на приватниот живот и ќе заборавите на работните обврски. Занете дека сте силни и џдека напредувате.

Здравје и совет

Одете во природа.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можете да очекувате ден исполнет со задоволства , што ќе доаѓаат поради низата идеи , што ќе ги следите со саканата личност.

Кариера

Ќе верувате во својата храброст и високиот морал , така што лесно ќе ги решите малите деловни грижи , за кои само вие знаете.

Здравје и совет

Подобро е да верувате , отколку да се сомневате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Можеби ќе се изненадите кога саканата личност ќе ве повика да излезете на едно сосема невообичаено место.

Кариера

Кога денеска накусо ќе помислите за она што ве очекува , ќе бидете безгрижни. На некои би можело да им се јави шефот за дополнителни задолженија.

Здравје и совет

Уживајте во животот.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Внимание и нежност ќе ви бидат главни преокупации , кога станува збор за љубовниот живот. Ќе знаете како на другите да им се вовлечете под кожа.

Кариера

Сите оние чија работа е поврзана со уметност , денеска ќе имаат инспирација за вистински мали ремек дела.

Здравје и совет

Следете ја интуицијата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Емоции , убавина, хедонизам и страст денеска ќе се спојат во складна целина на взаемно задоволство.

Кариера

Дури и оние кои вредно работат, денеска ќе одмораат , зашто нивните желби ќе бидат насочени кон уживање.

Здравје и совет

Не претерувајте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Зближувањето и топењето на разликите меѓу вас и другата страна денеска ќе оди преку еротика и секс. Ќе чувствувате олеснување.

Кариера

Ве очекува средба со многу дарежлив спонзор и инвеститор кој е сериозен. Некој ќе ви се јави за да се подготвите за тоа.

Здравје и совет

Соработувајте со другите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Сите карти ќе бидат во рацете на вашата најдрага личност , која ќе биде многу расположена за нежности. Не прашувајте зошто.

Кариера

Во мислите ќе ги анализирате вестите поврзани за работата и ќе ви се чини дека сосема добро се снаоѓате.

Здравје и совет

Немојте да се прејадете.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Се повеќе ситуации се вртат во ваша корист , а вие станувате почувствителни . Другата страна ќе знае тоа да го цени.

Кариера

Денеска ќе настојувате што повеќе да ги истакнете своите заслуги во работата.

Здравје и совет

Обновете си го хобито.

Албанската полиција почна контрола на целата територија и границата со беспилотни летала

 На албанската полиција и Национален инспекторат за контрола на заштита на територија (ИКМТ) на располагање им се дадени  беспилотни летала за контрола во реално време на целата територија и државната граница од воздух.

-Со овие летала почнавме да ја контолираме територијата на државата во правец на сузбивање на одгледување наркотични растенија, еколошки пустошења на шуми, реки, против дивоградби, за борба против нелегално преминување на границата, идентификација на пловни објекти на море, контрола и следење на сообраќајни или патни инциденти и од воздух, како и следење на возилата на луѓето во случај на криминални настани, изјави Таулант Бала, министер за внатрешни работи при прстојот во воената база Кучово, каде се лоцирани беспилотните летала.

Според него новиот капацитет на воздухопловните сили, како што е договорено, ќе го користат и други агенции за спроведување на законот, освен Државната полиција или ИКМТ, кои поднеле конкретни барања за нивно користење до Генералштабот на ФА.

-Преку овој дрон многу добро можеме да ја замениме контролата од воздух што некогаш се вршеше со хеликоптер. Постапката за пуштање во употреба на беспилотните летала е многу побрза отколку за хеликоптерите. Овие битки се добиваат кога ќе заштедите време, нагласи министерот.

Зборувајќи за други можности за користење за граѓански цели, Бала подвлече дека „во моментов наша цел е туристичката сезона. Треба да ги контролираме по целото крајбрежје сите појави, наноси на отпад и секој друг проблем, бидејќи не се само дивоградби, туку и еколошки криминали, штети на шумите итн“. /МИА

„Политико“: Украина и Молдавија најверојатно во јуни ќе ги почнат преговорите за членство во ЕУ

Целта на Европска Унија е да ги почне официјалните преговори за членство со Украина и Молдавија на Самитот на Европски совет што се одржува на 25 јуни, објави „Политико“ повикувајќи се на неименувани дипломати.

Преговорите со Украина и Молдавија беа најавени во декември, но правниот чекор за отпочнување на истите беше пролонгиран повеќе месеци поради стравувањето дека Унгарија би можела да се спротивстави, како и проширување на ЕУ да не биде главна тема на претстојните избори за Европски парламент.

Официјалното зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ би било голем поттик за Украина, која е во третата година од војната.

- на Киев со Европа беше изговор за рускиот претседател Владимир Путин да се обиде да ја врати Украина во руската орбита, па патот на земјата кон членството во ЕУ изгледа како поетска правда, наведува „Политико“.

Главната пречка на патот на евроинтеграциите на Киев и натаму е Унгарија, која е против членството на Украина во ЕУ. /МИА

ОПАСНО: Дали почнува идентитетски геноцид на Македонците?

Во своја колумна објавена во грчки Катимерини, екс министерот на Хеленската Република, Никос Коѕијас го нарекува нашиот народ Славо-Македонски што е оксиморон, затоа што тој е потписник на тоа дека сме ние - Македонци. Но тоа не е се...

Дополнително, човекот кој заедно со Никола Димитров удрија историски потпис ( читај печат ) на нашата 30 годишна борба за нашето уставно име, прави уште една интелектуална тортура над нешто што е свето и е изгласано во далечната 1977 во Атина а признаено и прифатено од ОН како и од самите Хелени - македонскиот јазик!

Негирање на елементарни атрибути на еден народ, како што е јазикот е акт кој нашата земја треба да го препознае и за истиот соодветно и недвосмислено да реагира како кај нашиот јужен сосед така и кај ЕУ и кај целата меѓународна заедница...затоа што, ако овој Хеленски тренд продолжи, можно е да бидеме жртви на идентитески геноцид.

Ниту македонскиот ниту хеленскиот народ немаат потреба а уште помалку желба , артифицијалната хистерија кај двете земји да ги наруши едвам стоплените односи помеѓу Македонците и Хелените.

„Отровните стрелички“ од официјална и екс официјална Атина, мора да завршат во некаков сунѓер во официјално Скопје. Бекхенд на „отровните стрелички“ назад кон Акропол ќе не внесе во волшебен и злобен круг, од кој тешко се излегува.

притисни ентер