Драган Данев: Состојбите во основното образование се загрижувачки

На денешната прес конференција, Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ сака да изрази низа на забелешки на односот и последиците од владеењето на Владата предводена од СДСМ кон образованието. 

За потсетување ова е трета година од владеењето на СДСМ и во моментов сме на помалку од шест месеци до предвремени парламентарни избори.

Состојбите во основното образование се загрижувачки.

Учениците втор месец немаат учебници. Квалитетот на наставата е толку низок што за 18 години од денес во Македонија ќе имаме најслаб човечки потенцијал. Ваквото тврдење е според истражување на Светска банка.

Наставниците во основното образование се изневерени. Минималната плата достигнува 21.311 денари, а согласно колективниот договор за основно образование и најавеното покачување на минималната плата од 14.500 денари, таа треба да биде 33.234 денари, за наставник приправник, односно 36.293 денари за наставник. Во делот на платите, СДСМ вети дека во првите две години наставниците ќе имаат минимална плата еднаква на просечната плата во државата односно 25.127 денари.

Покрај финансискиот дел, Владата предводена од СДСМ не обезбедува професионално усовршување и развој на наставниците, ниту пак се осовременуваат наставните програми.

Во делот на инфраструктурните предуслови треба да се напомене дека со секој Ребаланс на буџетот се кратат огромни средства од делот на изградба на нови и реконструкција на основни училишта и спортски сали.

Новиот закон за основно образование се уште не е имплементиран.

Во средното образование имаме слична состојба, па така, учениците втор месец немаат учебници. Се соочуваме со недоволно развиен систем на професионална ориентација на учениците. Дополнителен проблем за учениците во средното образование е што учат по неусогласена програма со таа од основно образование, односно Кембриџ програмата за предметите по математика, физика и хемија.

Наставниците како и во основното образование и во средното образование немаат усогласени плати согласно потпишаниот колективен договор. Наставниците воопшто не се усовршуваат, а наставните програми не се менуваат. Како и кај основното образование и средното образование е „жртва" при секој Ребаланс на буџетот и од ставките за нови и реконструкција на средни училишта и спортски сали се кратат средства.

За потсетување Владата предводена од СДСМ вети дека ќе го имплементира проектот кој го започна ВМРО – ДПМНЕ за математичка гимназија, а еве уште една учебна година почна без да знаеме до која фаза е стигнат.

СДСМ во предизборниот период најави и надворешна проверка на знаењата на учениците во основно и средно образорание и стимулирање на објективност во оценувањето кое воопшто не е реализирано.

Во делот на високото образование состојбата е алармантна од сите можни аспекти. Студентите заостануваат во знаења и вештини во однос на своите колеги од европските држави, што директно влијае на пронаоѓањето на работни места, но и развој на економијата.

Доказ за неодоговорното однесување кон студентите е тоа што 10 дена не беше извршено сместување во студентските домови, нема студентска картичка или бонови за исхрана итн.

Покрај сето ова треба да се напомене дека износот и категориите на стипендии воопшто не се променети, а за проектот студентски оброк веќе не се ни спомнува. Академскиот кадар останува со ниски примања, а средствата за наука секоја година се се помали во однос на вкупниот буџет.

Во делот на инфраструктурни предуслови треба да се напомене дека е запрена изградбата на зградите на Факултетот за физичка култура и ФИНКИ, 900 легла останаа неискористени поради задоцнети реконструкции, а од предизборното ветување за студентски град со базени, читални и спортски сали нема ни трага ни глас.

Законот за високо образование со кој се подгреваа очекувањата не е имплементиран во целост и се доцни со неговата примена.

Можеме да констатираме дека СДСМ во својата изборна програма вети мерки и проекти кои не може да ги реализира поради незнаење и неспособност да ги води институциите.

Светската банка, но и стопанските комори како носители на економската активност, бараат од Владата најмалку 5% од Буџетот да се одвојуваат за образованието, наспроти моменталните 3,4%.

Средствата од Буџетот предвидени за образование треба да се насочат кон наставни програми со кои учениците и студентите ќе стекнат знаења и вештини еднакви и конкурентни на учениците и студентите од развиените европски држави, нови и реновирани училишни згради, нови и реконструирани студентски домови или пак реализација на ветениот проект за студентски град и мотивиран наставен кадар кој ќе предава по современи наставни програми

Заклучокот е дека образованието во изминатиот три години откако СДСМ е на власт е тотално уништено и маргинализирано, а сето тоа ќе има сериозни последици по иднината на Македонија токму затоа мора на наредните предвремени парламентарни избори да се стави крај на ваквото расипничко, несериозно и неспособно однесување на Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.

Драган Данев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

Дневен хороскоп за 18. мај 2024 година

Дневен хороскоп за сабота, 18. мај 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе се двоумите околу еден приватен однос. ќе ви недостигаат вистински мотиви или самодоверба . Размислете.

Кариера

Ќе се разработи нов канал за заработување пари.Можно е да се работи за нешто хонорарно , но исплатливо.

Здравје и совет

Имате причини и за радост и за тага.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Со партнерот денеска речиси телепатски ќе си разменувате идеи. Ќе биде тоа особено искуство.

Кариера

Че поработите на поврзувањето со деловните партнери од странство. Таквата работа многу ветува.

Здравје и совет

Подобрување.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои се во врска денеска би можеле да доживеат многу убаво и незаборавно еротско искуство. Осамените ќе бидат многу привлечни.

Кариера

Ќе најдете начин да повлечете пари од други луѓе. Формулата на успехот ќе биде во тоа што ќе им се вовлечете под кожа.

Здравје и совет

Денеска имате влијание врз другите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Подготвени сте на компромиси и соработка. Тоа е паметно , а ќе ви донесе и подобрување на личните односи.

Кариера

Не се занесувајте со големи дела , иако сте свесни дека работите посериозно од многумина. Такви се и резултатите, успешни.

Здравје и совет

Продолжете понатаму без нервоза.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска би можеле да се ангажирате околу член на вашето семејство . Ќе мора да му обрнете особено внимание.

Кариера

Ќе решавате за тоа како конечно да завршите еден проект или работа. Ќе бидете подготвени да пресечете и да одите на ново место.

Здравје и совет

Можни се мали проблеми со видот.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

На убав начин ќе ја идеализирате саканата личност. Ќе биде задоволна иако тоа нема да биде многу реално.

Кариера

Ќе барате простор за своите идеи. Некои ќе се потпираат на своето стручно знаење со кое ќе си ги отвораат патиштата.

Здравје и совет

Имате сила за двајца.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некој од вас двајцата ќе се обиде по секоја цена да го наметне своето мислење. Веројатно дека тоа ќе бидете вие.

Кариера

На повидок е судир или недоразбирање со претпоставените. Иако бргу ќе помине , подобро воопшто да не влегувате во расправија.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе тактизирате за да ја придобиете другата страна. Ќе бидете делумно успешни , но не се занесувајте премногу.

Кариера

Освен што ќе бидете на услуга и таму каде што нема да биде неопходно, ќе сметате дека ви припаѓа повеќе отколку што заработувате.

Здравје и совет

Не споредувајте се со другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во комуникацијата со лицата од спротивниот пол , денеска ќе бидете брутално искрени , но тоа ќе ви помогне некого и да придобиете.

Кариера

Ви претстои впечатливо службено патување или состанок на кој нема да се избираат зборови.На многумина им е преку глава.

Здравје и совет

Вие сте добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе ви недостига она зрно на лудост , што го прави волшебен љубовниот однос.Опуштете се и дозволете си мала откаченост.

Кариера

И денеска ќе бидете преокупирани со пари и прашањата на заработувачката. Како да немате мир додека не ја поправите финансиската состојба.

Здравје и совет

Не е се во материјалното.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Сеуште нема цврсто да стоите на земја.Ќе имате успех кај спротивниот пол , но бидете што можете пореални.

Кариера

Ни за што на светот не би пропуштиле добра дискусија . Сепак , овој пат треба да ги одмерувате своите зборови.

Здравје и совет

Бидете јасни и недвосмислени.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Неврзаност, отвореност , потреба за слобода дури и кога може да повредите други- тоа е суштината на вашите односи денеска.

Кариера

Не сте свесни за своите грешки. Потребно е да проверите што сте работеле , како сте ги поставиле работите и каде има пропуст.

Здравје и совет

Бидете објективни.

Побеснет бик фрла жена како да е кукла- ја молеле да не му приоѓа, не ги послушала (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи застрашувачко видео снимено на плажата Ла Фортуна, во близина на мексиканскиот град Сан Лукас.

Туристка се обидела да ги собере работите, кога бик опасно ѝ се приближил. Луѓето се обиделе да ја предупредат, но таа не послушала.

На почетокот, жената во црн фустан ги собира работите од песокот, додека бикот ги мириса. Слушаме како луѓето ја предупредуваат да побегне.

„Премногу си играте со него. Ве молам, немојте да го правите тоа“, рекол еден маж.

Меѓутоа, жената не се откажала и ја ставила раката на главата на животното, како да го турка.

„Ве молам, не го правете тоа“, продолжил да се моли човекот.

Опасното животно молскавично реагирало и ја удрило жената со рогови. Сведоците на инцидентот почнале да врескаат, пренесува Daily Mail.

Туристката успеала да стане, но бикот повторно ја соборил на песокот. Се кренала прашина, а никој не се осмелил да ѝ пријде и да ѝ помогне на несреќната жена.

„Се обидувавме да ви кажеме“, се слушаат извици.

Останува нејасно од каде дошол бикот на плажата и зошто ѝ пришол на жената. Во исто време не се знае нејзиниот идентитет и со какви повреди се здобила или дали е жива.

Аватари на починати за 46.000 евра- дигитална реинкарнација преку вештачка интелигенција

Враќањето на мртвите во живот преку технологија до неодамна беше поврзано само со филмови, но со напредокот на вештачката интелигенција - вакво нешто повеќе не е само прашање на фикција.

Технолошкиот сектор за тага, познат и како „технологија на смртта“, сега се проценува на повеќе од 100 милијарди фунти на глобално ниво, според веб-страницата за технолошки вести TechRound.

- Го клонираме изгледот на една личност до 96,5% сличност со оригиналната личност - вели Мајкл Јунг, финансиски директор на DeepBrain, една од компаниите кои фиктивно ги враќаат луѓето во живот.

Компанијата верува дека овој вид технологија може да биде важен за развојот на културата на „добра смрт“, каде што однапред се подготвуваме за смртта на најблиските, оставајќи ја семејната историја, приказни и спомени како дел од наследството.

Сепак, процесот не е евтин и корисниците не можат сами да креираат аватар. Наместо тоа, тие треба да ѝ платат на фирмата до 50.000 долари. И покрај оваа висока цена, некои инвеститори се уверени дека ќе биде популарна, а DeepBrain собра 44 милиони долари во својот најнов круг на финансирање.

Психологот Лаверн Антробус предупредува дека треба да се биде многу внимателен кога се користат такви „технологии на тага“ во периоди на силни емоции.

- Загубата е нешто што нѐ изненадува. Може да мислите дека сте прилично блиску до тоа да бидете добро, а потоа нешто може да ве врати назад – вели таа, а пренесува Би-би-си.

Антробус додава дека луѓето не треба да брзаат да го користат четботот на изгубената сакана личност.

- Треба да се чувствувате прилично цврсто пред да користите вакво нешто. Сфатете ги работите многу, многу бавно.

Таа исто така, предупредува дека не постои замена за човечката поддршка кога станува збор за надминување на тагата.

- Навистина не можам да замислам дека технологијата ќе ги преземе традиционалните аспекти на жалоста, кои се однесуваат на чувството на блискост со луѓето, чувството на грижа за нив, чувството на благодарност.

притисни ентер