Тимовите за пребарување и помош завршија со работата, се вели во соопштението на Северната флота, на кое му припаѓа носачот ,, Адмирал Кузњецов”, јавуваат новинските агенции.
Две лица загинаа во пожарот на рускиот носач на авиони,што веќе две години е закотвен во пристаништето во Мурманск поради поправка.
Најмалку 10 лица се повредени во пожарот на бродот во ремонт, откако носачот на авиони бил оштетен во октомври 2018 година, кога потонал пловечкиоот док , за кој бил закотвен.
Адмиралот Кузњецов моментно е единствениот активен руски носач на авиони и се користел во воената кампања на Русија во Сирија за поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад.