Двегодишно девојче исчезна во околината на Бор во Србија

Аларм во Србија - повеќе од 18 часа се трага по двегодишното девојче Данка Илиќ, кое исчезнало вчера околу 14 часот во близина на градот Бор во Србија.

Тоа исчезнало додека нејзината мајка му давала вода на другото дете, и веднаш била повикана полиција, по што за првпат во земјата бил активиран системот „Најди ме“ со кој јавноста веднаш се известува за исчезнување на дете.

Потрагата продолжува и денеска, а на терен се полицајци, пожарникари-спасувачи, планинарска спасувачка служба и припадници на жандармеријата. Во потрагата се вклучени и кучиња трагачи, ловџии и бројни граѓани, а се користат и хеликоптери и дронови со камери.

Српските медиуми пренесуваат дека полицијата ги пребарува сите згради, а проверени биле и сите напуштени објекти во приградската населба Бањско Поле во околината на Бор.

Дождот кој врне од вчера во овој дел на Србија дополнително ја отежнува потрагата, во која се вклучени околу 2.000 луѓе, но и ниските температури кои се движат околу шест степени.

Според српскиот национален сервис, девојчето исчезнало на непристапен терен, обраснат со густа шума и потоци.

Двегодишната Данка има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри. Таа сè уште не зборува, а последен пат таа била видена како се упатува кон шумата во близина на селото.

Уапсен е легендарниот француски актер Жерар Депардје

Францускиот актер Жерар Депардје утрово е приведен во полиција, за да биде сослушан во врска со наводите за сексуален напад врз две жени.

Тој е одведен во полициска станица во Париз каде е сослушан. Две жени го обвинија актерот за сексуална злоупотреба.

Едната го обвинува дека непримерно ја допирал во 2014 година на сетот на „Магионичарот и гледачот“, а другата во 2021 година на снимањето на „Зелените очи“ на Жан Бекер.

Депардје ги оспорува фактите за кои е обвинет.

Првата жалителка, филмски декоратор, раскажала сè за настаните што се случиле во септември 2021 година. Во тоа време, Жерар учествувал на снимањето на Les Volets vertes на Жан Бекер.

- Еден ден, додека седел во ходникот, ја фатил оштетената за нозете и ја закачил меѓу своите бутови - рекла таа. Ја допирал по половината, градите и задникот и ѝ ги кажувал следните зборови според нејзината изјава: „Ќе ти го закачам мојот голем чадор во пи**ата“.

Санчез на лето ќе го напушти Интер како слободен играч

Напаѓачот Алексис Санчез ќе го напушти Интер на крајот од актуелната сезона, пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Според Романо, фудбалерот ќе го напушти клубот како слободен играч. Договорот на 35-годишниот Чилеанец истекува на 30 јуни.

Претходно, италијанските медиуми пишуваа дека Интер не е заинтересиран да го продолжи договорот со фудбалерот.

Како дел од клубот од Милано, Санчез двапати ја освои Серија А, го освои Купот на Италија и два пати го освои Суперкупот на земјата.

На лето Интер ќе го напушти и играчот од средниот ред Стефано Сенси. /МИА

Преговорите за глобален договор за подготвеност за пандемија влегуваат во завршна фаза

 Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) од денеска ги вложуваат последните напори да постигнат договор за склучување договор за глобална подготвеност за пандемии, јави ДПА.

Во пресрет на пандемијата на Ковид, 194-те земји-членки на СЗО повикаа на договор за да се осигура дека земјите се подобро подготвени да се справат со следната катастрофа и дека глобалниот одговор не е толку хаотичен.

Страните сакаат планираниот договор да вклучи мрежа за снабдување координирана од СЗО, така што сите земји ќе можат да пристапат до лековите што им се потребни во итен случај без трговски ограничувања.

Слично на тоа, дел од произведените лекови или вакцини ќе им бидат дадени на посиромашните земји бесплатно или по ниска цена. Одредбите ќе важат само за земјите што ќе го ратификуваат договорот. Тој ќе стапи во сила откако 60 земји ќе го ратификуваат документот.

Целта е договорот да биде усвоен на овогодинешното Светско здравствено собрание - тело за одлучување на СЗО. Средбата ќе започне на крајот на мај.

Последната рунда разговори на почетокот на оваа година не успеа, а разговорите кои започнуваат денеска се сметаат за последна шанса да се постигне договор пред крајниот рок во мај.

Во обид да се постигне консензус, преговарачите претставија многу покондензиран нацрт-договор од претходната верзија. Сегашниот се состои од 23 страници, изоставувајќи многу контроверзни одредби.

Едно од контроверзните прашања е дали и на кој начин фармацевтските компании треба да бидат обврзани да споделуваат експертиза и да обезбедат дел од своите производи на посиромашните земји.

Хуманитарната организација „Лекари без граници“ тврди дека договорот треба да се однесува на прашањата поврзани со глобалното здравје, здравствената заштита и правдата, а не само да ги штити интересите на индустријата. /МИА

притисни ентер