Финална фаза од уставните промени

Собраниската Комисија за уставни прашања попладне ќе ја започне дебатата за четирите уставни амандмани и извештајот што Владата го достави до Парламентот по петте јавни дебати одржани како вовед во третата и последна фаза од уставните промени.

Собраниската Комисија за уставни прашања попладне ќе ја започне дебатата за четирите уставни амандмани и извештајот што Владата го достави до Парламентот по петте јавни дебати одржани како вовед во третата и последна фаза од уставните промени, согласно Договорот од Преспа.

Парламентарни партии во оваа трета и последна фаза имаа право за поднесување амандмани на уставните амандмани, за што рокот беше до саботата доцна попладне.

По јавните дебати нема големи промени на четирите амандмани. Одлуките на АСНОМ се предлага да бидат ставени како „правните одлуки кои се наведени во Прогласот од првото заседание". Во предложениот амандман 36, во однос на грижата на дијаспората се вметнуваат и заедниците во согласност со опозициските партии на Албанците.

Останува неизменет и амандманот што се однесува на промена на името Република Македонија во Република Северна Македонија, како и амандманот 35.

Собраниската седница на која конечно треба да бидат изгласани амандманите претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека се очекува да биде закажана по божикните празници, најрано на 9 јануари. Се очекува целиот процес на уставни измени да биде завршен во средината на јануари. Уставните амандмани се носат со двотретинско мнозинство што се очекува да биде постигнато во Парламентот. Гласовите на осумтемина пратеници од независната пратеничка група се условени со процесот на помирување.

По промената на македонскиот Устав, обврски од Преспанскиот договор треба да исполни грчката страна со негово ратификување и давање зелено светло за влез на земјата во НАТО.

Но, со Уставниот закон за спроведување на амандманите на Уставот на Република Македонија, се предвидува амандните да се применуваат со влегувањето во сила на Договорот од Преспа и ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО од страна на Грција. Во овој предлог-текст исто така се предвидува од денот на влегување во сила на амандманот 33 државјанството да биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, што е предвидено со Договорот, а употребата на придавката во однос на државата, државните органи и јавни институции да биде во согласност со името на државата или со нејзиното скратено име и гласи „на Република Северна Македонија" или „на Северна Македонија". Во членот три се предвидува постоечките официјални документи и материјали на јавната администрација за меѓународна употреба и документите за внатрешна употреба кои може да се користат надвор од државата и да се се усогласат со амандманот 33 најдоцна во рок од пет години од нeговото влегување во сила. Усогласувањето со амандманот 33 на постоечките документи и материјали наменети исклучиво за внатрешна употреба ќе започне со отворањето на секое поглавје од релевантното поле во преговорите со Европската Унија, а ќе заврши најдоцна во рок од пет години од отворањето на поглавјето.

Овој уставен закон за спроведување на амандманите на Уставот на Република Македонија го прогласува Собранието на Република Македонија и влегува во сила со денот на влегување во сила на уставните амандмани. /МИА

Чави сака Роберто да остане во Барса

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, изрази желба да го задржи ветеранот Серхи Роберто во тимот, пренесува денеска шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

„Сакам да го продолжи договорот. Сега одлуката е на него. Тој знае што мислам. Може многу да ни помогне. Да се надеваме дека ќе го продолжи договорот“, изјави Чави за 32-годишниот играч од средниот ред, чиј актуелниот договор со Каталонците истекува на крајот од сезоната.

Барселона утревечер ѝ гостува на Валенсија во натпревар од 33. коло на шпанската Ла Лига, а Чави истакна дека целта на каталонскиот клуб е да ја задржи втората позиција на табелата на крајот на сезоната.

„Нашата цел е да завршиме на второто место во лигата и да се пласираме на завршниот турнир во Суперкупот. Сакаме да ја завршиме сезоната со добро чувство и со ентузијазам и сила да се подготвиме за следната“, додаде тренерот на Барселона.

Ковачки до Лога: Какво е чувството да се биде приврзок на Али

Какво е чувството да се биде приврзок на Али, за каква Европска Македонија зборувате со 2% доверба во судството контролирано од ДУИ, од обвинители до судии сите другари и функционери на Ахмети.

Господине Лога, вие сте непозната личност, исто како вашиот труд за Македонија.

Ако не бевте министер за правда, немаше јавноста да знае дека воопшто постоите. Но последиците од вашата неспособност се познати. Тие се бројат со најкатастрофалните извештаи за државата во поглед на правдата.

Вие сте министер за правда кога довербата во судството е под 3%.

Знаете зошто е така?

Затоа што другар на Али од Зајас е Ислам Абази, првиот човек на организиран криминал, како и Бурим Сејдини, исто од Зајас, кој е претседател на Управниот суд. Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи.

Ова судство е на ДУИ. Затоа нема одговорност за ниту еден од ДУИ и нивните слуги од СДС.

Кога веќе лажно морализирате и си ја приграбувате идејата за Европска Македонија, да ве прашам, како е чувството да сте привезок на Али, да седите во неговиот скут и да зборите за Македонија?

Едното со другото не оди.

Еден Палчо од Турција го екстрадирате како да го носите од месечината. Ете толку сте способни.

Вашата пресуда доаѓа од народот на 8 мај.

Колку вие подалеку од политика, толку повеќе Македонија повторно на народот.

Линк од фб статус на Драган Ковачки, носител на ИЕ 3:

https://www.facebook.com/DraganKovachki/posts/pfbid0Hrfm22m2AGWApw4Ck4hR2obGmPzf4owdEinbT9Z32kvYYjFjhU68aHwDek2ADNLjl

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Русин избодел до смрт двајца Украинци во трговски центар во Германија

Двајца Украинци се убиени во сабота навечер во трговски центар во Мурнау, Германија, а до смрт ги избодел 57-годишен Русин, пишува Киев пост.

Во соопштението на баварската полиција се наведува дека една од жртвите, 36-годишен маж, починал на лице место, додека другата жртва, 23-годишен маж, вечерта им подлегнал на повредите во болницата.

Осомничениот руски државјанин по инцидентот е уапсен на домашна адреса, а истрагата е во тек.

Баварската полиција ги повика сите граѓани кои можеби го виделе нападот да контактираат со нив за да се расветлат околностите на овој напад кој однесе два животи. Информации за ова убиство пренесуваат и германските медиуми.

притисни ентер