Шестата генерација на моделот „Espace“ е веќе најавена а судејќи според новите информации, некои може да бидат разочарани. Пред сè, се мисли на љубителите на миниван.
„ Renault“ ќе ја претстави шестата генерација на моделот „Espace“ на крајот на месецот, поточно на 28 март. Тоа ќе биде класичен „SUV“/кросовер, многу близок до идејата за продолжен „Austral“ со седум седишта.
Треба да очекуваме врска слична на онаа помеѓу моделите „Qashqai“ и „X-Trail“ на „Nissan“, каде што „Espace“ ја игра улогата на поголемиот од двата теренци.
Сето ова го знаеме благодарение на наводно случајно „протекување“ на информации. На веб-страницата на „Renault“ сосема „случајно“ се појави материјал во „pdf“ формат кој ги открива атрибутите на моделот „Espacee“.
И скиците и мерењата потврдуваат дека „Espace“ навистина стана „SUV“ и со тоа се откажа од своето наследство. Имено, кога беше претставен во 1984 година, тој беше првиот европски миниван.
Добрата вест е дека „Espace“ останува со седум седишта. Но, со малку помала харизма бидејќи овие скици од официјалните брошури, објавени на форумот „Worldscoop“, силно сугерираат дизајн сличен на моделот „Austral“.
Она што се разликува е секако поголемото меѓуоскино растојание (2.740 mm) и вкупната должина од 4.720 mm.
Визуелно, најголемата разлика е во задниот дел со изменети светла.
Веќе е познато дека ќе се нуди во две конфигурации, со пет и седум седишта. Ќе има и голем стаклен покрив.
За се друго треба да се почека до крајот на месецот за премиерата. Доколку во меѓувреме не изненади уште едно „протекување“ на информации.