Хрватска пушта на слобода опасен криминалец и му дава 13 200 евра

Еден од најопасните криминалци во Хрватска ќе биде пуштен на слобода по десет години во затвор .

Зденко Мрзљак , кој пукал со калашников низ карловац , активирал бомба и ја фрлил кон полицајци , убивал и пукал кон луѓе . За сите овие дела поминал 10 години во затоворот во Лепоглава . Но , при излегувањето државата ќе треба да му исплати 13 200 евра за обештетување .

Тој додека бил во затвор два пати ја тужел државата и ги добил и двете пресуди .

Бил полиен со жешка вода во 2009 – тата , а потоа и претепан од неговите цимери во затворската келија . За овие напади криминалецот ја тужел државата и ги добил случаите , поради што ќе му бидат исплатени обештетувања и судски трошоци во износ од 100 илјади куни . .

САД соборија пет беспилотни летала над Црвеното Море

Американската војска рано утринава собори пет беспилотни летала над Црвеното Море, објави американската Централна команда на социјалната мрежа Икс.

Овие дронови, велат тие, претставуваат непосредна закана за американските, коалициските и трговските бродови во регионот.

„Овие активности се преземени за да се заштити слободата на пловидба и да се направат меѓународните води побезбедни“, се додава.

Од ноември минатата година, Хутите напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со проектили и беспилотни летала во, како што велат, поддршката за палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Малиџано

Во петок (26.04.2024) во емисијата гостин ни беше Вики Среброва

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

2 - 3 лажици мајонез

100 гр. ореви

10 маслинки

1 главица лук

1 лажица сенф

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

притисни ентер