И Марадона против Блатер

Покрај претседателот на УЕФА Мишел Платини и поранешниот најдобар светски фудбалер Диего Марадона отворено застана против кандидатурата на Сеп Блатер, кој на крајот на неделава ќе се обиде да добие петти по ред мандат на чело на ФИФА.

Марадона на сметката на Сеп Блатер користи зборови кои не се многу пофални.

- Имаме доживотен диктатор на челото на ФИФА. Нему му недостига инспирација и страст, кои го претставуваат срцето на фудбалот. Ако тој го инкарнира лицето на меѓународниот фудбал тогаш тоа не е во ред, истакна Марадона во интервјуто за Дејли Телеграф.

Аргентинецот смета дека под водство на Сеп Блатер, ФИФА се претворила во срам и болна пречка за сите оние кои го сакаат фудбалот.

Мишел Платини ја поддржува кандидатурата на единствениот противкандидат, принцот на Јордан Али, додека Диего Марадона го нарекува Сеп Блатер „диктатор“, јавува дописникот на МИА од Париз.

Претседателот на УЕФА во интервјуто за денешното издание на спортскиот дневен весник „Л’Екип“, ја поддржува кандидатурата на принцот на Јордан Али, притоа јасно спротивставувајќи му се на Сеп Блатер. Платини го обвинува Блатер дека „го излажал“ него но и другите, кога ветил во 2011 дека ова ќе му биде последен мандат на челото на ФИФА.

Платини нема право на глас во овие избори во кои учествуваат претседателите на 209 национални федерации, но тој отворено ја поддржува кандидатурата на принцот Али, кој според него може да биде „голем претседател на ФИФА“.

Платини потсетува дека во 2011 година ги повикал претседателите на федерациите членки на УЕФА да гласаат за Блатер.

Во деведесеттите години тој важеше близок на Блатер, но последниве години дојде до нивно разидување.

- Имам непријатен впечаток дека лично се ангажирав врз основа на лага. Потребно е да се знае да се препушти раката, без обид да се остане на престолот по било која цена, вели Платини, според кој ФИФА има потреба од нов лидер, свежа крв и свеж воздух.

Според него Блатер има страв од „празнината“, не дека има нови планови и проекти за ФИФА, туку дека стравува што ќе прави со самиот себе си откако ќе ја напушти функцијата и организацијата на која и го посветил целиот свој живот.

- Се додека остане на функцијата, сакајќи или не, било тоа праведно или не, ФИФА ќе има дефицит на кредибилитет, имиџ и авторитет, од тоа страда само фудбалот, тврди Платини.

Изборот за претседател на ФИФА е предвиден во Цирих во петок. Против 79 годишниот Блатер единствен кандидат остана еден од неговите вице-претседатели Јорданецот Али Бин ал-Хусеин, по повлекувањето на Холанѓанецот Микаел ван Прааг и Португалецот Луис Фиго.

- Луис одлучи да се повлече за да покаже дека системот на избори е внатрешно заклучен, Микаел одлучи да се повлечи во обид да да го промени системот здружувајќи се со еден друг кандидат, анализира Платини.

Според него двајцата кандидати од Европа мислеле на интересите на ФИФА и фудбалот, пред да мислат на нивната личност. Тоа претставува промена и своевидна победа тврди Платини.

Побеснет бик фрла жена како да е кукла- ја молеле да не му приоѓа, не ги послушала (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи застрашувачко видео снимено на плажата Ла Фортуна, во близина на мексиканскиот град Сан Лукас.

Туристка се обидела да ги собере работите, кога бик опасно ѝ се приближил. Луѓето се обиделе да ја предупредат, но таа не послушала.

На почетокот, жената во црн фустан ги собира работите од песокот, додека бикот ги мириса. Слушаме како луѓето ја предупредуваат да побегне.

„Премногу си играте со него. Ве молам, немојте да го правите тоа“, рекол еден маж.

Меѓутоа, жената не се откажала и ја ставила раката на главата на животното, како да го турка.

„Ве молам, не го правете тоа“, продолжил да се моли човекот.

Опасното животно молскавично реагирало и ја удрило жената со рогови. Сведоците на инцидентот почнале да врескаат, пренесува Daily Mail.

Туристката успеала да стане, но бикот повторно ја соборил на песокот. Се кренала прашина, а никој не се осмелил да ѝ пријде и да ѝ помогне на несреќната жена.

„Се обидувавме да ви кажеме“, се слушаат извици.

Останува нејасно од каде дошол бикот на плажата и зошто ѝ пришол на жената. Во исто време не се знае нејзиниот идентитет и со какви повреди се здобила или дали е жива.

Аватари на починати за 46.000 евра- дигитална реинкарнација преку вештачка интелигенција

Враќањето на мртвите во живот преку технологија до неодамна беше поврзано само со филмови, но со напредокот на вештачката интелигенција - вакво нешто повеќе не е само прашање на фикција.

Технолошкиот сектор за тага, познат и како „технологија на смртта“, сега се проценува на повеќе од 100 милијарди фунти на глобално ниво, според веб-страницата за технолошки вести TechRound.

- Го клонираме изгледот на една личност до 96,5% сличност со оригиналната личност - вели Мајкл Јунг, финансиски директор на DeepBrain, една од компаниите кои фиктивно ги враќаат луѓето во живот.

Компанијата верува дека овој вид технологија може да биде важен за развојот на културата на „добра смрт“, каде што однапред се подготвуваме за смртта на најблиските, оставајќи ја семејната историја, приказни и спомени како дел од наследството.

Сепак, процесот не е евтин и корисниците не можат сами да креираат аватар. Наместо тоа, тие треба да ѝ платат на фирмата до 50.000 долари. И покрај оваа висока цена, некои инвеститори се уверени дека ќе биде популарна, а DeepBrain собра 44 милиони долари во својот најнов круг на финансирање.

Психологот Лаверн Антробус предупредува дека треба да се биде многу внимателен кога се користат такви „технологии на тага“ во периоди на силни емоции.

- Загубата е нешто што нѐ изненадува. Може да мислите дека сте прилично блиску до тоа да бидете добро, а потоа нешто може да ве врати назад – вели таа, а пренесува Би-би-си.

Антробус додава дека луѓето не треба да брзаат да го користат четботот на изгубената сакана личност.

- Треба да се чувствувате прилично цврсто пред да користите вакво нешто. Сфатете ги работите многу, многу бавно.

Таа исто така, предупредува дека не постои замена за човечката поддршка кога станува збор за надминување на тагата.

- Навистина не можам да замислам дека технологијата ќе ги преземе традиционалните аспекти на жалоста, кои се однесуваат на чувството на блискост со луѓето, чувството на грижа за нив, чувството на благодарност.

Камион виси на мост во Кентаки: Пожарникари ја извлекуваат жената- возач (ВИДЕО)

Во судница во Кентаки е прикажано видео од спасувањето на жена која возела камион што виси над река откако нејзиното возило излета преку оградата на мостот.

На видеото се гледа и несреќата што довела до оваа неверојатно опасна ситуација на мостот Кларк во Луисвил, Кентаки, пренесува ABC 7.

Видеото од 1 март покажува како возачката избегнува автомобил запрен на мостот, за да удри во камионот следниот момент. Можете да ја видите и снимката од камерата од кабината на камионот - едната што ја снимила возачот, а другата што ја прикажува ситуацијата пред камионот.

Сидни Томас (26) која го управувала камионот, иако се трудела максимално да го контролира возилото, не успеала и изгубила контрола над него - камионот наеднаш свртел налево и ја пробил оградата на мостот. Кабината на камионот во кој се наоѓала Сидни во следниот момент висела на околу 30 метри од водата. Таа очајно се држела за воланот за да не испадне од кабината.

На пожарникарите од Луисвил им требало речиси еден час за да ја одведат на безбедно, па беа поздравени како херои, што и заслужиле.

Возачот на пикапот што ја предизвикал несреќата, 33-годишниот Тревор Бранам, се соочува со повеќе обвиненија, меѓу кои и суспендирање на дозволата. Тој бил на суд завчера и се уште не се пријавил со своја одбрана.

Еве како изгледаше оваа страшна несреќа:

притисни ентер