Историски чекор во Исланд - со закон се гарантираат еднакви плати за жените и мажите

Исланд направи историски чекор откако стана првата земја во светот во која законска обврска е еднаква плата за мажите и жените, без разлика дали станува збор за државна институција или приватна компанија.


Според новиот закон секоја организација која има над 25 вработени ќе мора да добие државен сертификат со кој ќе гарантира дека мажите и жените ќе земаат еднаква плата за исто работно место, функција, позиција или работни обврски и задачи.

Законските измени кои беа најавени лани на 8 март беа едногласно изгласани од сите партии во парламентот каде што 50% од пратениците се жени.

Атина: Договорот од Преспа е предуслов за напредок кон унијата

Грција нема да моли, туку ќе бара целосно почитување на Преспанскиот договор – ова е пораката која шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетрис ја упати два дена по инаугурацијата на македонската претседателка. 

Во интервју за ЕРТ, тој го повтори официјалниот став на нашиот јужен сосед кој вчера го изнесе и грчкиот премиер Мицотакис и додаде дека спроведувањето на договорите како што кажа, не зависат од личните ставови на функционерите. Говорејќи пак за можноста официјална Атина повторно да стави вето на евроинтегративниот процес на земјава, тој истакна дека тоа е институционално право на земјите-членки на Унијата, а почитувањето на Преспанскиот договор пак, предуслов за напредокот на земјава кон Унијата.

-Сите разбираме дека новото политичко раководство можеби има поинакво гледиште идеолошки, во погледот на светот, но има и прашања кои се надвор од нивната волја. Не се работи за самоопределување на секој различен политички функционер. Ова го разбираме сите, се работи за почитување на договорите и грчката влада ќе дејствува во оваа насока,- - Јоргос Герапетрис – Министер за надворешни работи на Грција .

Во четириесет минутнтото интервју, Герапетрис се осврна и на трите меморандуми за соработка кои произлегуваат од Преспанскиот договор, а Грција се уште не ги ратификува. Според него, тие биле неправедно обвинувани за тоа, а меморандумите како што кажа, ќе поминат во грчкиот парламент, откако Атина ќе биде уверена дека договорот е целосно испочитуван.

Од американскиот Стејт Департмент пак за МИА со порака дека остануваат посветени на евроинтегративната перспектива на Македонија и ќе продолжат да го зацврстуваат значењето на почитувањето на меѓународните договори.

-САД остануваат целосно посветени на Преспанскиот договор и евроатлантската интеграција на Македонија. Додека новата влада се формира и се избира премиер ние ќе продолжиме да го зацврстуваме значењето на почитувањето на меѓународните договори и бенефициите од целосно членство во ЕУ – велат од Стејт Департментот.

Од кабинетот на Силјановска Давкова пак, вчера преку соопштенија посочија дека таа има право да го употребува името Македонија како право на самоопределување и самоидентификација. Во официјалниот став на претседателката се оценува и дека македонските институции изминатите пет години речиси целосно ги исполниле обврските од договорот и очекува истото да го направат и останатите кои преземале билатерални и мултилатерални обврски кон земјава.

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на „ВРЕДИ“ утре на прва средба

Првата средба меѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди најверојатно ќе се одржи утре, брифираат албанските опозициски партии за Канал 5. 

Неофицијално веќе се екипирани и тимовите кои ќе ги водат преговорите, но засега нивните имиња не се соопштуваат, иако како што беше највено по средбата помѓу лидерите, коминикацијата ќе продолжи на ниво на потпретседатели, заменици и партиски секретари.

Откако викендот беа договрени општите начела за соработка, меѓу кои и евроинеграциите ... во пресрет на разговорите Арбен Тараври од Вреди во интервју за ТВ 21 повторно го спомна рокот од 6 месеци за усвојување на уставните измени, но не како услов. Најави дека ако дотогаш нема придвижување, ќе го преиспитаат учеството во Владата..

„Вреди е гаранција во Владата дека под секој услов ќе инсистира преговорите со Европската унија да почнат што поскоро и да се направат уставните измени. Верувам дека што поскоро за шест месеци до Нова година, доколку не се спороведат или нема сигнали за уставните измени, ќе седнеме и ќе го разгледаме тоа уште еднаш (учеството во Влада)“.. посочува Таравари во интервју за ТВ 21.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Мицкоски за преговорите за владината коалиција и идната владина стратегија се подготвува на планината Огражден, според објавата на неговиот фејсбук профил... Тој во првото и засега единствено пост-изборно интервју јасно порача дека нивниот став за уставните измени останува непроменет..

„Не прифаќам таков тип на ултиматум. Што ќе се случи ако ние поставуваме ултиматум, треба да влеземе во политичка криза, држвата да не оди напред и да ги држиме граѓаните во заложништво, тоа ли треба да се случи? Или да направиме ние влада со 65 пратеници – демократијата вика кои има 61 пратебник тој прави влада. Јас сум убеден дека ние ќе разговараме врз основа на пратенрство, а не на основа на ултиматуми“, рече Мицкоски во „Само Интервју“.

Таравари во интервјуто вели дека се согласуваат со Мицкоски да се почекаат резултатите од изборите во Бугарија, закажани за јуни, и со идната влада да ги разгледаат начините продолжување на евроинтергациите. Во меѓувреме бугарскиот технички премиер Димитар Главчев и денеска порача дека нивниот став е конзистентен и дека условот за Македонија останува ист – земја која сака да стане членка на ЕУ мора да ги почитува барањата на другите земји-членки.

Разрешен медицинскиот директор на скопска Токсикологија Данил Петровски

Министерот за здравство во техничката влада, Илир Демири ги оствари најавите. Го разреши медицинскиот директор на Токсикологија Данил Петровски.

Економската директорка Иљази, која подолго време беше во отворен судир со Петровски, останува на клиниката.

Мирјана Мирчевска Јовановиќ ја вклучуваме во живо. Мими, се знаат ли причините за разрешувањето на медицинскиот директор и има ли првични реакции?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер