Изјава на претседателот Пендаровски по првиот дел од лидерската средба

Да ве информирам дека сме на половина од средбата. Начелно зацртавме да има две точки за кои ќе разговараме.

Првата се неодамнешните заклучоци на Европскиот Совет, кои беа такви какви што сите ги знаеме. Од сите учесници на денешната средба побарав да го реафирмираме нашиот став дека продолжуваме по истиот пат кон Европската унија. Во тој дел ќе кажам неколку специфики и неколку заклучоци кои ги постигнавме со апсолутен консензус. Втората точка е можноста за организирање предвремени парламентарни избори.

Првата точка ја завршивме и јас сум тука бидејќи и е во склад со моите надлежности да ве информирам што е договорено. По паузата веднаш продолжуваме со втората точка околу можноста за предвремени парламентарни избори, за што ќе добиете информација кој и како ќе ве информира. Можеби ќе идеме со изјави на лидерите кои се тука присутни, но како ќе биде, откако ќе го завршиме вториот дел од вечерашната средба.

За првиот дел, можеби должам објаснување. Некој од вас ме прашуваа зошто е форматот на поканети таков каков што е. Сакам накусо да објаснам. Имавме еден принцип според кој се водевме. Значи поканети се политички лидери на политички партии кои освоиле самостојно пратеници на последните парламентарни избори, не биде дел од коалиција и затоа е составот таков каков што е. Се разбира, за тоа нема стриктна законска одредба, ова се објективно неформални средби кои ниту еден закон не ги предвидува во кој формат ќе бидат, меѓутоа сакам да ви кажам дека не било баш случајно тоа што овие луѓе се поканети.

Почитувани, ова го кажав на почетокот на средбата. Мислам дека некој од вас го забележаа. Според моето сеќавање или паметење, нашата држава е по трет пат во слична ситуација, барем што се однесува до нашето етаблирање на меѓународен план и нашите евро-атлантски аспирации.

Во 1991-та бевме во една ваква слична ситуација, во сосема поинаков меѓународен и политички контекст, кога беше донесена познатата Лисабонска декларација која велеше државата нема да биде признаена воопшто ако во своето име го содржи зборот Македонија. Тоа беше заклучок на тогашната Европска унија. Тоа беше надминато, година дена потоа станавме членки на Обединети нации и понатаму на сите други глобални и регионални меѓународни организации. Во 2008-та бевме во слична ситуација, јас имам доволно години да ви кажам дека бев присутен во македонската делегација која 2008 беше на самитот на НАТО во Букурешт, кога од познати причини, поради спорот околу името со нашиот јужен сосед бевме де факто блокирани, односно немавме одлука на целата алијанса дека треба да станеме членки и сега после овие крајно неповолни заклучоци на Европскиот совет од пред неколку дена со кои нашата понуда да почнеме конечно после долги години чекање, после 14 години статус на земја кандидат и после исполнување практично на сите предуслови кои ни беа поставени и од самата Европска унија на нејзиниот јунски самит минатата година, кога бевме пак одбиени, односно прашањето беше одложено за пролет за следното претседавање со Европската унија кое ќе биде направено од страна на Република Хрватска. Мене ми е драго, и тоа сакам да го истакнам во јавноста што сите поканети лидери на политички партии искажаа јасен државотворен капацитет и застанаа зад оваа стратешка цел која ни е зацртана уште во раните деведесетти години. Значи ниту еден од нив не испушти да каже дека ова е единствениот пат по кој треба да оди нашата земја, Република Северна Македонија сега, и дека не постојат никакви алтернативи на тој пат, затоа што тоа е единствената алтернатива која гарантира на среден и на долг рок дека државата може да биде трансформирана во просперитетна, во демократска и во економски успешна држава и општество.

Ви кажувам што побарав од нив и што добивме од нив. Имаме јасен државен консензус на релевантните политички лидери во нашата земја дека, независно од заклучоците на Европскиот совет, стојат зад идејата Република Македонија што е можно поскоро да ги почне и што е можно поскоро да ги заврши тие преговори, за да стане полноправна членка. Сите присутни на средбата се согласни дека ние немаме проблем со евентуално нова и подобрена методологија за водење на пристапните преговори. Сите присутни на средбата рекоа дека немаат проблем ако новата методологија подразбира реверзибилност на процесот. Значи, едно поглавје кога ќе го затворите, ако трендовите во таа област се негативни, слободно можат да не вратат назад, па дури и до самиот почеток на процесот.

Немаме од што да се плашиме, тоа е во наш интерес и во интерес на нашите граѓани. Ако немаме добри резултати, ако не се резултатите во склад со европските принципи нека не враќаат назад. Меѓутоа, сите присутни лидери на состанокот рекоа „не" за било какви евентуални алтернативи на процесот на приклучување за нашето полноправно членство. До сега тоа никој не ни го нуди, меѓутоа на маргините на таа дебата која сите ние ја следевме, а што се водеше во Брисел и во Луксембург постоеја некакви поинакви размислувања дека можеби и ние треба да бидеме ставени во категоријата на соседство, а тоа е сосема друга категорија. Во однос на ЕУ, ние сме дел од Европа и според базичните документи, според основачките документи на ЕУ, ние имаме право да бидеме членка на ЕУ на денот кога ќе ги задоволиме критериумите. Затоа што базичните документи од 57' година велат, секоја држава на континентот може да аплицира и да стане членка на таа организација. Ние не бараме никаква алтернатива на овој формат, на ова придружување, туку само како полноправна членка на таа организација. Ова е првиот дел, тука запревме. Имаме комплетен консензус дека ги реафирмираме овие вредности и ставови и дека немаме и воопшто не размислуваме за алтернатива. Било кој да е на власт, денеска, утре, задутре, во годините што доаѓаат, и било кој да е во опозиција сите се обврзаа дека ќе работат, секој од позицијата која што ќе ја има во дадениот момент, ќе работат на нашето што побрзо приклучување кон ЕУ. Во вториот дел ќе зборуваме за точката за предвремени парламентарни избори.

Кабинет на претседателот на Република Македонија

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

притисни ентер