Извлечени двојките за баражот за Еуро 2016

Точна на пладне во седиштето на УЕФА во Нион извлечени се двојките за баражот за пласман на Европското фудбалско првенство во Франција во 2016 година.

Во Баражот за ЕУРО 2016 кои ќе ги даде последите четири репрезентации учеснички на континеталниот самит ќе играат:

Украина – Словенија
Шведска – данска
БиХ – Р. Ирска
Норвешка – Унгарија

Натпреварите се на програмата од 12 до 17 ноември.

Инаку Европскиот шампионат во Франција ќе се игра од 10 јуни до 10 јули во 2016 година со учество на 24 селекции .

Маринакис: Во никој случај нема да ги ратификуваме меморандумите

Портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис и во најновото интервју за Тв Скај, упатил критики до Сириза за одлуката да ги донесе меморандумите од Преспанскиот договор во Парламентот.

Тој го повторил ставот дека владата е против носењето на овие меморандуми.

Палевски се очекува да биде донесен пред судија на претходна постапка

Во секој момент се очекува пред судија на претходна постапка во Кривичнииот суд да биде донесен од затворот во Шутка, првоосомничениот за убиството на Вања и Панче, Љупчо Палевски Палчо.

Таму е Елизабета Дамјановска Спасеновска.

Бети се очекува Палевски да се изјасни за притворот кој му беше одреден во отсуство?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

ЕУ обвинета за финансирање операции за отфрлање мигранти во Сахара

Европската унија денеска соопшти дека е „тешка ситуацијата“ откако новинарски конзорциум објави дека Тунис, Мароко и Мавританија се вклучени во операции за отфрлање мигранти во пустината - со директна помош од фондовите на ЕУ.

„Ова е тешка ситуација. Тоа е ситуација која брзо се движи и ние ќе продолжиме да работиме на тоа“, рече портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер.

Тој одговараше на истрагата објавена од Lighthouse Reports во соработка со изданија како „Монд“ и „Вашингтон пост“.

Во извештајот се вели: „Европа поддржува, финансира и е директно вклучена во тајните операции во северноафриканските земји за носење на десетици илјади црнци во пустината или оддалечените области секоја година за да ги спречи да дојдат во ЕУ“.

Во него се опишува „систем на масовно раселување“ што се „водеше благодарение на парите, возилата, опремата, разузнавачките и безбедносните сили обезбедени од ЕУ и европските земји“.

Во извештајот се вели дека бегалците и мигрантите во Мароко, Мавританија и Тунис „се апсат врз основа на бојата на нивната кожа, се товарат во автобуси и се возат често до сушните пустински области“, без вода и храна.

Други, наводно, биле однесени во пограничните области каде што, наводно, биле „продадени од властите на трговци со луѓе и банди кои ги мачат за откуп“. /МИА

притисни ентер