Неговиот клуб Алборг за утре свика прес-конференција на која се очекува оваа информација и официјално да биде потврдена.
Легендарниот Данец ќе игра до крајот на оваа сезона во која досега со Алборг стигна до четвртфиналето од Лигата на шампионите, а потоа олимпискиот турнир во Париз ќе значи и збогување со активниот ракомет. Така, Игрите во Париз ќе го означат крајот на кариерите на двајца вистински ракометни великани, бидејќи покрај Хансен таму ќе се прости и Никола Карабатиќ.
Да потсетиме дека Хансен веќе накратко ја прекина кариерата минатата година. Тој се пензионираше во февруари поради стрес, но оваа сезона се врати на терените како играч на Алборг, на кој му се приклучи во 2022 година. Пред тоа играше за ГОГ, Барселона, Копенхаген и ПСЖ.
Хансен освои олимписко злато и сребро со репрезентацијата на Данска, три пати беше светски првак и двапати вицешампион. Покрај тоа, тој има и едно европско злато, две сребрени и една бронза. Три пати беше прогласуван за најдобар ракометар во светот (2011, 2015 и 2018 година). Сепак, тој се уште ја нема освоено Лигата на шампионите.