По форумите на Интернет се води постојана расправа дали колагенот треба да се зема во течна форма или во капсули за да се постигне „пеглање на браздите по лицето“.
Колагенот е најзастапениот протеин во нашето тело и е дел од нашите коски, мускули, лигаменти и кожа. Околу 70 проценти од сувата маса на нашата кожа е составена од овој исклучително важен протеин. Постојат неколку видови на колаген, но најважниот за нашата кожа кој ѝ го дава тонусот е познат како тип 1.
Многумина тврдат дека токму овој протеин е одговорен за зачувување на младоликоста и убавината на кожата, но и за „пеглање“ на брчките, па дури и за оние длабоко изразените. Во зависност од тоа со кого разговарате, ќе добиете различни информации; некои дами тврдат дека колагенот во капсули е одличен, други се убедени во ефикасноста само на колагенот во течна форма, трети се колнат во „рецептите на нивните баби“ и откриваат дека супата е всушност најдобриот извор на овој протеин што „прави чуда со брчките“.
Според специјалистот за дерматовенерологија д-р Димитрије Карбабахчиев, во нашиот организам постојано се одвива обрт на производство на колаген и негово разградување. Со тек на време, овој процес доведува до стареење, односно се зголемува разградувањето на овој протеин, што резултира со првите знаци на стареење на кожата, односно појавата на брчки.
Според него, за жал, не постои универзален еликсир на младоста или магично стапче за бришење на брчките, но сепак, колагенот е главна алатка во превенцијата, т.е. ублажување на знаците на стареење. Во доцните дваесетти и почетокот на 30-тите години, се намалува колагенот во нашата коа, особено кај пушачите и лицата со лоши здравствени навики, лица кои се изложуваат на сонце, затоа д-р Карабахчиев советува суплементацијата со овој протеин да се вклучи уште во доцните 20-ти или во раните 30-ти години.
Бидејќи знаците на стареење кај жените се веќе поизразени во менопаузата, односно во четириесеттите и педесеттите години, дерматологот објаснува дека во тој период е пожелно и дохрана со колаген, како за кожата, така и за телото воопшто. Начинот на кој ќе го земаат - дали во капсули, во прав или во течна форма е сосема неважен, објаснува тој и посочува дека сето тоа е прашање на преференци и афинитет.
Најважно е колагенот да е квалитетен и изворот на колагенот да е со добар квалитет. На пример, колагенот од морски алги, бидејчи е најмалку загаден.
На прашањето, колку колагенот добиен од супа од говедски коски е ефикасен во борбата против брчките, д-р Карабахчиев посочува дека колагенот од говедски и пилешки коски е тип 3, и дека можеби е поважен за нешто друго, додека рибјата чорба ја наведува како потенцијален извор на вистинскиот тип на колаген. Докторот истакнува дека и говедската и пилешка и рибјата супа се богат извор не само на колаген, туку и на други нутритиенти кои позитивно влијаат на општиот тонус на огранизмот, па и на нашата кожа.
Според дерматологот Карабахчиев, препорачливата дневна доза колаген изнесува 2.5 до 15 грами, а опсегот се одредува во зависност од возраста на личноста, како и начинот на живот.
- За зрели жени, доволни се 10 грама колаген дневно, тоа е безбедна и доволна доза за нив, без несакани ефекти, односно можност за преоптоварување на бубрезите. Како и со секој додаток, периодот на земање треба да биде од три до шест месеци и може да се повтори со пауза од еден или два месеци помеѓу два циклуса на земање. Повторно е индивидуално, но првите резултати, односно придобивките од намалувањето на брчките, генерално се појавуваат помеѓу 4-та и 12-та недела од земањето колаген - вели дерматологот Карабахчиев.
Колагенските препарати се многу поефикасни кога се комбинираат со некои други состојки како витамин Ц или минерали како бакар, бидејќи колагенот со овие додатоци е многу подобар од чистиот колаген. Ретинолот е исто така исклучително важен во комбинација со колагенот, бидејќи го стимулира создавањето на овој протеин и може да се користи во форма на креми и серуми.
Извор: srecna.republika.rs