Комисијата за антидискриминација најмногу претставки добива од областа на работа и работни односи

До Комисија за заштита од дискриминација во текот на 2018 година во областа на работа и работни односи се поднесени вкупно 66 претставки во различни основи на дискриминација,

Најголемиот дел од претставките за дискриминација се однесуваат од областа на работните односи, забележа членот на Комисијата за антидискриминација и декан на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев"-Штип, Јован Ананиев. Смета дека високиот процент претставки во овој дел е заради тоа што има повеќе области, за кои работниците можат да пријават дискриминација.

-Она на што најмногу се жалат работниците е дискриминација по пол и род, односно се бележи дискриминација на жените, а особено на бремени жени, понатаму на жени кои се родители на мали деца, но исто така имаме феномен на дискриминација по асоцијација, односно ситуации, кога се дискриминирани родители, кои имаат дете со попреченост и не можат да ги остварат правата, кои на еден начин се заштитена категорија на граѓани, вели Ананиев.

Според извештајот на Комисијата за антидискриминација на Македонија во 2018 година доставени се вкупно 66 претставки од граѓаните, во делот на работа и работни односи, од кои најголемиот дел или 23 претставки се однесуваат за дискриминација на работното место поради политичка припадност, а само по една е дискриминација на работно место поради етничка, верска припадност и возраст. Комисијата од вкупно 66 претставки има одлучено дека во 34 случаи нема дискриминација, но во 10 случаи е констатирана дискриминација од областа на работа и работните односи, по осум претставки не се постапува, кај две е отстранета повредата, за една е запрена постапката, а постапките за 11 претставки се во тек.

СТАТИСТИКА ЗА 2018 ГОДИНА ВО ОБЛАСТА НА РАБОТА И РАБОТНИ ОДНОСИ

До Комисија за заштита од дискриминација во текот на 2018 година во областа на работа и работни односи се поднесени вкупно 66 претставки во различни основи на дискриминација, и тоа:

– Политичка припадност – 23 претставки

– Образование – осум претставки

– Со две или повеќе основи на дискриминација – осум претставки

– Не е наведен основ на дискриминација – осум претставки

– Личен или општествен статус- шест претставки

– Пол – пет претставки

– Здравствена состојба – три претставки

– Некоја друга основа- две претставки

– Возраст – една претставка

– Етничка припадност – една претставка

– Религија или верско уверување – една претставка

Од 66 претставки поднесени во областа на работа и работни односи, Комисијата одлучи:

– Не се утврдува дискриминација – 34 претставки

– Утврдена дискриминација – 10 претставки

– Не се постапува по претставка – осум претставки

– Решена претставка друго: Отстранета повреда – две претставки

– Запрена постапка – една претставка

– Претставки во тек – 11 претставки

Администрацијата храбра, а работниците се плашат да пријават дискриминација

Според статистичките податоци и анализи на Комисијата за антидискриминација најхрабри во доставувањето на претставките во делот на работа и работни односи и понатаму е администрацијата, без разлика дали е вработена во општинските институции или министерствата.

-Имаме поголема храброст кај граѓаните да пријават дискриминација од јавниот сектор, бидејќи заштитата на работничките права, сепак, е таму поголема. Во јавниот сектор кога сме таму имаме перманентно, во зависност од тоа како се менува власта пријавување на дискриминација по основ на политичка припадност, односно, отпуштање од работа или пак деградирање од некоја повисока, кон пониска позиција во државната администрација. Но, за жал многу е тешко да се докаже таа дискриминација, имаме неколку случаи, каде што имаме утврдено дискриминација по основ на политичка припадност, а имаме многу претставки по тој основ. Тоа се случува особено во период, кога доаѓа до промена на власта на локално или пак на национално ниво, рече Ананиев.

Според него голем проблем е што работниците во приватниот сектор се плашат да пријават дискриминација од областа на работа и работни односи.

-Имаме низок процент на активност на синдикатите, што ќе се јават како заштитници на правата на работниците и ќе пријават дискриминација, кога ќе кажеме пријава, тоа значи да поднесат претставка до Комисијата или пак тужба пред суд, бидејќи се има страв да не бидат отпуштени од работа, исто така постои и феноменот на виктимизација, односно како жртви на дискриминација да се јават оние кои ќе посведочат за дискриминација. Значи тоа е еден зтаворен систем во приватниот сектор, кој укажува на проблемот на недоволно пријавување на дискриминација, рече Ананиев.

Граѓанскиот сектор, а особено здружението „Гласен текстилец" од Штип кои се на терен и постојано добиваат реакции од страна на работниците забележуваат дека причината за ваквата состојба во приватниот сектор е што работниците немаат доверба во синдикатите, а голем дел од нив ниту се мотивирани да бидат членови на синдикалните организации, преку кои ќе им се штитат работничките права.

Огласите за вработување мека за дискриминација

Работниците уште пред да се вработат се соочуваат со дискриминација. Огласите за вработување дискриминираат и по основ на род и етничка припадност. Често пати се бара во огласите со пријавата да се достави фотографија.

-Она што можевме да го констатираме дека во полно огласи се бараат фотографии, а тоа е индиректна дискриминација, која пак укажува на припадност кон конкретен етникум, на пример расно ќе се профилираат Ромите или пак преку самата фотографија подразбира вознемирување на жените, односно на девојките во државата, вели Ананиев.

Тој за МИА забележува дека според истражувањата на Комисијата за антидискриминација имаат утврдено дека одредени фирми директно ја дискриминирале ромската заедница, кои во огласите за вработување децидно имаат наведено дека во своите компании не вработуваат Роми.

-Ромите немаат еднаков пристап до работните места, но и доколку засноваат работен однос, исто така се соочени со дискриминација. Имавме неколку случаи, кога деловни субјекти дури и во самите огласи имаат истакнато дека не би примале Роми на конкретно работно место, вели Ананиев.

Во огласите за вработување можат да се види дека на одредени работни места се исклучуваат мажите, а се наведува дека се бараат исклучиво жени, за што забележува Ананиев ова претставува и вознимирување кон жените и девојките.

-Имаме дискриминација по основ на тоа што немаат пристап до одредено работно место жените, кои се бремени, во брак, бидејќи во огласот е наведено дека се бара девојка, рече Ананиев.

Мал број претставки имаат добиено од лицата со посебни потреби во делот на работа и работните односи. Но, истражувањата на терен покажуваат дека овие лица се дискриминирани во делот на пристап до работно место, немање на еднаков третман во работниот процес. Државата во ваквите случи имаат обврски кон овие лица, коишто произлегуваат од Законите и Конвенциите, а во кои е предвидено да создадат приспособување на работните места, но во реалноста тоа не се реализира./МИА.

Со овој напиток Ѓоковиќ го почнува денот – Сокот од целер на празен стомак е најздрав наутро!

Откако ќе го испиете во наредните 15 минути до половина час не внесувајте ништо!

Сокот од целер стана исклучително популарен кај љубителите на здравата исхрана. Најдобриот српски тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ во интервју за американските медиуми откри дека својата сила и физичка подготвеност, меѓу другото, ги должи и на сокот од целер.

- Денот го почнувам со топла вода и лимон за да му помогнам на телото да се детоксицира. А потоа пијам сок од целер на празен стомак – изјавил Ѓоковиќ.

Без додавање вода

Ентони Вилијамс, автор на бестселерот на Њујорк Тајмс „Чистење на телото“, тврди дека сокот од целер е најкорисната храна што постои на нашата планета.

Целерот првенствено е намирница со висока содржина на вода, па затоа одлично го хидрира организмот. Богат е со влакна кои ги чистат и штитат цревата, витамини К, А и Ц, калиум, но содржи и висока содржина на натриумови јони кои ги уништуваат патогените микроорганизми, содржи и дигестивни ензими кои ги смируваат цревата и растителни хормони кои го урамнотежуваат ендокриниот систем. Сокот од целер може да се пие превентивно, но и поради одредени здравствени проблеми.

Тој наведе само некои од придобивките од сокот од целер и зошто треба да се пие наутро на празен стомак:

- сокот од целер е богат со електролити

- ги отстранува кристализираните токсични соли наталожени на органите

- спречува токсините да ги оштетат клетките и органите

- го ослабува дејството на тешките метали кои можеби сте ги наталожиле во организмот

- ги уништува бактериите, вирусите и габите

- ја стабилизира крвта

- го зајакнува целиот имунолошки систем веднаш по пиењето

- го оптимизира варењето

- ги храни сите органи на ендокриниот систем и така ја враќа хормоналната рамнотежа

- има антиоксидативно дејство

Како што истакнуваат нутриционистите, оптимална мерка е 150 мл сок од целер дневно.

Рецепт за сок од целер

Земете два китки целер, исечете ја основата и врвот на стебленцата. Измијте ги, исечете ги и ставете ги во блендер. Според Вилијамс, не треба да додавате вода или коцки мраз, туку да го пиете сокот во неговата изворна форма без да ја цедите пулпата. Сокот мора да биде чист, да не се меша со друго овошје или зеленчук. Откако ќе го испиете на празен стомак, во наредните 15-30 минути не јадете и не пијте ништо. Сокот од целер во комбинација со морков или јаболка може да го пиете и подоцна во текот на денот, а наутро, на празен стомак пијте го чист.

Трик за чистење јагоди - Нема да верувате колку всушност е едноставно! (видео)

На многумина јагодите им се омилено овошје. Покрај тоа што мамат со својот изглед и вкус,тие се исклучително здрави и го зајакнуваат нашиот имунитет. Ова овошје е богато со различни хранливи материи и честопати е омилено задоволство ширум светот.

Деновиве, пазарите се преплавени со ова овошје кое муштериите го купуваат иако неговата цена е висока на почетокот на сезоната. Меѓутоа, кога станува збор за чистењето јагоди, повеќето домаќинки отворено кажуваат дека за вадење на петелката им е потребно време и некогаш се доста неспретни во тоа.

Затоа некои од нив се обиделе да експериментираат и да најдат полесен начин да ги исчистат. Една корисничка на Инстаграм споделила генијална идеја од нејзината баба, која со години го користи овој начин за да се ослободи од петелките на јаготките.

Наместо да ги исече со нож или да ги извади со раце, таа користи цврста пластична цевка за да ги отстрани во еден потег.

Трикот е многу едноставен, а видеото привлече големо внимание кај корисниците на Инстаграм. Оваа „инфлуенсерка“ признала дека ова е најефективниот метод за чистење на јагодите, а луѓето во коментарите признале дека им биле потребни децении за да научат овој генијален трик.

Некои корисници на мрежата признале дека на овој начин се губи најдобриот дел од ова овошје, признавајќи дека јагодите се многу вкусни кога се јадат до самиот врв, односно до петелката.

Некои домаќинки во коментарите признале дека долго време го користат овој трик и дека им олеснува и при други задачи во кујната, при тоа порачале дека треба да се експериментира и да се користи она што го имаме на располагање во кујната.

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер