Ковачевски: Гарантираме европски животен стандард-просечна плата од 1.100 и минимална 600 евра

СДСМ има јасен план и визија до 2030 година државата да стане земја членка на ЕУ, просперитетна држава, дом за сите и гарантираме европски животен стандард.

СДСМ има јасен план и визија до 2030 година државата да стане земја членка на ЕУ, просперитетна држава, дом за сите и гарантираме европски животен стандард, рече претседателот Димитар Ковачевски на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија.

-Гарантираме европски животен стандард, просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра. За младите обезбедуваме по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, а ќе воведеме Програма со субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, и грантови за отпочнување на сопствен бизнис за млади, сега зголемен на 8.000 евра. Невработеноста ќе биде 7% до крај на мандатот. Компаниите ќе добијат нови 180 милиони евра директна финансиска поддршка, А финансиската поддршка за земјоделците ќе е во висина од 1,35 милијарди евра., рече Ковачевски.

Ветуваме драстично зголемување на платите на медицинскиот персонал, потенцираше Ковачевски.

-Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари. Воедно јавното здравство ќе биде бесплатно за сите осигуреници, додаде Ковачевски.

СДСМ се соочи со голема економска и енергетска криза и со КОВИД пандемија. Како вистински социјалдемократи бевме рамо до рамо со граѓаните, никој не беше оставен сам да се бори со проблемите и предизвиците, потсети Ковачевски.

Во тој период успеавме да спасиме 80.000 работни места и да ги зголемиме и платите и пензиите. Ако ги споредиме само пензиите во однос на 2016, тие се зголемени за 55%. Минималната плата е зголемена за три пати во однос на 2016. Просечната плата е зголемена двојно во однос на 2016. Платите во образованието се двојно поголеми, во здравството се двојно поголеми. Дали е тоа доволно? Не е, треба уште повеќе, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Гевгелија, се наведува во партиското соопштение.

Борел повтори дека Рафа не смее да биде нападнат

Го повика Израел да се вклучи во мировниот процес.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека партнерите на Израел и соседните земји имаат заеднички став дека градот Рафа на југот од Појасот Газа не смее да биде нападнат и ја повика израелската влада конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес.

Борел на Х напиша дека меѓународната заедница, исто така, едногласно бара итно ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа.

Тој истакна дека Израел не може да го уништи Хамас по цена на убиени илјадници палестински цивили и оти понатамошното раселување на повеќе од милион ранливи Палестинци би било „погубно“.

- Ја повикуваме владата на Израел да ги послуша повиците на меѓународната заедница и конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес, наведе Борел. /МИА

Тухел го критикуваше Ким за примените головите на дуелот со Реал

„Беше премногу алчен и агресивен“.

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел го посочи Ким Мин за неговиот настап на натпреварот против Реал Мадрид.

Баерн вчеравечер одигра нерешено со мадридскиот клуб во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите (2:2).

- Тој двапати беше премногу алчен. При првиот гол против Винисиус премногу рано тргна во дуел па Тони Крос го искористи тоа со додавање. Вториот гол – за жал, тоа беше уште една негова грешка. Ние бевме петмина тие двајца. Немаше потреба да се брани толку агресивно против Родриго и без потреба направи пенал. Токму кога Ерик Дајер сакаше да помогне, Ким го фаулира Родриго. За жал, со оглед на квалитетот на противникот, овие грешки се казнуваат. Но, мораме да продолжиме понатаму, рече Тухел.

Реваншот во Мадрид е закажан за 8 мај. /МИА

Блинкен го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош меѓу Израел и Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош од Израел до Појасот Газа.

За време на посетата на Блинкен, десетина камиони чекаа да влезат во Појасот Газа додека неколку израелски тенкови беа паркирани во близина.

Посетата на американскиот државен секретар доаѓа во момент кога Израел изрази намера да изврши копнен напад врз Рафа, град на неколку километри од Керем Шалом, кој сега е дом на околу 1,5 милиони Палестинци, од кои огромното мнозинство се раселени поради војната. /МИА

притисни ентер