Ковачевски: СДСМ креира мерки за силна економија, ликвидни компании и европски животен стандард

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше и дискутираше на панел дискусијата насловена „Креираме развој преку поддршка на инвестиции“. 

Денешната трибина, како што посочи Ковачевски е добра можност да се сублимираат досегашните преземени мерки и резултатите од нив, во делот на поддршката на инвестициите и економијата, но истовремено и да се види што е она што треба да се преземе за уште подобри резултати.

Ковачевски посочи дека за силна економија е потребен ликвидно и силно стопанство, нови фабрики, раст на инвестициите, капитални инвестиции во инфраструктурата, развиено земјоделство, подобар животен стандард преку повисоки плати и пензии, пристап до ЕУ пазарите.

Справувањето со предизвици, поддршка на домашната економија и компаниите преку правилни таргетирани мерки, финансиска поддршка, раст на платите, беа во фокусот на дискусијата, кои воедно се и дел од столбовите во новата програма на СДСМ.

Ковачевски потенцираше дека правилните политики на Владата предводена од СДСМ, овозможија континуиран раст на платите и во време на криза.

"Минималната плата порасна на 22.500 денари, за само две години. Да не заборавиме дека во 2016 година беше само 8.000 денари, значи имаме неколкукратно зголемување на минималната плата. Во однос на просечната плата, нашето ветување беше дека ќе биде 500 евра просечна плата во 2024, денес гледаме дека е 650 евра. Тоа е резултат на целиот економски амбиент, иако бевме во време на криза. Невработеноста ја преполовивме од 25% на 12,8%. Значи преполовена невработеност, зголемена вработеност, во краток период. Просечната плата во 2028 година ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната палта ќе достигне рекордни 600 евра", подвлече Ковачевски.

При тоа, Ковачевски посочи дека во новата програма за 2024-2028 година предвидени се уште поголеми инвестиции, уште поголема поддршка за граѓаните, уште поголемо зголемување на минималната плата, на просечната плата и секако намалување на невработеноста, како дел од можностите кои што ги даде ЕУ.

„Прво економијата и поддршката на компаниите, инвестициите беа високо на агендата на Владата која јас ја предводев и на претходната Влада, природно доаѓа тоа бидејќи јас сум економист. Но уште поприродно доаѓа во време на криза кога мора да работите прво на спасување на ликвидноста на компаниите, второ спас на работните места и трето одржување на животниот стандард на граѓаните со оглед на тоа дека секој е погоден од кризата и компаниите и граѓаните и оние што се најзасегнати а тоа се ранливите категории на граѓани. И затоа во изминатите 7 години ние генерално имавме многу силен акцент ставено на економијата." – истакна Ковачевски.

Во наредниот 4 годишен период со новата програма на СДСМ планирани се 180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство, 3,5 милијарди евра капитални инвестиции, особено во инфраструктурни проекти, од кои 2,7 ќе бидат само во патна инфраструктура а тоа значи вработување за македонската економија, зголемување на бројот на вработеност, а со тоа и раст на платите и раст на пензиите.

Со 100 милиони евра Владата предводена од СДСМ поддржа 919 компании, за разлика од пред 2017 година, кога имаше нула поддршка за домашните компании. Во последниот деветти пакет антикризни мерки, во вредност 662 милиони евра, 492 милиони евра се предвидоа за поддршка на приватниот сектор, преку мерки за одржување на ликвидноста на компаниите, конкурентноста, поддршка за инвестиции во обновливи извори, зачувување на работните места, поволни заеми за мали и средни претпријатија во износ од вкупно 2,6 милијарди евра преку антикризни мерки се вратија назад кај граѓаните и стопанството.

Ковачевски потенцираше дека секоја стратешка одука има стратешка цел, а тоа е развој на економијата, развој на приватниот сектор, нови вработувања и подобро платени работни места. Овие цели се исполнуваат со продолжување по европскиот пат и со обезбедување на европската иднина за граѓаните и државата.

Целта која ја застапува СДСМ и Коалицијата значи интеграција и европска иднина.

"Се друго се сценарија кои немаат економска логика, зад кои не стои никаква ниту политичка ниту економска калкулација и коишто ќе значат само враќање во некои неизвесни времиња. СДСМ нуди извесност, нуди надеж и напорна работа за да може да го оствари она што го заслужува Македонија, како земја која културолошки, економски и по секој друг основ и припаѓа на Европската Унија", рече Ковачевски, се наведува во партиското соопштение.

Поради исклучително високи температури на Филипини учениците ќе одат на онлајн настава

Властите на Филипини денеска објавија прекин на физичко присуство на настава во сите државни училишта на два дена, по рекордно високите температури за овој дел од годината во главниот град Манила. 

Голем број училишта на Филипините немаат климатизација.

Бран исклучително топло време го погоди регионот во текот на изминатата недела со темтератури над 45 степени Целзиусови, па поради тоа властите беа принудени илјадници училишта да им соопштат на учениците да останат дома.

„Со оглед на најновата прогноза за температурите... и најавата за национален штрајк во транспортот, сите државни училишта низ целата земја ќе спроведат асинхрони часови/учење на далечина на 29 и 30 април 2024 година“, соопштија властите на Фејсбук.

Одделот за образование надгледува повеќе од 47.000 училишта низ целата земја на архипелагот.

Во Тајланд, каде што најмалку 30 луѓе починаа од топлотен удар досега оваа година, метеоролошкиот оддел предупреди на „тешки услови“ откако температурите во една северна провинција во саботата надминаа 44,1 Целзиусови степени.

И во Камбоџа, Мјанмар, Виетнам, Индија и Бангладеш, синоптичарите предупредија дека температурите би можеле да надминат 40 Целзиусови во наредните денови.

Глобалните температури достигнаа рекордно ниво лани, а ОН во вторникот соопштија дека Азија се загрева со особено брзо темпо.

Анкета: Повеќето граѓани веќе одлучиле како ќе гласаат

Дел од граѓаните велат дека веќе имаат одлучено за кого ќе го дадат гласот на осми мај.

Оние што ги анкетиравме, сметаат дека кампањата нема да влијае на нивната одлука.

Хоспитализиран таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан!!

Срѓан,таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ итно е примен во болница! 

Таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска е примен во Ургентниот центар! Информацијата ја пренесе Курир, а според Информер, таткото на првиот светски рекет го повредил рамото и затоа бил хоспитализиран!

Според информациите, повредата на Срѓан Ѓоковиќ настанала откако паднал додека ги хранел птиците. Во таа прилика тој паднал од столот и ги повредил рамото .

Во раните попладневни часови е примен на одделението за ортопедија и се чувствува добро.

- Точно е дека Срѓан Ѓоковиќ е примен во болница. Моментално е на ортопедско поради повреда на рамото. Во моментов се следи состојбата и се вршат сите потребни испитувања - вели извор на Информер запознаен со целиот случај.

Никој од семејството Ѓоковиќ се уште не се изјаснил за овој настан.

притисни ентер