Куманово подобар од Работнички, а Кожув ја совлада Струмица

Екипите на Куманово и Кожув со победи над Работнички и Струмица го започнаа вториот дел од кошаркарското првенство на Македонија односно натпреварите во Првата лига.

На средбата одиграна синоќа во Куманово истоимената домашна екипа славеше над Работнички со 83:67. Репрезентативниот тандем Бојан Трајковски – Александар Костоски беа нерешлива енигма за Работнички, двајцата заедно постигнаа 53 поени. Од нив зад името на Трајковски беа впишани 28 поени (имаше и 8 скокови), а Костовски средбата ја заврши со 25 поени, 6 скокови и 5 асистенции. Кај Работнички, најефикасен беше Александар Стефановски со 24 поени.

Кожув на гостувањето кај Струмица ја оправдаа фаворитската улога со убедливата победа со 81:65. Александар Радуловиќ со учинок од 22 поени и 8 скокови, заедно со Владимир Брчков кој постигна 18 поени беа најефикасни во редовите на гелвгелиската екипа.

Утре од 19 часот во Гевгелија ќе играат Бест – Фени Индустри.

Поради настап на МЗТ Скопје Аеродром во регионалната АБА лига, колото ќе биде комплетирано во среда (20 јануари) со дербито меѓу двете првопласирани екипи во кое Карпош Соколи ќе ја има улогата на домаќин во дуелот со шампионот.

Табела: МЗТ Скопје 11-1 (победи-порази), Карпош Соколи 10-2, Куманово 8-5, Кожув 7-6, Фени Индустри 6-6, Работнички 5-8, Струмица 3-8 и Бест 0-12 .

Осуммина повредени во украински напад на Белгород, оштетени речиси 20 станбени згради

Во украинскиот воздушен напад врз руската област Белгород во текот на ноќта осум лица се повредени, а оштетени се многу станбени згради и автомобили, соопшти денеска гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков.

Тој на Телеграм наведе дека меѓу повредените има и 11-годишно девојче, кое е хоспитализирано и додаде дека се оштетени повеќе од 30 станови во 19 станбени згради.

Како што јавуваат странските агенции, руските сили за воздушна одбрана собориле 15 ракети „Вампир“ и едно беспилотно летало во регионот на Белгород, две беспилотни летала во областа Брјанск, како и три беспилотни летала во областа Курск.

Пленковиќ им ја честита победата на Мицкоски и Сиљановска-Давкова

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ му ја честита победата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашните парламентарни избори, како и на „новоизбраната претседателка на земјата“.

- Честитки до Христијан Мицковски на убедливата изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ. Со нетрпение очекувам да продолжи одличната соработка меѓу Хрватска и Македонија, чиј европски пат силно го поддржуваме. И честитам и на новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, напиша Пленковиќ на Х.

Русија и Кина планираат да постават нуклеарен реактор на Месечината

Русија започна со развој на нуклеарна централа за планираната заедничка лунарна станица со Кина, изјави Јуриј Борисов, шеф на руската вселенска агенција Роскосмос.

Борисов, поранешен заменик-министер за одбрана, во март изјави дека Москва ја разгледува идејата за напојување на електраната со нуклеарна енергија.

„Русија и Кина ја разгледуваат можноста за поставување нуклеарен реактор на Месечината во периодот од 2033 до 2035 година, што еден ден ќе овозможи изградба на лунарна населба“, изјави тогаш Борисов.

„Сериозно го разгледуваме проектот за испорака и инсталирање енергетски реактор на површината на Месечината заедно со кинеските колеги“, изјави Борисов.

Во Русија моментално се активни 11 нуклеарни централи, додека во Кина се активни 55 нуклеарни реактори.

Борисов во март рече дека соларните панели нема да можат да произведат доволно електрична енергија за напојување на идните населби на Месечината, додека нуклеарната енергија би можела.

Тој додаде дека тоа е голем предизвик и треба да се направи без човечко присуство. Борисов потврди и дека Русија планира да изгради товарен вселенски брод на нуклеарен погон.

притисни ентер