Купиле куќа од соништата, па под паркетот откриле чудо: Тргнавме да бараме богатство

Шанија Лојд (28) и нејзиниот партнер Рос Бенет (25) кон крајот на минатата година ја купиле својата куќа од соништата во Ковентри, Англија, и решиле да ја реновираат.

Станувало збор за едвардијанска куќа, платена за 239.000 долари, која на новите сопственици им „приредила“ неверојатно изненадување.

„Работевме напорно цел ден, а потоа се сетивме дека навечер доаѓаат водоинсталатери и моравме да го отстраниме стариот под во дневната соба. Рос отиде да го реши, а потоа го слушнав како ме вика“, изјави Шанија.

Кога влегла во дневната соба, имала што да види. Рос клекнал покрај циглите наредени околу длабоката дупка. Таму имало вистински бунар!

„Влезе внатре со светилка, барајќи богатство. Мислев дека е луд“, додала жената.

Парот подоцна дознал во локалните архиви дека двокатната куќа била изградена на местото на поранешна фарма, пишува Њујорк пост.

Рос ја истражувал темната дупка и сфатил дека дното е покриено со влажна глина. Тој верува дека изворот на вода е сè уште активен.

Двојката има намера да го затвори бунарот, но ќе постави стаклена плоча за да ја истакне уникатната карактеристика во нивната дневна соба.

„Ако некој има идеја што друго можеме да направиме, слободно контактирајте нѐ“, рече Шанија.

Адетокунбо и Лилард неизвесни за натпреварот број 5 од плејофот против Индијана

Голема е веројатноста Милвоки бакс да го одиграат петтиот натпревар од серијата со Индијана пејсерс без своите двајца лидери.

Ѕвездите на тимот Јанис Адетокунбо и Демијан Лилард се очекува да го пропуштат натпреварот поради повреда.

Милвоки губи од Индијана во плејоф серијата од првото коло со 3:1 и е пред елиминација.

Петтиот натпревар ќе се игра во 3:30 часот по полноќ по македонско време.

Лилард има истегнување на Ахиловата тетива, повреда добиена во последната четвртина од натпреварот број 3 во петокот.

Адетокунбо не одигра ниту еден натпревар во серијата поради повреда на потколеницата.

НБА инсајдерот Шамс Шаранија објави дека двајцата играчи имаат непријатни повреди на мускулите кои претставуваат ризик од посериозно оштетување во случај на принудно враќање на теренот.

Во Кенија по поплавите се трага по најмалку 91 лице

Службите за вонредни ситуации на Кенија денеска трагаат по најмалку 91 лице исчезнато во поплавите што ја погодија земјата, јавија светските агенции, цитирајќи го Министерството за внатрешни работи.

Најмалку 46 лица го загубија животот изутрината во одрон и поплава во градот Маи Махиу во централна Кенија, соопшти Министерството.

Преживеаните во Маи Махиу рекоа дека водата однела куќи, автомобили и железнички линии.

Уште 53 лица се водат како исчезнати во Маи Махиу, соопшти Министерството за внатрешни работи, а 76 лица се водат како исчезнати, соопшти Црвениот крст на Кенија.

Најмалку 169 луѓе загинаа во Кенија како последица на обилните дождови и поплавите минатиот месец. Повеќе од 185.000 се раселени, покажуваат владините бројки.

Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе

Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови лица, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето до нацијата, цитирано од српската јавна телевизија РТС.

Вучиќ изрази надеж дека владата ќе биде формирана во следните два дена и рече дека повеќе од 30 отсто од неа ќе бидат „целосно нови луѓе“. Останатите ќе бидат луѓе кои покажале резултати во претходниот период.

На 17 декември 2023 година во Србија се одржаа предвремени парламентарни избори, а локални избори во Белград и во 64 други градови и општини. Коалицијата околу владејачката Српска напредна партија на Вучиќ освои 129 места, додека опозициската коалиција Србија против насилството стана втора сила во парламентот со 65 места.

Српскиот претседател ја потврди и посетата на неговиот кинески колега Си Џинпинг на Белград, која ќе се одржи на 7 и 8 мај.

Вучиќ посочи дека во Србија ќе се реализираат проекти за забрзан технолошки развој во области каде земјата нема доволно знаење, како роботика, сателитски технологии, летечки автомобили.

притисни ентер