Лицата со дијабетес утре излегуваат на протест

Повеќе од половина година на време не стигнува терапија, нема глукомери, игли и ленти, како и сетови за дечињата со тип 1 дијабет, секој нов пациент е оставен без терапија. 

Ова е нашата реалност која е сурова, вели Диме Велев, Претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија. Тој смета дека околу 150 000 граѓани од кои 45 000 со дијабетес на инсулин се игронирани, дискриминирани, понижени и речиси обезличени од властите, а тоа е и главната причина за протестот закажан за утре во 19 часот пред Министерството за здравство.

-Ние немаме ни игли за аплицирање на инсулинот, нема сетови за децата со тип 1 до 18 години за пумпи, немаат антидијабетна терапија за новите пациенти, а донесена е, склучени се договори по тендери пред два месеци. Немаме одговор за нашите барања за референтна цена за глукомери и за медицинските помагала. Немаме одговори за кога ќе ја добиеме иновативната терапија што е потпишана и треба да ни се дистрибуира. Немаме одговор за едукација, која е задолжнителна по СЗО и по дијабетолошките протоколи да ги има секој пациент кога оди на контролен преглед. Значи ние скоро ништо немаме веќе во Македонија,- вели Диме Велев - Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.

Што е уште потрагично, нема ни емпатија од сограѓаните, а тоа се докажа со скандалозниот однос на жена која дрско прекина снимање на дете со дијабет додека нејзините родители раскажуваа за предизвиците, тврдејќи оти однапред го резервирала летниковецот во градскиот парк, вели Велев. Тој вели и дека во нашата земја се случува деца со дијабет 1 да не се примаат при упис во градинка или училиште, или пак на родителите им се поставуваат разни услови.

-Го осудувам тоа што се случи, од страна на тие. Не знам, луѓе беа, физички, ама најверојатно ментачно не се луѓе. Ова е трагедија за мене, искрено ви кажувам, малку сум емотивен, не глумам, сериозно кажувам. Сакам да потенцирам дека ние имаме посериозен проблем, и од овој, во Сојузот го разговараме, моментално се подготвува и протокол за работа со деца на училиште и градинки. Ни ги одбиваат, не ни ги запишуваат дечињата со тип 1, или ги запишуваат под некои услови дека родителот треба да доаѓа да аплицира инсулин, да доаѓа да ги рани, вели Диме Велев - Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.

Од Министерството за здравство за Канал 5 велат дека застојот на набавките не е по нивна вина и бараат разбирање од пациентите за настанатите состојби.

Во моментов течат жалбените постапки на набавката на ленти, процедура која не зависи од министерството. Жалиме што набавката доцнела, а требала да се започне уште во декември од претходното раководство. Што се однесува до набавката за сензори, таа е во фаза на евалуација и се очекува набрзо да заврши. Сите деца со дијабет, како и бремените и слепите лица за првпат ќе добијат вакви сензори, велат од Министерството.

Кралот Чарлс се враќа на јавните должности

Откако се појавија вести дека состојбата на британскиот крал Чарлс се влошила и плановите за неговиот погреб биле избрзани, Бакингемската палата објави дека кралот се враќа на јавните должности.

Кралот Чарлс ќе се врати на јавните должности следната недела откако неговиот третман за рак имаше позитивен ефект. 75-годишниот монарх добива амбулантна нега и е виден само неколку пати откако ја објави својата состојба во февруари, кога се повлече од ангажманите кои вклучуваа јавно говорење.

Изворите рекоа дека кралот сè уште има рак и ќе продолжи да се лекува.

- Програмата за лекување на Неговото Височество ќе продолжи, но лекарите се доволно задоволни од досегашниот напредок што сега кралот може да продолжи со низата јавни должности. Претстојните ангажмани ќе бидат приспособени таму каде што е потребно за да се минимизираат сите ризици за континуираното закрепнување - изјави портпаролот на Бакингемската палата.

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Само оваа политичка опциа од која сум јас дел, може да понуди Македонија да биде пристојно место за живеење.

Само оваа политичка опциа од која сум јас дел, може да понуди Македонија да биде пристојно место за живеење, затоа што изминативе години, некој пат со мали чекори, но сепак одевме напред, порача кандидатот за претседател Стево Пендаровски пред граѓаните на населеното место Велебрдо.

Пендаровски посочи дека опозициската партија со себе носи опасност да ја врати државата назад во времињата на поделби, тензии и дискриминации.

„Од страна на опозицијата претстои опасност, Македонија да се враќа назад, а таа опасност е уште пореална, затоа што гледаме дека се здружуваат луѓе кои имаат други планови за државата. Не зборувам за нова војна, зборувам за квалитет на живот. За жал, овие што сега сакаат да дојдат на власт, се истите од пред седум осум години а сите знаете дека во тој случај, шанси за вработување шанси за напредување во кариерите ќе има само за нивни членови. Тога во државата имаше две категории граѓани, нивни членови и сите останати. А јас отсекогаш сум тврдел, дури и кога не сум бил во политика, дека или ќе бидеме сите рамнправни или нема да има среќа за никого“ порача Пендаровски.

Тој пред присутните посочи дека во изминатите години и тој и другите членови од власта покажале, низ примери што значи вистинска грижа за сите граѓани, без разлика на каква била нивна определба.

„Никој не бил дискриминиран по ниту еден основ, ниту од мене ниту од кој било друг, премиер, министер, градоначалник. Во нивно време беше поинку и сега сакаат да ја вратат таа стара политика. Затоа ве повикувам, на осми мај повторно со заокружување на бројот еден, да ја потврдите победата од првиот круг во ова населено место, а потоа и да ја донесеме победата во целата држава“ повика Пендаровски.

Гордана Сиљановска-Давкова порача:СДСМ и ДУИ никогаш нема да бидат тоа што сме ние!

Се срамам кога гледам дека она што е гаранција за просперитетот на било која држава, ние го имаме но тие го крадат. Мислам на енергијата, мислам на водата, мислам на земјата, на земјоделието.

Меѓутоа далеку од тоа дека тие мислат за иднината на оваа земја. Како ште гледате се силеа, се силеа, се палеа. Биле европски претседтели, биле наши претседали. Ама сега во агонијата се силат на бојкот!

Се разбира дека јас не се плашам од дебата, ќе видиме што ќе дебатираат. Но мислам дека, не само што се плашат од соочувањето туку и веќе немаат што да кажат. Нема пострашна работа од власт на заминување. Тие раскарани меѓу себе, секој ден се обвинуваат кој бил повиновен за состојбата во која што се наоѓаме. Па дури и смешни изјави даваат, дека грешеле, грешеле, ама им треба уште една можност. Демек да докажат дека не се тоа што се односно дека се тоа што сме ние. Ама тие никогаш нема да бидат тоа што сме ние!

Јас мислам дека на 8 мај ќе ни дозволите, со ваша помош, со ваш благослов, со божји благослов, да покажеме дека оваа земја има иднина! Дека оваа земја има капацитет да биде пристојна европска држава! Дека овој народ заслужува да биде горд на своите претставници! Дека оваа држава заслужува повторно да биде горда и ваша!

притисни ентер