НЛБ Банка како дел од регионална Групација која оперира на 6 различни пазари во рамки на регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), веќе четврта година по ред го реализира проектот „Рамка за помош“. Станува збор за иницијатива која има за цел да ги помогне и промовира иновативните проекти кои го подобруваат и збогатуваат нашето општество и овој пат решаваат предизвици како што се на пример: прекумерна употреба на дигитални технологии кај младите луѓе, врсничко насилство, кршење на човековите права, родова еднаквост, сиромаштија, како и предизвици поврзани со деменција и други болести на стареењето на населението.
Веќе четврта година НЛБ Банка успева да одржи континуитет во рамки на еден цел регион. Нивната порака е дека единствено заедно можеме да се справиме со клучните предизвици со кои се соочуваме во општеството, односно дека секој треба да соработува и активно да придонесе за решенија.
Во рамките на „Рамка за помош“, оваа година се даде одлична можност на оние кои работат за доброто на луѓето, односно беа избрани 10 финалисти од нашата земја, но и на секој поединечен пазар каде што работи НЛБ Групацијата, а секој од нив ќе биде награден со финансиска и комуникациска поддршка.
Потоа, регионалната комисија ќе избере 3 победници на проектот, од 60- те финалисти од Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија. Добитниците ќе бидат објавени на 9-ти мај 2024-та година во Љубљана, а ќе добијат значајна финансиска поддршка која ќе им овозможи полесно да ја реализираат својата визија и да почнат да ги менуваат општеството и светот на подобро.
Во продолжение, Ви ја претставуваме Марија Дуда од Кантрисајт Ретрит
Кантрисајд Ретрит е првиот Green Comfort Center за терапија со животни во државата. Со проектот целта ни е да понудиме бесплатна хипотерапија за лицата со физички и ментални предизвици и попречености, преку иновативна и специјализирана услуга потребна за секој поединец, а најмногу за лицата со физички и психички проблеми.Терминот хипотерапија се однесува на професионална терапија базирана на клинички пристап и наменска употреба на движењето на коњите кое ги унапредува сензорните, невромоторните и когнитивните системи во човечкото тело. Хипотерапијата ќе понуди инклузивен пристап за сите лица преку сесии со животни. Добитници сме на неколку проекти за поддршка за циркуларна економија само поради фактот дека освен хипотерапија и дружење со животните, ранчот нуди едукација и учење на посетителите за користење на природните ресурси кои ги нуди природата како: искористување на паднати овошки, искористување на природно ѓубре за наѓубрување на полињата, искористување на отпад од храна кој се фрла во заградена парцела да се суши и потоа да се создаде природно ѓубриво и слично.
Зошто е меѓу избраните?
Проектот е исклучително позитивен бидејќи поставувањето на ваков центар ќе овозможи бесплатна хипотерапија за лицата со физички и ментални предизвици и попречености .Хипотерапијата за децата со посебни потреби и нивните родители ќе придонесе кон:справување со сензорни различности; справување со предизвикувачко однесување; учење на животни вештини и личен раст и развој.