Македонката Симона Станковска прогласена за Мис Медитеран

Во конкуренција од 20 девојки, победничка на Мис Медитеран чие финале се одржа на Кипар, е Македонката Симона Станковска.

„Пресреќна сум, не е мала работа да се победи во конкуренција на медитеранска убавина. Достојно ја претставив нашата Македонија, себеси и екипата на Модното студио Црнокрак на кои им благодарам бидејќи цело време беа со мене и ми даваа поддршка“, вели 19-годишната Симона за makmoda.com.

simona 2simona 7

ФИФА се соочува со тужба поради згуснатиот календар

Сите три европски клупски натпреварувања ќе бидат проширени со по 36 екипи од следната сезона,а дополнително, од 15 јуни до 13 јули 2024 година во САД ќе се одржи и Светското клупско првенство на ФИФА со 32 екипи.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) е повикана да ги преразгледа плановите за организација на Светското клупско првенство со 32 екипи на крајот на следната сезона или во спротивно ќе се соочи со правна постапка од страна на синдикатот на играчи ФИФПРО и Асоцијацијата на светските лиги.

Сите три европски клупски натпреварувања ќе бидат проширени со по 36 екипи од следната сезона,а дополнително, од 15 јуни до 13 јули 2024 година во САД ќе се одржи и Светското клупско првенство на ФИФА со 32 екипи.

Меѓународната федерација на професионални фудбалери (ФИФПРО) и Асоцијацијата на светските лиги изразија загриженост за проширените натпреварувања во писмо упатено до претседателот и до генералниот секретар на ФИФА, Џани Инфантино и Матијас Графстром, пренесува денеска Би-Би-Си.

Во писмото се вели дека таквиот распоред „ги загрозува националните лиги и влијае на здравјето и благосостојбата на играчите“.

Двете здруженија имаат намера да ги поднесат своите прашања до Советот на ФИФА на состанокот закажан за 17 мај во Бангкок.

Доколку ФИФА одбие да се заложи за решавање на проблемот, двете здруженија најавија дека ќе се советуваат со своите членови околу натамошните опции, не исклучувајќи притоа и преземање правни мерки против ФИФА.

Иранците гласаат во вториот круг од парламентарните избори

Жителите на 22 изборни единици низ државата ќе изберат 45 пратеници од 90 можни. Од нив, 15 се сметаат за умерени кандидати. Во главниот град Техеран ќе бидат избрани 16 пратеници меѓу 32 кандидати, сите од групата.

Иранците денеска гласаат во вториот круг за останатите испразнети места во Парламентот на Исламската Република, откако во првиот круг од изборите во март доминираше најголемата тврдокорна група, составена од поранешни членови на елитната Револуционерна гарда и поврзаната милиција Басиџ, како и други политичари лојални на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Жителите на 22 изборни единици низ државата ќе изберат 45 пратеници од 90 можни. Од нив, 15 се сметаат за умерени кандидати. Во главниот град Техеран ќе бидат избрани 16 пратеници меѓу 32 кандидати, сите од групата.

На изборите во март, тие освоија 200 места во Парламентот со 290 места, додека поумерените кандидати освоија 45 места. Излезноста на гласачите беше 41 отсто.

Конечните резултати се очекуваат в понеделник, иако пребројувањето на гласовите во помалите изборни единици најверојатно ќе заврши порано.

Иранскиот Парламент има секундарна улога во управувањето со земјата. Врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи го има последниот збор за важни прашања во Исламската Република.

Британската економија оствари раст за 0,6 oтсто во првиот квартал од годинава и излезе од рецес

Економијата во Велика Британија, според прелиминарните проценки, оствари раст за 0,6 отсто квартално во првиот квартал од 2024 година и излезе од техничката рецесија, објави денеска Британската канцеларија за национална статистика (ONS).

Кварталниот раст во британскиот услужен сектор е 0,7 отсто, во преработувачкиот сектор 0,8 отсто, додека градежништвото падна за 0,9 отсто, пренесува „Гардијан“.

На годишно ниво, британската економија оствари раст за 0,2 отсто во однос на истиот квартал од 2023 година.

притисни ентер