МАНУ го слави 100 роденден на академик Ѓорѓи Филиповски

Во МАНУ денеска се одржа свеченост по повод роденденот на академик Ѓорѓи Филиповски, единствениот жив од тројцата основачи на оваа институција. тој на 6 мај наполни 100 години.

Академик Филиповски и академиците Блаже Конески и Харалампије Поленаковиќ биле тројцата члена на првата комисија задолжена за формирање на МАНУ, основана на 23 февруари 1967.

Академик Филиповски важи за основоположник на современите педолошки истражувања во земјава. Неговите најзначајни активности од наставно-научната и општествена дејност се и сведоштво за почетоците на формирањето на првите високообразовни институции во земјава, како универзитетот „св. Кирил и Методиј“, Земјоделско-шумарскиот факултет, МАНУ.

Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд

 Во среда ќе има изолирана, а во четврток на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме, соопшти УХМР.

Од петок и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, ќе дува северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени.

Бојмацалиев: Над 603.000 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, во првото тримесечје од 2024

Како што соопштија од МВР, делегацијата го посетила терминалот на аеродромот, како и Граничната меѓуагенциска единица (ГМЕ). 

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ Сашо Тасевски, и помошник директорот на Одделот за граничи работи и миграции, Сашо Смилески, денеска оствариле работна средба со раководството на полициска станица за граничен проверки „Меѓународен аеродром” Скопје.

Како што соопштија од МВР, делегацијата го посетила терминалот на аеродромот, како и Граничната меѓуагенциска единица (ГМЕ). Притоа, од страна на раководството билеа брифирани за резултатите на оваа организациска единица при Регионалниот Центар Север во рамки на Бирото за јавна безбедност на МВР.

- Во првото тримесечје на Полициската станица за гранични проверки „Меѓународен Аеродром”, во однос на работата на оваа организациска единица бележиме зголемен проток на патници во однос на истиот период лани, со вкупно регистрирани 603.537 од кои домашни 296.728 и странски 306.809 патници, а во фреквенција биле и 2507 домашни и странски воздухоплови. Во однос на регистрирани кривични дела, бележиме два откриени случаи на фалсификувани документи. Поднесени се 65 прекршочни пријави и извршени 92 претреси на лица, лишени од слобода 14 лица, приведени 78 лица”, информирал Бојмацалиев по средбата, се наведува во соопштението.

55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

Османи: Успеавме државата да ја поставиме на пиедесталот на меѓународната сцена

Денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните достигнувања на дипломатијата во последните четири години. На 55 години, или повеќе од половина век, од создавањето и развојот на дипломатската служба, Османи ја истакна цврстата заложба и непоколебливиот стремеж на дипломатите за максимален придонес кон изградбата на нашата држава како отворено, културно богато, развиено и плуралистичко општество. Воедно, потенцира дека вистински успех е етаблирањето на државата во меѓународнaтa сцена како модерна и стабилна земја, успешен модел на функционална мултиетничка демократија, членка во сите важни регионални и меѓународни организации, земја која ги почитува меѓународните принципи и правила и земја која помага на другите земји при потреба.

“Во изминатите четири години направивме многу, како во однос на исполнувањето на главните стратешки приоритети во надворешната политика, така и во однос на реализацијата на нови проекти и иницијативи и со гордост можам да заклучам дека и покрај условеноста од комплицираните регионални и меѓународни случувања, успеавме Македонија да ја поставиме на пиедесталот на меѓународната сцена како активен, доверлив и кредибилен фактор во глобални рамки“ истакна Османи.

Меѓу клучните достигнувања Османи ги издвои: почетокот на преговорите за членство во Европската Унија и целосната стопроцентна усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ; Стратешкиот дијалог со САД; поддршката на Украина; заедничкото учество со сојузниците во мисиите предводени од НАТО долж Источното крило на Алијансата, во рамки на зајакнатото истурено присуство во Латвија, во Романија и во Бугарија.

“Направивме видливи промени во регионални рамки, наметнувајќи се како регионален лидер во промовирањето на добрососедската политика преку изнаоѓање решенија на долгогодишните отворени билатерални прашања и преку промовирање стабилност во регионот. Како посебна додадена вредност за промовирање на државата во меѓународната сцена и во регионот беше иницирањето и развивањето на платформите: Преспа форум за дијалог, кој во јуни 2024, ќе го доживее своето четврто издание, неформалната платформа за политичка соработка Иницијатива Б6 и Иницијатива 8 за поддршка на инвестициските проекти долж Коридорот 8” додаде Османи.

Османи ги изброи и следните успеси: членството во Црноморската економска соработка во 2020 г., во Меѓународната организација за сеќавање на холокаустот во 2021 и во Унијата за Медитеранот во 2022 г.; успешното претседавање со Фондот за Западен Балкан во 2021 г., со Медитеранските партнери на ОБСЕ во 2022 г., со ОБСЕ и со САД-Јадранската Повелба во 2023г. и актуелното претседавање со ПСЈИЕ кое ќе го завршиме во јуни оваа година, а во чии рамки како посебно значаен дел ќе биде одржано и четвртото издание на Преспа форумот за дијалог како и екипирањето на дипломатско конзуларните претставништва, унапредувањето на економската дипломатија, проектот МКарта, поставувањето базни и мобилни станици и СОС дежурната линија во ДКП-та.

Историјата на институција надлежна за надворешната политика започна на 29 април, пред точно 55 години, во Скопје, кога беа зачнати корените на дипломатската служба со формирањето на Бирото за односи со странство. По стекнувањето на независноста во 1991 година, ова исто тело прерасна во Секретаријат за односи со странство, за три години подоцна, конечно да се трансформира во Министерство за надворешни работи.

притисни ентер