Медалистот Трајковски на прием во Агенцијата за млади и спорт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски, денес организираше прием за македонскиот каратист Витомир Трајковски кој пред три дена освои сребрен на Европското првенство У-21 во Тбилиси, Грузија.

Мојсовски му го честиташе големиот успех на младиот Трајковски и му порача да не застанува тука, туку да продолжи со напорна работа до уште поголеми резултати.

- Каратето во континуитет не радува со големи остварувања. Такво е и ова постигнување на Трајковски. Ние како АМС и како држава стоиме зад нашите каратисти и даваме безрезервна поддршка која ќе ја имаат и во иднина. Трајковски покажа дека можеме да се носиме со големите сили. Сребрениот медал е резултат на квалитетна и макотрпна работа. Наше е да ти обезбедиме беспрекорни услови за работа, како и средства за учество на големи турнири и натпреварувања, а твое е да продолжиш да работиш со несмален интензитет. На добар пат си да успееш и во сениорска конкуренција и ја имаш целосната наша поддршка, истакна Мојсовски.

Претставникот на KK „Макпетрол“ е единствениот член на македонската репрезентација кој на шампионатот во Грузија се закити со одличје. Трајковски се натпреваруваше во возрасната категорија У-21, и се пласира во финалето во тежинската категорија до 84 килограми. Тој освои сребрен медал без пораз, по нерешениот резултат од 3:3 во финалната борба, бидејќи Ерменецот Гор Нерсисјан зема прв поен во мечот.

- Златото ми избега за десетина секунди. Моменти го одлучуваа победникот. Моја цел е на следните големи натпреварувања да освојам злато, истакна македонскиот каратист и се заблагодари за поддршката што ја добија од АМС.

Трајковски претходно извојува четири победи во елиминацискиот дел од првенството и тоа со Давиде Лучијани (Италија) 3:2, Мелос Гаши (Албанија) 1:0, Никита Сахвон (Русија) 6:1, додека пак во полуфиналето беше подобар од Салих Халиловиќ (БиХ) со 2:1.

На Европското првенство во Тбилиси настапија над 1.100 каратисти од 49 земји.

ВРЕДИ: Зголемување на платите за здравствените работници - Подобра грижа за граѓаните!

Граѓаните на Македонија заслужуваат современа здравствена заштита и мотивирани вработени.

Ова е наш приоритет! Од моментот кога ВЛЕН го презеде раководството на Министерството за здравство, почнавме да го подигаме здравството од клиничката состојба каде што го остави претходната власт. Зголемувањето на платите за сите здравствени работници е само првиот чекор!

Што постигнавме?

• Ги зголемивме платите за сите вработени врз основа на новиот коефициент. Секој вработен ќе добива по 3.636 денари повеќе месечна плата.

• Лекарите за итна помош и оние кои работат во тешки услови сега се наградени за нивната посебна работа.

• Не ги заборавивме медицинските сестри и вработените кои се грижат за стари лица или деца на интензивна нега. За нив обезбедивме зголемување на платите за да ги исправиме неправдите од минатото.

Зошто го правиме ова? Затоа што веруваме дека нашите лекари и медицински сестри заслужуваат подобри услови! Затоа што знаеме дека граѓаните заслужуваат квалитетни услуги, почит и здравствена заштита како во најразвиените земји.

Почетокот на спроведувањето на долгоочекуваните реформи донесе надеж. Напорите за подобрување ги осетуваат пациентите, лекарите и целиот медицински персонал, како и администраторите. Здравството во изминатите години го загуби не само угледот и довербата, туку и квалитетот на најчувствителните услуги на пациентите.

Ова е само почеток! Со ВЛЕН здравјето ќе стане пример за успех во државата.

Здравјето на граѓаните е наш приоритет број еден

ВРЕДИ

„Макпетрол“ го освои 50 медал на најсилните карате натпреварувања

Пласманот на Стефан Стојановиќ на првата позиција на Светската младинска лига во Венеција е јубилеј за карате клубот „Макпетрол“. 

За скопската екипа ова е успех од особено значење затоа што е 50 одличје освоено на најсилните натпреварувања организирани од Светската карате федерација (WKF). Овие медали се од највисоко рангирани натпревари: светски златни лиги, светски премиер карате лиги, светски купови за млади и светски премиер лиги, серија А. натпревари.

Во витрините на карате клубот „Макпетрол“ досега има 11 златни, 13 сребрени и 26 бронзени медали. Импозантните статистики со право го ставаат овој спортски колектив како историски најтрофеен и најуспешен македонски карате-клуб. Ако на тоа се додадат седум освоени медали од официјални светски шампионати и 18 медали од Светските универзитетски првенства, тогаш скопската екипа има вкупно 75 одличја со префиксот „светски“.

Натпреварувачката 2024 година за „Макпетрол“ беше успешна. Круна е освоениот златен медал на каратистот Стефан Стојановиќ, на Светската карате лига во Венеција. Претходно тој во Пореч на Светската младинска лига беше финалист и освои сребрен медал, а на Официјалното Светско првенство во Венеција, освои бронзен медал. Континуитетот на освојување медали на светски натпревари придонесоа тој да биде најуспешен млад спортист на Македонија за 2024 година. Во сениорска конкуренција Петар Заборски освои бронзен медал во Атина, на Светската 1 Премиер карате лига серија А, а тоа придонесе бројот на освоени медали од овој тип на натпревари оваа година да се заокружи и да стане историски.

Парламентарни и претседателски избори во Гана

Во Гана денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори, а гласачките места се отворени од 7 часот наутро.

Претседателот на Гана, Нана Акуфо-Адо ќе се повлече од функцијата следниот месец, откако имаше два мандати според Уставот.

Во изборната трка се 12 кандидати, но најмногу вниманието е насочено кон ривалите, потпретседателот Махамуду Бавумија, кој е поддржан од Новата патриотска партијана Акуфо-Адо, и поранешниот претседател Џон Драми Махама од Националната демократска партија./МИА

притисни ентер