Меѓународен турнир во пливање „13 ноември“

Вчеравечер, во базенот кој функционира во состав на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржа осмото издание на Меѓународниот турнир во пливање „13 Ноември“.

Станува збор за традиционален спортски настан, кој се организира во пресрет на одбележување на Денот на ослободувањето на Скопје (13. Ноември) .

Натпреварувањето го организираше пливачкиот клуб „Бета Шаркс“, со овогодинешна поддршка од Општина Карпош. На дводневниот пливачки турнир учествуваа натпреварувачи од земјава, соседните држави и регионот.

Турнирот го отвори градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој на учесниците им посака спортски успех и уште многу учества на пливачките турнири:

Како локална самоуправа навистина многу инвестираме во спортот, во подобрување на спортската инфраструктура. Доделуваме стипендии на ученици – спортисти, а меѓу нив има и пливач(к)и. Исто така, во постапка сме за изведба на еден училишен, затворен базен во „Јан Амос Коменски“. Искрено се надевам дека имате убав престој во Скопје и од тука ќе си заминете со нови пријателства, достигнувања и лични рекорди во пливање, рече Богоев.

Турнирот започна со трка на лица - деца со попреченост, кои само уште еднаш потврдија дека спортот не познава граници и бариери.

Потоа продолжија натпреварувањата и во другите дисциплини, а Богоев ги додели медалите и дипломите за најуспешните.

Општина Карпош и понатаму ќе вложува во развој на спортот на локално ниво. Интензивно се работи на обновување на училишните сали и игралиштата. Примарна цел е да се создадат подобри услови за спортување, што би резултирало со остварување на подобри резултати на спортистите, како на домашно така и на меѓународно ниво.

Се враќа ли од утре старата цена на осигурителните полиси?

Утре владината комисија при Министерството за финансии за автоодговороност ќе одлучува за новата цена за осигурување на возилата. 

Според неофицијални информации, поскапувањето за 15 % кое го донесе Нациналното биро по барање на осигурителните компаниии - комисијата при ресорното министерство ќе го поништи, со што се очекува да се врати старата цена .

Претходно реагираа и од Агенцијата за супервизија на осигурување од каде посочија дека зголемувањето на цената е неорпавдано.

Од Националното биро за осигурување пак велат дека цената на авто-осигурувањето е непроменета од 2008 година, и според нив, поскапувањето на осигурителните полиси е реално, поради како што велат – повисоките цени на автомобилите и резервните делови.

Одбележана 23-та годишнина од смртта на припадникот на безбедносните сили, Роберт Петковски

Со положување свежо цвеќе пред спомен плочата во Бунарџик, општина Илинден ја одбележа 23-та годишнина од трагичната смрт на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерството за одбрана, трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.

Како што информираат од Општината, свежо цвеќе положиле членовите на семејството на Роберт Петковски, претставници на општина Илинден предводени од градоначалникот, Александар Георгиевски, припадниците на специјалната единица „Волци“, претставници на месната заедница и жители на Бунарџик.

Во чест на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили, кој бил член на фудбалскиот клуб „Бунарџик“, а под покровителство на градоначалниот Георгиевски, се одржува традиционален меморијален турнир во фудбал.

Фудбалскиот натпревар се одиграл на ново реконструираното фудбалско игралиште во Бунарџик, кое го носи името „Роберт Петковски“ каде Општина Илинден изврши целосна замена на асфалтниот слој, поставено лед осветлување, заштитна ограда, нови голови, клупи, корпи за отпадоци и партерно уреден простор.

Павле Трајанов реизбран за претседател на Демократски сојуз

Павле Трајанов денеска на конрес е реизбран за претседател на Демократски сојуз.

На конгресот на кој присуствуваа над 400 делегати и гости, беше избран Централен совет на партијата од 80 члена. Меѓу приоритетите, Трајанов нагласи дека се неопходни коренити уставни измени, односно нов Устав, зашто како што рече, амандманите на актуелниот го блокираат развојот и демократијата.

На седмиот Конгрес на Демократски сојуз на кој присуствувале над 400 делегати и гости бил избран Централен совет на ДС од 80 члена, а за претседател реизбран Павле Трајанов

Како што информираат од ДС, Конгресот усвоил и повик до граѓаните да се вклучат во промените, во кои меѓу другото стои дека се неопходни темелни реформи и кадровска обнова.

- Македонија е заглавена во политичко мочуриште, неопходни се темелни реформи и кадровска обнова доколку сакаме да се придвижат напред сите процеси. На овие избори се одлучува за тоа дали ќе се вградат во системот вредности кои независно од власта ќе гарантираат изградба на пристојна и модерна европска држава, држава на слободни и креативни граѓани, горди на самите себе и на државата на која и припаѓаат и ја градат. Македонија мора да успее, тоа е наша должност и завет пред идните генерации. Да се биде или не, за тоа одлучувате Вие граѓаните! Излезете на гласање и определете ја иднината на Македонија, демократска, слободна, силна и почитувана од сите, соопштуваат од ДС.

На Конгресот, Трајанов нагласил дека на претстојните претседателски и парламентарни избори ќе се одлучува за тоа дали ќе опстоиме како самостојна, суверена и независна држава, дали ќе се случат промени кои значат градење на демократска и европска држава или ќе тонеме во корупција, деструкција и разградување на темелните вредности.

Трајанов зборувал и за приоритетите на Демократскиот сојуз, меѓу кои посебно ги посочил коренити уставни промени, односно нов Устав, донесување на нова стратегија за борба против тешките облици на криминал и високата корупција и донесување на Законот за формирање на независна Агенција за борба против овој вид на криминал, деблокирање на евроинтеграциските процеси преку градење на широк политички и граѓански консензус околу следните работи, реформирање на системот за безбедност, слободна пазарна економија, бесплатно здравство и образование и создавање услови за младите да останат во Македонија.

Тој ги повикал делегатите на конгресот, членовите и симпатизерите на Демократскиот сојуз, како и сите граѓани, да излезат масовно на 8 Мај и да гласаат за претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, и за кандидатите за пратеници од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

притисни ентер