Мицкоски: Подавам рака да помогнам на владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

 Дупката во буџетот постојано се поместува, од 1 милијарда и 200 милиони евра за која Заев збореше до пред некој ден, вчера велат дека стана 2 милијарди па ќе слушнете и 3 милијарди евра.

Има ли некој кој верува дека денес е Македонија на прав пат?

Дупката во буџетот постојано се поместува, од 1 милијарда и 200 милиони евра за која Заев збореше до пред некој ден, вчера велат дека стана 2 милијарди па ќе слушнете и 3 милијарди евра.

Јас сум сериозно загрижен дека државава е пред прагот на најголемата економска криза од нејзиното осамостојување до денес.

Светот е сериозно погоден од здравствена криза, но Македонија има уште еден голем проблем повеќе, тоа е економската криза. И не се знае што е полошо во вакви моменти, пандемијата со корона или неспособноста, бавноста и неодлучноста на Владата да се справи со економската криза. А кризата значи беспарица, отпуштања, руинирана економија, голема сиромаштија.

Три години предупредував за лошите индикатори во економијата. Бев оквалификуван како популист, како човек кој залутал во политиката и не знае економија, па ќе се дрзне еден неуспешен премиер дури да дели часови по економија. Со исмевање гледаа на оние кои укажуваа дека ни се случува крах и слепа улица потоа. А денес, веќе ниту со медиумска поддршка не можат да ја сокрија рецесијата и кризата која ни се удира од глава, и ни велат треба да стиснеме заби.

Тие се причинителите, ама сите ние треба да живееме со последиците на нивното незнаење.

Целта на оваа прес конференција не е трката по политички поени. Податоците до кој дојдов го вклучуваат црвениот аларм. Државата и економијата се лизга од раце. Постојано сум во комуникација со бизнис фелата, со професори, економисти, стопанственици. Без исклучок велат дека состојбите се алармантни.

И ова не го говорам од политички и политикански побуди, туку фактографски со бројки. А тие се немилосрдни. Таа дупка која што тврдат дека е 1 милијарда и 200 милиони евра не е случајно направена. Она што владата нема да го признае, а сега јасно се гледа од податоците, е дека ние сме биле во сериозна финансиска криза дури и пред почетокот на кризата со корона вирусот. Тоа е така затоа што Владата целиот буџет недомаќински го концентрирала кон слевање на пари за изборен поткуп за изборите кој беа димензионирани во месец април. Поради партиски интереси се пристапило кон кревање на расходите во буџетот, без за тоа да има покритие. Се креваа плати за да се корумпираат целни групи, се делеле бонуси, повишоци, вработувања на државна сметка, енормно се зголемува бројот на договорни вработувања, а нема за жал раст кој што сето тоа може да го издржи и да го покрие. Поради изборите и изборниот поткуп, што би рекол народот ги пуштиле нозете многу повеќе од тоа што ни е долга чергата.

За првите два месеци е направен буџетски дефицит, замислете од цели 70 милиони евра. Во месец јануари милијарда и 200 милиони денари, додека пак во месец февруари таа бројка надминува 3 милијарди денари или околу 50тина милиони евра. Значи потрошиле 50тина милиони евра повеќе отколку што собрале во буџетот. За тоа време направено е ново задолжување од 250 милиони евра и ли некаде околу 15 милијарди денари. За волја на вистината околу 9 ипол милијарди се обврски кои што треба да сервисираат евро обврзница издадена во минатото, но, затоа пак останатите 4 милијарди 300 милиони денари се практично обврски кои што ги создала оваа влада во месеците јануари и февруари и таа мала ликвидност која што постоела во буџетот ја потрошиле предизборно со една цел а тоа е обид за поткуп на различни целни групи.

Не се мислело за до крајот на годината, бидејќи изборите им биле пред и над се. Ова не го зборувам затоа што сакам да водам политиканство туку едноставно сите оние кои што следат и пратат економија можат Извештајот за реализација на Буџетот во месеците јануари и февруари да го најдат на страницата на министерството за финансии. Недомаќинското работење доведе до лоша кондиција на буџетот. И таа е уште полоша со финансиската криза предизвикана од корона пандемијата.

Да преминам на суштината и најважното за денес. Во ваква една ситуација видливо е дека владата нема стратегија, ниту одржлив план. И не е ова време кога политички треба да се пресметуваме или докажуваме. На народот му е преку глава од обвинувања и политиканство, на народот му треба сигурност и здравје. Да е сигурен дека се има план и му требаат луѓе на кои што може да им верува.

Како лидер на ВМРО-ДПМНЕ за мене е јасно дека на владата и треба помош, исто како и на државата. И јас подавам рака за да помогнам. И сум силно убеден дека она што го предлагаме и овие предлози кои ги нудиме е излезот од оваа криза. Затоа подготвен сум ако треба да дојдам во влада и да ги образложам, да ги одбранам решенијата, да споредиме и да се извлечеме од оваа криза, а да го аплицираме она што е најдобро за Македонија и за нејзини граѓани.

Еве го начинот на кој што владата може да дојде до 1 милијарда 200 милиони евра без кратење на плати, удирање по бизнисот и работниците. И тоа ќе го соопштам во три чекори.

Покрај веќе она задолжување кое што како процедура е отпочнато, а владата бара 400 милиони евра како заемобанките и заемодавателите и останати околу 200 милиони од ММФ и Светската банка која што доколку успешно се реализираат средствата би биле достапни за бизнисот и за граѓаните некаде во првата половина на месец мај. Вториот чекор кој што всушност треба да биде и прв чекор е веднаш благајничките записиа кои што стерелизираат од прилика 25 милијарди и 200 милиони денари средства ликвидност на банките во Народната банка веднаш да бидат откажани за месеците кои што следат и наместо тие благајнички записи да бидат запишани државни хартии од вредност кои што ќе ги издаде министерството за финансии и ќе имаат рок од еден месец и така секој месец тие ќе се обновуваат и продолжуваат.

Вториот чекор кој што го нудиме а голем број европски држави, пред се тука мислам на Балтичките држави кои што во времето на финансиската криза во 2008 и 2009 година, потоа државите од Централна Европа, како што е Полска, Унгарија го направија во услови на криза а тоа е средствата кои што беа уплаќани во вториот задолжителен приватен пензиски фонд со уредба на владата да бидат пренаменети и наместо во вториот задолжителен приватен пензиски фонд да бидат од први април да бидат уплаќани во државниот задолжителен пензиски фонд. На тој начин ќе се обезбедат дополнителни 10 милијарди денари кои што ќе гарантираат стабилна, сигурна и навремена исплата на пензиите на пензионерите. Еве начин како да обезбедиме дополнителни 35, 36 милијарди денари заедно со оние 600 милиони евра кои што веќе тргнавме во потрага во обезбедување во Светот, ќе значи сигурно, надежно и безбедно пребродување на оваа пред се здравствена, а потоа и економска криза.

Тоа е планот 1 милијарда и 200 милиони евра кои што веднаш владата може да го реализира. Повторувам веднаш без одлагање, бидејќи свесни сме и ние и сведоци сме дека се што во минатото ВМРО-ДПМНЕ и јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ предложивме беше на прво одбиено, за да 15 – 20 дена потоа беше аплицирано, за жал задоцнето и ефектите од таквата апликација изостанаа.

Затоа стојам овде и ве предупредувам, аплицирајте го ова за веднаш да излеземе од оваа финансиска криза. Благајничките записи заменете ги со државни хартии од вредност и оние средства кои што требаа да се уплаќаат во вториот задолжителен приватен пензиски фонд да бидат со уредба со сила на закон на владата пренаменети во средства кои што ќе се уплаќаат во првиот задолжителен државен пензиски фонд.

Сосема на крај сакам да упатам три пораки. Првата е до неспособните министри во владата на СДСМ, немојте да кревате паника, немојте да ја плашите администрацијата, затоа што ефектите од тој страв кој што вештачки и артифицијално го наметнувате дека ќе немало средства за плата на администрацијата, може да доведе до паника, а паниката може да предизвика несогледливи, негативни ефекти врз нашата македонска економија. Доколку вие не сте како карактери подготвени да се справите и да работите под притисок, напуштете ги местата и оставете им на луѓе кои што се подготвени да работат под притисок и знаат како да се справат со предизвиците.

Втората порака е кон администрацијата, сите оние кои што ве убедуваат дека урамниловката е решение, јас стојам пред вас и ви велам, не тоа не е решение. Се консултирав и со мојот стратешки соработник професорот Хозе Караско кој што предава на кралскиот универзитет во Мадрид Шпанија и споделивме искуства. Таков случај воопшто не постои, ниту во Европа, ниту во Светото. Но, сакам да бидам искрен како што впрочем секогаш сум бил искрен со вас, кратење мора да има, тоа кратење во месец март според нашите анализи ќе биде до 10проценти, а потоа од месец за месец ќе го анализираме и врз основа на тие анализи ќе носиме заклучоци и ќе предлагаме до владата. Но ве уверувам сето она кое денеска заеднички ќе го скратиме ќе ви биде во подобри времиња вратено. Верувајте затоа што ВМРО-ДПМНЕ, јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ имам единствена цел сите заеднички да ја победиме оваа пандемија, а потоа сите заеднички да ја победиме економската криза и да излеземе сите заедно сплотени и обединети како победници од целата работа.

Трета работа која што исто така сакам да ја упатам до пензионерите, а тоа е доколку се аплицира овој предлог кој што ВМРО-ДПМНЕ го предлага и тие 10 милијарди денари кои што беа предвидени да се слеат во вториот задолжителен приватен пензиски столб, се слеат во првиот задолжителен државен пензиски столб ќе има пензија за сите. Ќе има пензија навреме без доцнење и во времето на кризата.

Конечно на крај сакам да упатам порака до бизнисот и сакам да упатам порака до владата. Ви ја подавам оваа рака за да седнеме и да разговараме. Едно е битката да се санираат последиците од пандемијата но и од економската криза, а онаа позначајната и поважната битка е како во услови на ваква пандемија и како во услови на ваква економска криза да го раздвижиме стопанството да може да создава производ, да може да создава додадена вредност за да ја одржиме економијата онолку колку што можеме за да веднаш после првиот ден откако ќе престане оваа криза и здравствена и финансиска го достигнеме максимумот и зошто да не и повеќе од тој максимум.

Она што како ВМРО-ДПМНЕ во периодот планираме да го спроведеме подготвени сме навремено да ја информираме и јавноста но и оние самобендисани министри во владата на Македонија.

Ви благодарам на вниманието

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

притисни ентер