Мијушковиќ: Поддршката од сите ми е утеха за грешката

Одбранбениот фудбалер на Вардар, Немања Мијушковиќ на дуелот со Динамо Загреб во квалификациите за Лигата на шампионите, при еден центаршут од десната страна, во обидот да ја расчисти топката, само го измами голманот Томе Пачовски и постигна автогол.

Црногорецот истакнува дека му е многу тешко за таа ситуација, но дека соиграчите и стручниот штаб му помогнале да го преброди тој шок кој во тие мигови му се случуваше.

- Бев во целосен шок, не можев да верувам што ми се случи во тој момент. Мене ми беше најтешко во тие мигови, и криво ми е за Вардар, за целиот тим. Не можете ниту да замислите што ми се случуваше во тие моменти кога ја видов топката во мрежата. Да беше грешката на средината на теренот немаше да ми биде толку криво, ама на пет метри од голот... Верувајте бев во голем шок, и сакам да им се извинам на сите за оваа ненамерна грешка. Цела година се подготвуваме за овој натпревар, и потоа се случува вакво нешто. Јас некако ќе поминам низ ова, но ми е многу жал за тимот, за соиграчите, за Вардар, изјави Мијушковиќ за клупската веб страна.

Стоперот на „црвено-црните“ објаснува што му се случувало во тие моменти кога Динамо дојде во водство.

- Додека леташе топката кон петерецот цело време помислував да ја смирам и да ја изнесам мирно, но, во последен момент одлучив да ја исфрлам што подалеку. Згора на тоа дојде на левата нога. Сигурно дека немав намера така да заврши. Бев во шок кога видов дека топката заврши во нашиот гол, рече Мијушковиќ.

Сепак, за да ја заборави оваа ситуација и да продолжи да игра, му помогнале соиграчите на теренот, стручниот штаб кои во тие тешки мигови му даваа целосна поддршка.

- Секако дека сите од играчите и од нашиот стручен штаб ми дадоа огромна поддршка. Веднаш ми пријдоа и ме бодреа, и многу ми помогнаа да продолжам во натпреварот. Да не беа тие не знам како ќе продолжев понатаму. После мечот во соблекувалната ми рекоа дека сум играл добро после грешката, а, верувајте дека не се сеќавам многу од мечот, со оглед дека цело време во главата ми се вртеше таа ситуација. Што би кажал повеќе, освен да им се заблагодарам на поддршката на сите мои колеги, на стручниот штаб и на публиката и да ветам дека јас и моите соиграчи во Загреб ќе се обидеме да направиме сензација. Не планираме да се предадеме, затоа што уште ништо не е готово.

Вардар во вторникот на домашен терен загуби од Динамо Загреб со 2:1 во натпревар на кој македонскиот шампион три пати ја погодуваше рамката на противничкиот гол. Реваншот е на 20 јули во Загреб. /МИА

Кит се насукал на брегот на Орегон и експлодирал- го наполниле со 450 килограми динамит (ВИДЕО)

Поминале повеќе од 50 години, а луѓето сè уште раскажуваат за бизарниот настан снимен на брегот на Орегон.

Безживотно тело на кит, долго 14 метри и тешко осум тони, се насукал на плажата Флоренс. По неколку дена почнал да смрди, па надлежните реагирале.

Првично било планирано телото да биде закопано во песок, но постоела можност морето да го врати на површината, пренесува LadBible.

На крајот била донесена одлука телото да се наполни со 450 килограми динамит и да се разнесе. Расфрланите остатоци од китот, како што се очекувало, би биле изедени од диви животни.

Специјализирани екипи опколиле дел од плажата, каде се собрале љубопитни луѓе. Еден од граѓаните, искусен во рударството, предложил да се користи помалку експлозив, но не го послушале.

Телевизиските камери го снимиле целиот настан, вклучувајќи ја и детонацијата која го фрли лешот 45 метри во воздух!

Парчиња месо почнале да паѓаат врз насобраните луѓе и претставници на медиумите, а сѐ се претворило во катастрофа.

За среќа немало повредени, а оштетен бил и еден автомобил. Интересно, му припаѓал на човекот кој ги предупредил властите да ја намалат количината на динамит.

Сепак, најлоша била миризбата што се ширела покрај плажата, а очевидци велат дека била „двојно полоша“ од пред детонацијата.

Овој инцидент бил сфатен сериозно, а властите научиле како да не се справуваат со мртвите китови.

Турција ја одложи забраната за трговија со Израел

Турското Министерство за трговија соопшти денеска дека компаниите од таа земја имаат рок од три месеци да достават предвремени нарачки за производи во Израел.

Турското Министерство за трговија соопшти денеска дека компаниите од таа земја имаат рок од три месеци да достават предвремени нарачки за производи во Израел, што израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го поздрави како победа за земјата, откако Турција минатата недела објави забрана за трговија со Израел поради офанзивата во Газа.

„(Претседателот Реџеп Тајип) Ердоган повлече и откажа многу трговски ограничувања и поуката е јасна: не смееме да се предадеме на заканите на диктаторите и мора да создадеме алтернативи за да не зависиме од човек од Муслиманското братство кој може да спречи сè во секое време“, напиша Кац на платформата Икс.

Претставник на турското министерство изјави дека укинување на забраната „не доаѓа предвид“ и дека станува збор само за тримесечно одложување за време на кое турските компании можат да ги испорачаат постоечките нарачки до Израел, преку трета земја.

На 2 мај Турција објави дека го прекинала извозот и увозот од Израел поради воената операција во Појасот Газа.

Шпанскиот суд ја отфрли втората тужба против Шакира поради данок

Шпанскиот суд денеска ја отфрли даночната истрага против колумбиската поп-ѕвезда Шакира, откако обвинителите одлучија да не покренуваат обвиненија.

Шакира се согласила на спогодба минатата година за да избегне судење во Барселона поради наводите дека не ѝ платила на Шпанија данок на доход од 14,5 милиони евра од 2012 до 2014 година.

Судот во градот Есплугес де Лобрегат, во близина на Барселона, објасни дека нема докази за поддршка на тврдењето на тужителот дека Шакира „свесно и доброволно ги испуштила информациите и документацијата“ кога ја подготвувала нејзината даночна пријава за 2018 година.

Пејачката, која има продадено милиони албуми ширум светот, живееше со поранешната шпанска фудбалска ѕвезда Жерар Пике 11 години и заедно имаат две деца. По разводот се преселила во Мајами.

притисни ентер