Мурињо останува во Челзи најмалку до зимската пауза

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович одлучил тренерот Жозе Мурињо да остане во клубот барем до зимскиот преоден рок, а ако работите тргнат на подобро, тогаш и до крајот на сезоната, пишуваат англиските медиуми.

Би-Би-Си објави дека сепак постои и план Б, доколку Мурињо не успее да го стабилизира тимот. Наводно, Абрамович има две опции. Првата е Диего Симеоне од Атлетико Мадрид да биде донесен во текот на зимскиот преоден рок. Аргентинецот веќе остварил средба со рускиот милијардер и побарал 200 милиони евра за засилувања.

Втората варијанта е доколку Мурињо успее да го врати Челзи на победнички патеки, во зимскиот трансфер период да се случи голема реконструкција и откази за повеќе фудбалери за кои португалскиот стручњак смета дека го „саботираат“.

Постои и трета опција, но таа се однесува за крајот на сезоната кога Абрамович, доколку не биде задоволен од резултатите, би го сменил Мурињио со Роберто Манчини.

Возило излетало од коловозот на патот Македонска Каменица - Виница, возачот починал

Возило излетало од коловозот на патот Македонска Каменица - Виница, возачот починал, а сопатникот тешко повреден.

Патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, синоќа, излетало од коловозот на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, по што на самото место починал возачот, а сопатникот се здобил со тешки телесни повреди.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа била пријавена синоќа во 22.20 во Полициската станица Виница.

-На магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, излетало од коловозот. На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Сопатникот Д.Г.(33) од Делчево се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, наведуваат од МВР

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Трамп: Бајден е на страната на терористите, светот го води кон Трета светска војна

„Бајден е слаб, корумпиран и го води светот директно во Третата светска војна“,.

Поранешниот американски претседател и се поизвесен претседателски кандидата на републиканците за изборите во ноември, Доналд Трамп, го критикуваше актуелниот претседател Џозеф Бајден со условувањето на испораката на оружје и поддршката на Израел со воздржување од „целосна инвазија“ на Рафа.

Трамп го обвини Бајден дека е на страната на палестинскиот екстремистички Хамас, објавија денеска израелските медиуми.

Трамп на социјалните мрежи напиша дека „Криминалецот Џо е на страната на терористите“, алудирајќи на Хамас и изјави дека Бајден „застанува на страната на радикалните толпи кои ги зазедоа кампусите, бидејќи неговите донатори ги финансираат“.

„Бајден е слаб, корумпиран и го води светот директно во Третата светска војна“, рече поранешниот американски лидер, повторувајќи дека војната меѓу Израел и Хамас немаше да започне доколку тој беше претседател.

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека неговата земја нема да го снабдува Израел со офанзивно оружје што би можело да се искористи за да се изврши „целосен напад“ врз Рафа, последното упориште на Хамас во Газа, поради загриженост за животите на повеќе од милион цивили кои се засолнија таму.

Бајден во интервјуто кажа дека САД остануваат посветени на одбраната на Израел, на кој ќе му испратат ракети-пресретнувачи за „Железната купола“ и друго одбранбено оружје, но ако Израел „оди“ во Рафа, Вашингтон нема да го снабдува со офанзивно оружје.

Вархеји до Мицкоски: Честитки за убедливата победа, да работиме заедно на следното ниво

Честитки за убедливата победа. Подготвени сме да работиме заедно за да го подигнеме ЕУ пристапниот процес на Македонија на следното ниво.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји му ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните парламентарни избори на партискиот лидер Христијан Мицкоски.

- Честитки за убедливата победа. Подготвени сме да работиме заедно за да го подигнеме ЕУ пристапниот процес на Македонија на следното ниво, наведе Вархеји во честитката до Мицкоски објавена на платформата Икс.

Претходно, Вархеји победата на вчерашните претседателски избори и ја честиташе и на Гордана Сиљановска Давкова.

притисни ентер