На чекор од таблета на младоста што ќе го промени светот!

Научници од Харвард пред епохално откритие!

Станува збор за коктел од одредени хемикалии кои го забавуваат процесот на стареење на клетките, а екпериментите врз лица би започнале за една година.

Стареењето е природен процес што не може да се спречи, меѓутоа, научниците со децении се занимаваат со бројни истражувања и обиди да најдат начин да го забават процесот на стареење.

Како што пишува британски Дејли Меил, новите научни сознанија од познатиот Харвард сугерираат дека научниците се на чекор од епохално откритие што ќе го промени светот. Новите наоди на научниците од овој престижен универзитет сугерираат дека се многу близу до пронаоѓањето таблета на младоста која ќе го забави процесот на стареење.

Еден тим научници од Харвард откриле шест хемиски коктели кои го промениле процесот на стареење во клетките на кожата на глувците „за неколку години“. Доколку се покажат како ефикасни кај луѓето, ова откритие суштински ќе го промени нашето сфаќање за животот.

Д-р Дејвид Синклер, молекуларен биолог од Медицинскиот факултет на Харвард и коавтор на студијата што го направи ова откритие, го опиша ова како „пробив“ и чекор кон „достапното подмладување на целото тело“.

Тој ги сподели резултатите на Твитер, каде што објасни дека испитувањата врз луѓето би можеле да започнат во текот на следната година. Неговата објава го привлече вниманието на сопственикот на Твитер, Илон Маск, како и на други научници, вклучително и професори од Харвард, кои нагласија дека студијата е „прелиминарна“.

Во претходните обиди да се смени процесот на стареење биле потребни скапи и долготрајни методи познати како генетско уредување, и кои доколку би излегле на пазарот би можеле да чинат милиони долари.

Сепак, една нова студија на научници кои се добитници на Нобелова награда, а е базирана на постоечките истражувања на гените против стареењето, сугерира дека со помош на одредени влијанија старите клетки би можеле да се претворат во млади. Во оваа студија, истражувачите испитале милиони комбинации на молекули кои би можеле да го вратат клеточното стареење. Научниот тим открил дека неколку хемиски коктели ги претвораат старите клетки во помлади за помалку од една недела.

Како што се наведува во оваа студија, се работи за четиридневен третман кој дал изненадувачки добри резултати.

- Ефектот од овој четиридневен третман е споредлив со целокупната промена забележана по една година регенеративен третман опишан во студија од 2019 година, која се фокусираше на обновување на епигенетските информации - напишале истражувачите во извештајот.

Во својата објава на Твитер, Синклер навел дека откритието нуди потенцијал да се промени стареењето со помош на една таблета, што би довело до ефекасно лечење на болести поврзани со стареењето.

Одредени научници се осврнале на оваа студија и истакнале дека таа би можела да доведе до важно откритие и дека споменатите коктели би можеле да имаат значајни терапевтски својства. Меѓутоа, како што нагласуваат научниците, треба да се има предвид дека студијата е прелиминарна и дека сè уште нема податоци кои недвосмислено би потврдиле дека тоа е можно.

Некои експерти сметаат дека барем еден од овие коктели би требало да се потврди кај животните и да покаже подобрување на здравствената состојба пред овие научници да тврдат дека имаат ефекти врз биолошкото стареење. Исто така, треба да се има на ум дека одредени соединенија што се користат во коктелите може да имаат негативни ефекти врз луѓето, особено врз црниот дроб.

Синклер изјави дека тој и неговиот тим претходно покажале дека е можно да се смени процесот на стареење со помош на генска терапија вклучувајќи ги ембрионалните гени, а сега вели дека тоа е можно со хемиски коктели.

Овој научник во последните 20 години го проучува забавувањето на стареењето, а за себе вели дека остарел 10 години барајќи го еликсирот на младоста.

Де Брујне постави рекорд во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне стана сопственик на рекорд во англиската Премиер лига.

Белгиецот вчеравечер го одигра својот 18-ти првенствен натпревар на кој постигна две или повеќе асистенции. Тој е лидер по оваа статистичка категорија во историјата на лигата.

„Граѓаните“ победија со 2:0 и со 79 бода се на втората позиција на табелата зад Арсенал кој има 80, но и натпревар повеќе.

Оваа сезона 32-годишниот Де Брујне одигра 21 натпревар за Сити, постигна шест гола и беше творец на 16 асистенции. /МИА

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Блокада на нашата држава од една страна и внатрешни поделби од друга страна ќе предизвика огромна штета за иднината на државата.

Тоа е клучната опасност од доаѓање на власт на ДПМНЕ и режимот во најава.

Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8 мај мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана.

Ако десничарската партија добие таква моќ, може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на независните медиуми и крај на надежта за судство и правда додека во државата ќе растат тензии. Добро е познато како изгледа владеењето на режимот.

Затоа е потребна мобилизација на сите демократски, прогресивни сили, масовна излезност на 8 ми мај. Глас за СДСМ и Коалицијата е глас за просперитетна иднина.

Центар за комуникации на СДСМ

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

притисни ентер