Надал веќе тренира по повредата на грбот

Рафаел Надал доби многу критики за играњето на профитабилниот, но безначаен егзибициски турнир во Лас Вегас, а потоа се повлече од Индијан Велс.

Сепак, како што открива Дејвид Мејси, директор на „Мастерсот“ во Монте Карло, тоа не било планирано. Со други зборови, Шпанецот не пристигнал во Америка да земе пари од „градот на гревот“ и потоа да се откаже, туку имал голема желба да учествува на првиот „Мастерс“ во сезоната.

- Во претпоследниот момент од мечот против Алкараз, кога сервираше, Рафа почувствува проблем во грбот - вели Мејси, кој беше во Лас Вегас и додаде: „За среќа, подоцна на прегледите беше утврдено дека проблемот не е страшен“.

Мејси тврди дека „кралот на земја“ веднаш продолжил со тренинзите штом добил зелено светло од докторот.

- Во неделата бев во куќата на Лери Елисон, сопственикот на турнирот во Индијан Велс, за да разговарам со Надал за играњето во Монте Карло и слушнав познати звуци. Рафа веќе тренираше, истакна Мејси.

Излегува дека Надал можеби претерал со повлекувањето од Индијан Велс, но со оглед на тоа колку проблеми со повреди имаше во последните години, неговата загриженост е разбирлива.

На крајот на краиштата, тој немаше соодветни подготовки откако се повлече од Австралија опен во средината на јануари. Како што и самиот истакна, оттогаш не одиграл ниту еден сет до дуелот со Алкараз во Лас Вегас.

Тоа што Шпанецот веднаш почна да тренира е најдобар показател дека тој нема сериозен проблем и дека тенискиот свет може да го очекува на турнири на земја во наредните недели.

Засега Надал е пријавен само за Мастерсот во Монте Карло, но треба да го очекуваме во Барселона, Мадрид, Рим и Ролан Гарос. /МИА

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

Убавата Ирина Шајк во потрага по ново момче!?

Руската убавица Ирина Шајк во последно време дефинитовно нема среќа во љубовта.

По разводот со актерот Бредли Купер, со кој има ќерка, убавата манекенка стапи во врска со познатиот НФЛ играч Том Брејди, но и таа врска не траеше долго и „пукна“, па сега Ирина е во потрага по ново момче.

Сексапилната манекенки наводно бара некој кој е познат, убав и има пари, изјави извор за „PageSix“.

Сепак, не е лесно Ирина Шајк да го пронајде вистинското момче кое ќе ги задоволи сите нејзини критериуми.

"Таа бара дечко, но има малку луѓе со кои излегува. Потребни ѝ се познати, згодни и богати.

Колку се такви, пет, десет", рекол извор кој сугерира дека новиот дечко на Ирина би можел да биде големиот холивудски заводник, актерот Том Круз, која неодамна раскина со атрактивната Русинка Елсина Каиров.

притисни ентер