Намирници богати со железо што ја подобруваат крвната слика и ја подигаат енергијата (фото)

Железото е минерал кој врши неколку суштински функции во организмот, а неговата главна улога е да транспортира кислород низ телото како дел од црвените крвни зрнца. 

Оваа хранлива материја е од суштинско значење за целокупното здравје и се добива преку храна (или додатоци). Интересно е што количината на железо кое вашето тело ја апсорбира делумно зависи од тоа колку железо сте складирале во вашето тело.

Околу 70 проценти од железото во телото се наоѓа во црвените крвни зрнца. Вашето тело го користи овој минерал за да создаде хемоглобин, протеин во црвените крвни зрнца што го пренесува кислородот од белите дробови до сите делови на телото, како и миоглобинот, протеин што ги снабдува мускулите со кислород. Кога внесот на железо е хронично низок, нивото на хемоглобин исто така се намалува, а недоволно железо во крвта може да доведе до анемија. Затоа е неопходно во исхраната да внесете што повеќе здрава храна богата со железо.

Еве кои 7 здрави намирници имаат високо ниво на железо и можете да ги вклучите во вашиот дневен оброк уште денеска.

Говедско месо и риба

Говедското месо е добар извор на железо. Околу 170 грама говедско месо на скара содржи околу 3,2 мг железо. Во производите од животинско потекло железото се наоѓа во феро облик, односно форма која најдобро се апсорбира во организмот. Рибата е богата со протеини, а помалку масните видови можат да бидат добар извор на железо. Посебно се препорачуваат туната, сардината и скушата.

Тофу и мешунки

Доколку не јадете храна од животинско потекло, тофуто може да помогне во обезбедувањето на оптималната количина на железо. Покрај тофу сирењето, растителни извори на железо можат да бидат и мешунките (грашокот, гравот, леќата).

Овошје со семки

И сувото и свежото овошје е добар извор на витамини, „добри“ масти, а може да послужат и како извор на железо. Посебно се препорачува брусница, боровинки, сливи, урми. Свежото овошје може да содржи и железо. Едно парче лубеница може да содржи 0,7 мг железо. Пет смокви содржат околу 1 mg железо, а едно јаболко околу 0,5 mg железо.

Спанаќ – супернамирница

Кога станува збор за намирници богати со железо, спанаќот е на врвот на листата. Спанаќот дава многу здравствени придобивки, а содржи многу малку калории. Околу 100 грама сиров спанаќ содржи 2,7 mg хем железо. Спанаќот е богат и со витамин Ц. Ова е важно бидејќи витаминот Ц значително ја зголемува апсорпцијата на железо. Богат е со антиоксиданси, каротеноиди, кои можат да го намалат ризикот од рак, да го ублажат воспалението и да ги заштитат очите од болести. Јадењето спанаќ и друг лиснат зеленчук со масло помага подобро да се апсорбираат каротеноидите, затоа погрижете се да јадете здрави масти, како маслиново масло со спанаќ.

Темна чоколада

Темната чоколада, освен што е хранлива, е и вистински сладок деликатес! Околу 30 g темно чоколадо содржи 3,4 mg железо. Со оваа мала порција ќе внесете и бакар и магнезиум, а содржи и пробиотски влакна и ги хранат добрите бактерии во нашите црева. Една студија покажала дека какаото во прав и темното чоколадо имаат поголемо антиоксидантно дејство од сокот направен од боровинки. Истражувањата исто така покажале дека чоколадото благотворно делува на холестеролот и може да го намали ризикот од срцев и мозочен удар.. Се верува дека флаванолите чија содржина во темната чоколада е висока, се одговорни за нејзините придобивки. Содржината на флаваноли во темното чоколадо е многу повисока од онаа на млечното чоколадо. Затоа, најдобро е да јадете чоколадо со најмалку 70% какао за да добиете максимална корист.

Убавата Ирина Шајк во потрага по ново момче!?

Руската убавица Ирина Шајк во последно време дефинитовно нема среќа во љубовта.

По разводот со актерот Бредли Купер, со кој има ќерка, убавата манекенка стапи во врска со познатиот НФЛ играч Том Брејди, но и таа врска не траеше долго и „пукна“, па сега Ирина е во потрага по ново момче.

Сексапилната манекенки наводно бара некој кој е познат, убав и има пари, изјави извор за „PageSix“.

Сепак, не е лесно Ирина Шајк да го пронајде вистинското момче кое ќе ги задоволи сите нејзини критериуми.

"Таа бара дечко, но има малку луѓе со кои излегува. Потребни ѝ се познати, згодни и богати.

Колку се такви, пет, десет", рекол извор кој сугерира дека новиот дечко на Ирина би можел да биде големиот холивудски заводник, актерот Том Круз, која неодамна раскина со атрактивната Русинка Елсина Каиров.

Саудиска Арабија предупреди на економските последици од војната во Газа

Саудиските власти денеска повикаа на смирување на тензиите на Блискиот исток и предупредија на економските последици од војната во Појасот Газа, на отворањето на специјалната средба на Светскиот економски форум.

Дводневниот форум се одржува во Ријад во присуство на многу лидери и високи функционери, меѓу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, палестински претставници и високи дипломати вклучени во напорите за ставање крај на конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

-Војната во Газа, како и конфликтите во Украина и на други места, вршат „голем притисок“ врз економското опкружување, изјави саудискиот министер за финансии Мохамед ал Џадан.

- Израел не е претставен на состанокот, додека преговорите за примирје со посредство на САД, Катар и Египет се во тек на други места, но настанот ќе биде можност за разговори со клучните играчи, рече саудискиот министер.

Блинкен утре ќе пристигне во Ријад каде што ќе „разговара за тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа што овозможува ослободување на заложниците“, соопшти Стејт департментот.

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме, а општина Демир Хисар ќе добие средства од предвидените 250 милиони евра за општините за да може да се развива

„Денес ни е потребно единство за да можеме да испорачаме резултати. Денес ни е потребно единство за да може да донесеме развој, единство на сите граѓани за да може да донесеме подобро образование, подобра инфраструктура, да донесеме надеж која е изгубена кај граѓаните, заеднички со вас може да го направиме тоа и оние кои гласале за другите политички партии и не верувале, но и сите оние кои останаа дома повикајте ги, денес на Македонија сте и потребни сите, денес за да формираме влада која треба да испорачува на македонските граѓани. Затоа па од денес па до 8 ми убедете што повеќе луѓе да донесеме огромна победа за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“, истакна носителот на ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар.

Тој истакна дека знаат како ќе испорачаат она што го ветиле за сите населени места.

„Ние знаеме како и ќе испорачаме за сите населени места тука. Ќе испорачаме со изградба на инфраструктура и ќе го направиме патот Кичево – Демир Хисар – Битола. Ќе направиме голем дел проекти заедно со градоначалникот затоа што ветивме дека општините ќе добијат 250 милиони евра и Општина Демир Хисар ќе добие средства за да може да вложува во Демир Хисар да се развива“, вели Сајкоски.

Тој продолжи и додаде:

„Ветуваме бидејќи знаеме како и можеме да донесеме нови инвестиции тука и нови работни места. Ќе направиме подобро образование, ќе ја вратиме надежта кај сите и заедно ќе донесеме подобра Македонија, ние ви укажуваме и ветуваме и обрзвуваме дека ќе се зголемат пензиите со 5,000 денари и основицата на сите пензионери. Земјоделците вистински ќе добијат 180 милиони евра ќе донесеме раст и развој, ќе донесеме голема надеж за Македонија, македонскиот народ, македонските граѓани и сите граѓани кои живеат во Македонија“, дециден е Сајкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер