Не можете да отворите тегла или ви се тресат рацете?

Доколку забележите неколку од следниве симптоми, веднаш обратете се на лекар, последиците може да бидат фатални!

Верувале или не, здравјето е запишано на дланките. Ако добро ги посматрате рацете и обратите внимание на тоа дали може да отворите просечна тегла, дали ви се појавува осип, како и тоа дали понекогаш прстите ви отекуваат, можете да дојдете до важни информации за вашето здравје што може да ви бидат од корист. Состојбата на рацете, вклучувајќи го нивниот изглед, текстурата на кожата, изгледот на ноктите, состојбата на потните жлезди и пигментот може да укажуваат на потенцијални недостатоци и склоности кон можни здравствени проблеми.

Без оглед на тоа дали зборуваме за ризик од срцев удар, недостаток на хранливи материи, нарушувања на тироидната жлезда или анемија, рацете ја покажуваат состојбата на вашето здравје. Само треба внимателно да ги разгледате, бидејќи можат да ви помогнат во превенцијата на разни болести.

Еве кои осум симптоми на вашите раце може да укажуваат на опасни состојби:

1. Отечени врвови на прстите: Недостаток на кислород во телото

Ова не е нешто што треба да се игнорира, бидејќи може да биде знак дека немате доволно кислород во крвта. Ниското ниво на кислород во крвта е секогаш знак за тревога бидејќи може да укажува на рани знаци на белодробна болест и е нешто што може да се провери со едноставна анализа на крвта од страна на вашиот општ лекар.

2. Слаб стисок на рацете: Кардиоваскуларни проблеми

Интензитетот на стисокот на вашата рака е директно поврзан со здравјето на вашиот кардиоваскуларен систем и преку него можете дури и да имате увид во ризикот од мозочен или срцев удар. Резултатите од студиите покажуваат дека интензитетот на стисокот може да претставува валиден начин за проценка на биолошката старост. Посилниот стисок може да укажува на полесно справување со хроничниот проблем со срцето наспроти слабиот стисок.

3. Ладни раце: Функција на тироидната жлезда

Студените раце и отечените прсти може да укажуваат на недоволна активност на тироидната жлезда наречена хипотироидизам. Спротивно на тоа, црвената кожа и сувите раце се симптоми на прекумерна активност на тироидната жлезда наречена хипертироидизам.

4. Потење на дланките: Хиперхидроза, зголемено потење

Нормално е да почувствуваме зголемено потење на дланките кога сме физички активни или напнати, но хиперхидрозата подразбира зголемено потење кога, на пример, држиме некој предмет. Оваа состојба е претежно наследна, се појавува во детството или адолесценцијата, а единствениот момент кога симптомите не се изразени е во текот на ноќта.

5. Бледи и ладни раце: Анемија

Анемијата претставува ниско ниво на еритроцити, т.е. црвените крвни зрнца или хемоглобинот во крвта, што влијае на способноста на пренесување на кислородот до органите и ткивата во организмот преку крвта. Еден од знаците на анемија може да бидат бледите и ладни раце, како и тенки нокти кои ја губат својата вообичаена форма и добиваат вдлабната форма, како лажица.

6. Егзема: Алергија на храна

Дали забележувате дека рацете ви се суви, склони кон осип и чешање иако редовно користите хидратантни креми? Можеби е време да посетите дерматолог за да утврдите дали можеби имате егзема. Овој проблем со кожата може да предизвика не толку наивни промени како што се плускавци, красти, испукани и суви раце кои болат, пецкаат и крварат. Промените на рацете укажуваат на различни здравствени состојби, затоа погледнете ги внимателно, а повеќето алергии се јавуваат токму на храна.

7. Тремор на рацете: Паркинсонова болест

Стресот честопати предизвикува треперење на рацете, што е сосема нормално, исто така и различни супстанци, на пример, кофеинот, но ако рацете ви треперат додека мирувате, кога не сте активни, тоа може да укажува дека боледувате од Паркинсонова болест. Карактеристичното треперење на рацете кај Паркинсоновата болест е како да тркалате таблета помеѓу палецот и показалецот.

8. Отечени прсти: Премногу сол

Постојат различни причини за отекување на прстите, а најчестата причина е внесувањето на премногу сол, поради што се задржува водата во организмот. Друга причина е дехидрацијата, односно недостаток на вода во телото, што телото се обидува да го надомести со задржување на водата во отечените прсти. Совет е да внесувате повеќе вода, да обратите внимание на физичката активност бидејќи така се подобрува циркулацијата, односно протокот на крв низ организмот. Не досолувајте ги јадењата кои веќе содржат сол. Ако прстите и понатаму ви отекуваат, проверете го здравјето на бубрезите и тироидната жлезда.

ЕУ го заостри визниот режим со Етиопија поради „несоработка“ во реадмисијата на азиланти

Советот на ЕУ денеска реши времено да суспендира одредени одредби од одлуката со кој се регулира издавањето визи за државјаните на Етиопија.  

Со денешната одлука се укинува ослободувањето од обврската за поднесување на доказите што треба да ги достават апликантите за виза, се забранува издавањето на повеќекратни визи и се укинува ослободувањето од обврската за плаќање визната такса за имателите на дипломатски и службени пасоши.

Дополнително, како што јави дописникот на МИА од Брисел, рокот за одговор на поднесената апликација за виза се продолжува од досегашните 15 на 45 календарски дена.

Ваквата одлука на Советот на ЕУ е донесена врз основа на оценката на Еврокомисијата дека „соработката на Етиопија на полето на реадмисија на нејзините државјани кои илегално престојуваат во ЕУ е недоволна“.

Според ЕК, има недостиг на одговори од страна на етиопските власти во однос на барањата за реадмисија и постојат потешкотии со издавањето на итни патни документи и со организација на враќањето на одбиените баратели на азил.

Одлуката за суспензија е привремена, но нема конкретен краен рок на нејзината важност, туку тој ќе зависи од понатамошната оценка на Комисијата за постигнатиот напредок во соработката за реадмисија од страна на Етиопија.

Европската комисија редовно ја оценува соработката на трети земји во процесот на реадмисија на илегалните мигранти и одбиените баратели на азил. Врз основа на овие оценки, ЕК може да заклучи дека соработката на одредена трета земја при реадмисијата е „недоволна“ и може да ја суспендира одлуката за визна либерализација или да го заостри постојниот режим за издавање визи.

Во случајот на Етиопија, Еврокомисијата процени дека има „особено ниска стапка на реадмисија“ и се издадени мал бројот на патни документи врз основа на барањата за враќање на етиопските државјани во нивната матична земји, што во целост е оценето како „ниско ниво на соработка“. /МИА

Иран ги отфрли шпекулациите дека соработува со Северна Кореја во врска со нуклеарни прашања

Иранското Министерство за надворешни работи денеска по пристигнувањето на севернокорејската деловна делегација во Техеран, ги отфрли шпекулациите за соработка со Пјонгјанг во врска со нуклеарни прашања.

„Делегацијата, предводена од министерот за надворешни економски односи Јун Јонг Хо, отпатува во иранската престолнина минатата недела на економска конференција. Секоја поврзаност со соработка за нуклеарни прашања е „неоснована“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Насер Канаани.

Во Јужна Кореја имаше шпекулации дека за време на посетата може да се разговара за воена соработка меѓу Северна Кореја и Иран.

Двете земји - и двете се соочија со строги меѓународни санкции и изолација на дипломатската сцена поради нивните нуклеарни активности - постојано беа обвинувани за активна соработка, особено во областа на ракетната технологија.

Контроверзната иранска нуклеарна програма е предмет на обновен интерес во последните месеци по избувнувањето на војната во Газа. /МИА

Сиднеј: Тинејџери планирале да купат оружје и да ги напаѓаат Евреите

 Група тинејџери планирале да набават оружје и да нападнат Евреи само неколку дена по нападот врз епископот на Асирската православна црква во Сиднеј, покажа полициската истрага, објавија денеска австралиските локални медиуми.

Петмина тинејџери, на возраст од 14 до 17 години, во четвртокот беа обвинети пред судот во Сиднеј за низа прекршоци, вклучително и заговор за учество или планирање терористички чин.

Полицијата соопшти дека сите тие „се придржувале до религиозно мотивирана, насилна екстремистичка идеологија“ и биле дел од мрежата во која беше и 16-годишно момче обвинето за прободување на епископот на Асирската православна црква Мар Мари Емануел на 15 април.

Според полициските информации доставени до Детскиот суд во Сиднеј, двајцата обвинети разговарале за купување оружје на 19 април, истиот ден кога е обвинет наводниот напаѓач на бискупот, објави весникот News Corp Australia.

Одделот за односи со јавноста на полицијата на Нов Јужен Велс денеска за Асошиетед прес изјави дека не може да ја потврди точноста на извештајот.

Родителите на момчето во интервју за австралиските медиуми изјавиле дека нивниот син бил насилен и дека се сомневаат дека има нарушување од спектарот на аутизам, но додале дека тој не е терорист.

Еј-Би-Си објави дека на нивниот син му се допаѓаат онлајн видеата на основачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, а сликата на профилот на момчето Вотсап е слика на самиот Бин Ладен. /МИА

притисни ентер