Бразилецот постигна еден гол и забележа две асистенции, но неговиот потег за петтиот гол привлече најголемо внимание.
По изречената казна во корист на ПСЖ , Нејмар ја однесе топката на белата точка. Сепак, тој не го шутираше пеналот, туку му го препушти шутот на Единсон Кавани.
"На себичноста не и е место во фудбалот. На Единсон му беше потребен гол. На крајот, сите напаѓачи постигнаа по еден и сите си одиме дома среќни", изјави Нејмар и изненади многумина со таквата порака.
Ова е уште почудно ако се знае дека судирот меѓу Нејмар и Кавани започна пред две години токму поради пенал. Бразилецот сакаше да шутира пенал на натпреварот против Лион, но Кавани не му ја даде топката и тој го промаши ударот од белата точка. Подоцна, расправиите продолжија во соблекувалната и навивачите на ПСЖ јавно застанаа на страната на Кавани, кој е подолго во клубот.
Оваа сезона Кавани има проблеми со повреда и постигнал само два гола на 10 настапи пред натпреварот со Галатасарај.