Неверојатно: Маричиќ ни забрани на сите да го користиме терминот Македонија!

Одредена невладина организација побарала користење на терминот Македонија во своето име, но наместо невладината , СИТЕ во МАКЕДОНИЈА добивме забрана за користење на овој термин во „официјална комуникација“  

Дали Министерот Маричиќ го има убаво прочитано, но уште поважно, правилно правно протолкувано целосниот текст на „Конечниот договор за решавање на македонско - грчкиот спор за името и за стратешко партнерство“? Изгледа, не! Зошто? Одиме по ред.
За полесно следење на ова објаснување на овој линк го имате горепосочениот текст објавен на страната на Владата на Македонија

Во членот 1 , точка 3, алинеа а) , се вели дека „Официјалното име на Втората страна ќе биде „Република Северна Македонија“, што ќе претставува уставно име на Втората страна и ќе се употребува erga omnes, како што е предвидено во оваа спогодба. Скратеното име на Втората страна ќе биде „Северна Македонија“.
Ова е јасно, прецизно и тука не треба да има никој никаква дилема дека тоа е официјалното име на нашата држава.
Но...
Во ставот 7 се вели „По влегување во сила на оваа спогодба и во согласност со одредбите од член 1, став (9) и став (10) термините „Македонија“, „Република Македонија“, „ПЈР Македонија“, „ПЈР. Македонија“, во преведена или непреведена форма, како и привремената референца „поранешна југословенска Република Македонија“ и кратенката „пјРМ“ ќе престанат да се употребуваат за обраќање кон Втората страна во каков било официјален контекст. “
Тука за Министерот Маричиќ би требало да биде мошне интересен ставот 9, споменат во ставов 7 кој пак вели, читајте внимателно:
- став 9: „По влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна веднаш и во согласност со разумните административни практики ќе ги преземе сите неопходни мерки со цел надлежните органи на земјата од тогаш понатаму внатрешно да го употребуваат името и термините од член 1, став 3 од оваа спогодба во сите нови службени документи, кореспонденција и релевантни материјали.“

Ставот 9 јасно и прецизно дефинира дека САМО надлежните органи на земјата ( се мисли на Македонија ) ќе ги преземе сите неопходни мерки за да се користи новото уставно име.

Понатаму , член 6 став 2, јасно и прецизно дозволува правна ексклузија од обврската на приватните ентитети за користење на новото уставно име, дополнително , не прецизира никаква правна облигација за употреба на „Северна Македонија“, па вели:
„Секоја од Страните веднаш ќе преземе делотворни мерки за да обесхрабри и спречи какви било дејствија од приватни ентитети, дејствија кои многу веројатно ќе поттикнат насилство, омраза или непријателство против другата Страна. Доколку приватен ентитет на територијата на која било од Страните спроведува такви дејствија без знаење на таа Страна, таа Страна, откога ќе дознае за таквите дејствија, веднаш ќе ги преземе неопходните мерки, предвидени со закон.“
Министерот Маричиќ мора да го знае Законот за Здруженија и Фондации , особено членот 5 од овој Закон, во кој е дефинирано дека ЗДРУЖЕНИЈА на ГРАЃАНИ и ФОНДАЦИИ се стекнуваат со својство на правно лице со уписот во регистарот што го води Централниот регистар на Македонија. Што значи дека Маричиќ немал формално-правна основа да го одбие здружението во своето име да го користи терминот Македонија, а уште помалку таа забрана да ја прошири на СИТЕ граѓани на Македонија. Еве Канал 5 го користи токму името Македонија, токму поради членот 6 , односно ставот 2, но допонително и поради овој член од „Конечниот договор за решавање на македонско - грчкиот спор за името и за стратешко партнерство“ а тоа е „фантастичниот “ член 7, во кој се вели

ЧЛЕН 7

став 1. Страните прифаќаат дека нивното односно разбирање на термините „Македонија“ и „македонски“ се однесува на различен историски контекст и културно наследство.
став 3. Во однос на Втората страна ( Македонија ), овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство кои се особено различни од оние кои се наведени во член 7, став (2) ( Грчка Македонија н.з. ).

Здружението на граѓани, земајќи го во предвид овој член 7 став 1 и 3, има право да се повика на истиот, да го цитира, и при тоа да искаже јасен и прецизен став дека терминот Македонија во нивното име, се однесува на различен контекст од т.н. Грчка Македонија.
Исто како што Канал 5 ТВ го користи името Македонија на нашата земја , нормално при тоа разбирајќи дека „се однесува на различен историски контекст или културно наследство“, и дека како приватен ентитет, нема да преземаме дејствија кои многу веројатно ќе поттикнат насилство, омраза или непријателство против другата Страна ( Грција ), така и секое физичко и приватно правно лице може да користи се што не е забрането со овој договор, а уште повеќе пак може да користи се што е дозволено со овој договор, а очигледно недоволно формално-правно „сфатено“ или „разбрано“ од некои официјални лица во Македонија.

За да бидеме искрени, нашата компанија го нема во увид барањето на соодветното здружение на граѓани а според самата слика изгледа дека овие неколку реченици се дел од малку поголем одговор од страна на Министерството за правда и самиот Маричиќ.

На крај , Канал 5 има едно прашање до Министерот Маричиќ:
- од кога не смееме да го користиме терминот Македонија за нашата држава во , според самот Маричиќ , „официјална комуникација“ ,што е спротивно на гореспоменатиот договор со Грција, и дополнително - кои се казнените одредби за СИТЕ нас кои го користиме и ќе го користиме и во иднина овој термин Македонија, и каде се нотирани тие евентуални казнени одредби ?

ЕУ изрази загриженост поради ирачкиот Закон кој предвидува затворски казни за истополови односи

Европската Унија изрази загриженост поради усвојувањето на измените на ирачкиот Закон со кој се предвидува затворска казна во траење од 10 до 15 години за лицата кои се впуштаат во консензуални истополови односи. 

Во реакцијата на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) се посочува дека со Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, што Ирак го ратификуваше уште во 1971 година, предвидува дека со законите ќе се забранува каква било дискриминација и ќе се гарантираат еднаква и ефикасна заштита за сите лица од дискриминација по која било основа.

- ЕУ ги повикува ирачките законодавци да ги почитуваат меѓународните обврски на Ирак за човекови права и ефикасно да го имплементираат членот 14 од ирачкиот Устав, кој забранува дискриминација врз основа на потекло, религија, припадност на малцинска заедница и од други причини, се наведува во реакцијата.

ЕЕАС посочува и дека ЕУ ќе продолжи да презема активности на глобално ниво за да ги спречи и осуди сите форми на дискриминација, залагајќи се за почитување на принципите на различност, еднаквост и инклузивност како „основни принципи на праведните општества“.

Со новините во ирачкиот Закон против проституција од 1988 година, се предвидуваат затворски казни од 10 до 15 години за одржување хомосексуални односи, но и за размена на сексуални партнери во хетеросексуалните врски (свингинг). Казни се предвидени и за секој маж „чие однесување се смета за женствено“, како и седум години затвор за „промовирање на хомосексуални односи“.

Законот забранува „секоја организација која промовира хомосексуалност во Ирак“, како и „промена на биолошкиот пол врз основа на индивидуални желби или преференции“ и предвидува казна затвор од една до три години за секое лице или лекар што е вклучен во родова трансформација.

Инаку, овие законски измени се сметаат за „поблаги“, имајќи пред вид дека во првичниот предлог за хомосексуални односи се предвидуваше смртна казна.

На усвојувањето на измените на Законот уште вчера реагираше организацијата Амнести интернешанл, која го оцени како „кршење на основните човекови права“ со што „се загрозуваат Ирачаните, кои и онака секојдневно се малтретирани“.

Во Извештајот за состојбата со човековите права во Ирак за 2022 година на меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч се посочува дека ирачкото општество „ја отфрла хомосексуалноста“, како и дека припадниците на ЛГБТ+ заедницата често се цел на „киднапирања, силувања, тортура и убиства“ од страна на вооружени групи кои остануваат неказнети за ваквите злосторства. /МИА

Минесота го исфрли Феникс од НБА плеј-офот

Минесота рано утрово го совлада Феникс со 122:116 на гостински терен во четвртиот натпревар од серијата од првото коло на плејофот во НБА.

Тимбервулвс со максимални 4:0 ги совладаа Санс и обезбедија пласман во четвртфиналето во разигрувањето за шампионскиот трофеј.

Најефикасен играч на средбата беше Девин Букер со 49 поени, но и тоа не беше доволно домаќините да го избегнат поразот.

Следен противник на Минесота ќе биде победникот од мечот Денвер нагетс – Лос Анџелес лејкерс (резултатот во серијата е 3-1 во корист на Нагетс). /МИА

Јанкоски од Народната банка: Работиме на нова регулатива за јакнење на киберотпорноста

Народната банка постојано работи на унапредување на регулативата за осигурување на дигиталната отпорност во финансискиот сектор. 

Започнати се активности за усогласување на домашната регулатива со европскиот Закон за дигиталната оперативна отпорност (англ. Digital Operational Resilience Act − DORA), со што ќе се воспостават унифицирани стандарди за заштита, пријавување и справување со сигурносните инциденти, обезбедување непрекинатост во работењето, поголема контрола на надворешните лица кои обезбедуваат важни оперативни функции и засилена комуникација и координација на сите институции во финансискиот сектор на нашата држава, пишува Горан Јанкоски, главниот супервизор за информациските системи на Народната банка во колумна за билтенот на Македонската банкарска асоцијација.

Јанкоски наведува дека дигиталната отпорност се дефинира како способност за заштита, справување и брзо обновување на деловните процеси на финансиската институција од настани коишто може да предизвикаат нивен прекин. „Законот треба да обезбеди поддршка на процесот на дигитална трансформација, правилна примена на новата технологија и поттикнување на иновативноста во новото време на дигитални финансии. Народната банка во моментов подготвува нова Одлука за Методологија за сигурноста на информативниот систем, усогласена со насоките на Европскиот банкарски орган (ЕБА) за управување со ризиците поврзани со сигурноста. Оваа одлука би била вовед во активностите за подготовка и воведување нов закон за унапредување на дигиталната оперативна отпорност во финансискиот сектор, усогласен со ДОРА“, посочува Јанкоски.

Клучните области коишто се опфатени со Законот за дигиталната оперативна отпорност се управувањето со ИТ-ризикот, управувањето со ризикот од пренесување на извршувањето оперативни функции или услуги од надворешни лица и нивен надзор, тестирањето на дигиталната отпорност, управувањето со ИТ-инциденти, споделувањето (размена) информации итн. „Законот создава регулативна рамка и воведува стандардизирани и хармонизирани принципи за заштита од заканите од дигиталниот простор, коишто треба да бидат исполнети од институциите во финансискиот сектор со примена на потребните контроли за заштита, соодветно управување со сигурносните инциденти и нивно пријавување до надлежните тела во земјата и ЕУ. Како новитет се воведува барањето за спроведување тестирање на дигиталната отпорност, во согласност со кое финансиските институции треба да спроведуваат редовни тестирања на своите ИТ-системи и услуги, за што треба да се известат и регулаторните органи. Исто така, со Законот се воспоставува рамка за соработка и комуникација помеѓу институциите во секторот, домашните и меѓународни надлежни тела и други учесници со цел да се унапреди оперативната отпорност“, пишува Јанкоски.

Поради засиленото присуство на банките на современите канали, дигитализацијата на банкарските производи и услуги и постојаниот пораст на ризиците поврзани со заканите во дигиталниот простор почнувајќи од 2003 година, Народната банка активно работеше на дефинирање на потребната регулатива во подрачјето, којашто постојано се надградува во согласност со најдобрите стандарди и практики на ЕУ.

притисни ентер