Николовски демантира дека немало парно греење во студентскиот „Стив Наумов"

Директорот на Државниот студентски дом „Скопје" Дарио Николовски ја демантира изјавата на Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ дека во студентскиот дом „Стив Наумов" немало парно греење и оти пукнала цевка во ходниците кои биле полни со вода.

Тој денеска изјави дека студентите имаат парно греење и нема вода во ходниците од пукната цевка.

– Што се однесува до условите во кои живеат студентите, Манасиевски треба да ги праша и неговите сопартијци кои раководеа со оваа институција, во што тоа инвестираа и зошто дозволија вакви да се условите за кои тој денес зборува. Ние за цели две години успеавме долгот од скоро пет милиони евра да го намалиме за безмалку три милиони евра и обезбедивме нови инвестиции во сите студентски домови, рече Николовски.

Тој информира дека во студентската населба „Стив Наумов" во тек е темелно реновирање на зградите 1 и 2, а изминатиот период бил распишан и јавен повик за изработка на техничка документација за санација и замена на дотраени материјали.

– Фирмата е избрана и во тек е изработка на проектот кој треба да понуди лифт во двете згради, решение за замена на подовите, прозорци и врати што не беа сменети бидејќи имавме и веќе едно реновирање, потоа реконструкција на тоалетите, репарација на крововите, поставување видео надзор како и воведување на системи за противпожарна заштита. Постапката е во тек и кога техничката документација ќе се изработи ќе се почне со работа, рече Николовски.

Со ова, како што посочи тој, студентскиот дом „Стив Наумов" добива 1.221 легло во услови какви што заслужуваат студентите.

– Изминатиот период Владата вложи сериозни средства и во другите студентски домови. Во студентскиот дом „Гоце Делчев" ги реновиравме блоковите В и Г, завршува и внатрешното опремување со комплетно нов мебел, а комплетно се уредува и дворот. Студентскиот „Кузман Јосифовски-Питу" исто така доби ново комплетно уредување и дворот, а таму, до крајот на годината започнува и постапката за поврзување со централниот систем на греење, потенцира Николовски.

Тој информира дека од вчера за студентите обезбедиле нов здрав оброк – смути заедно со појадокот, а пред неколку дена потпишале договор со МАСИТ од каде најавиле донација на компјутерска опрема. /МИА

Со овој напиток Ѓоковиќ го почнува денот – Сокот од целер на празен стомак е најздрав наутро!

Откако ќе го испиете во наредните 15 минути до половина час не внесувајте ништо!

Сокот од целер стана исклучително популарен кај љубителите на здравата исхрана. Најдобриот српски тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ во интервју за американските медиуми откри дека својата сила и физичка подготвеност, меѓу другото, ги должи и на сокот од целер.

- Денот го почнувам со топла вода и лимон за да му помогнам на телото да се детоксицира. А потоа пијам сок од целер на празен стомак – изјавил Ѓоковиќ.

Без додавање вода

Ентони Вилијамс, автор на бестселерот на Њујорк Тајмс „Чистење на телото“, тврди дека сокот од целер е најкорисната храна што постои на нашата планета.

Целерот првенствено е намирница со висока содржина на вода, па затоа одлично го хидрира организмот. Богат е со влакна кои ги чистат и штитат цревата, витамини К, А и Ц, калиум, но содржи и висока содржина на натриумови јони кои ги уништуваат патогените микроорганизми, содржи и дигестивни ензими кои ги смируваат цревата и растителни хормони кои го урамнотежуваат ендокриниот систем. Сокот од целер може да се пие превентивно, но и поради одредени здравствени проблеми.

Тој наведе само некои од придобивките од сокот од целер и зошто треба да се пие наутро на празен стомак:

- сокот од целер е богат со електролити

- ги отстранува кристализираните токсични соли наталожени на органите

- спречува токсините да ги оштетат клетките и органите

- го ослабува дејството на тешките метали кои можеби сте ги наталожиле во организмот

- ги уништува бактериите, вирусите и габите

- ја стабилизира крвта

- го зајакнува целиот имунолошки систем веднаш по пиењето

- го оптимизира варењето

- ги храни сите органи на ендокриниот систем и така ја враќа хормоналната рамнотежа

- има антиоксидативно дејство

Како што истакнуваат нутриционистите, оптимална мерка е 150 мл сок од целер дневно.

Рецепт за сок од целер

Земете два китки целер, исечете ја основата и врвот на стебленцата. Измијте ги, исечете ги и ставете ги во блендер. Според Вилијамс, не треба да додавате вода или коцки мраз, туку да го пиете сокот во неговата изворна форма без да ја цедите пулпата. Сокот мора да биде чист, да не се меша со друго овошје или зеленчук. Откако ќе го испиете на празен стомак, во наредните 15-30 минути не јадете и не пијте ништо. Сокот од целер во комбинација со морков или јаболка може да го пиете и подоцна во текот на денот, а наутро, на празен стомак пијте го чист.

Трик за чистење јагоди - Нема да верувате колку всушност е едноставно! (видео)

На многумина јагодите им се омилено овошје. Покрај тоа што мамат со својот изглед и вкус,тие се исклучително здрави и го зајакнуваат нашиот имунитет. Ова овошје е богато со различни хранливи материи и честопати е омилено задоволство ширум светот.

Деновиве, пазарите се преплавени со ова овошје кое муштериите го купуваат иако неговата цена е висока на почетокот на сезоната. Меѓутоа, кога станува збор за чистењето јагоди, повеќето домаќинки отворено кажуваат дека за вадење на петелката им е потребно време и некогаш се доста неспретни во тоа.

Затоа некои од нив се обиделе да експериментираат и да најдат полесен начин да ги исчистат. Една корисничка на Инстаграм споделила генијална идеја од нејзината баба, која со години го користи овој начин за да се ослободи од петелките на јаготките.

Наместо да ги исече со нож или да ги извади со раце, таа користи цврста пластична цевка за да ги отстрани во еден потег.

Трикот е многу едноставен, а видеото привлече големо внимание кај корисниците на Инстаграм. Оваа „инфлуенсерка“ признала дека ова е најефективниот метод за чистење на јагодите, а луѓето во коментарите признале дека им биле потребни децении за да научат овој генијален трик.

Некои корисници на мрежата признале дека на овој начин се губи најдобриот дел од ова овошје, признавајќи дека јагодите се многу вкусни кога се јадат до самиот врв, односно до петелката.

Некои домаќинки во коментарите признале дека долго време го користат овој трик и дека им олеснува и при други задачи во кујната, при тоа порачале дека треба да се експериментира и да се користи она што го имаме на располагање во кујната.

притисни ентер