Нобеловата награда постои благодарение на новинарска грешка?

Веројатно знаете дека Алфред Нобел, основачот на Нобеловата награда бил богат шведски научник, хемиски инженер кој ја заработил неговата „паричка“ поради развивањето и дизајнирањето на експлозиви и оружје.

Исто така, веројатно знаете дека пред неговата смрт, Нобел го оставил неговото богатство настрана за да пронајде пет Нобелови награди за: хемија, физика, медицина, литература и (веројатно иронично со оглед на тоа што развивал оружје) мир.

Како создавач на динамитот, Нобел веќе бил влезен во историските книги. Меѓутоа што кај него предизвикало да ја создаде оваа награда? Па, веројатно една глупава новинарска грешка.


Како се одвивала приказната?

Во 1864 година еден француски весник по грешка го објавил неговиот некролог насловен како „Трговецот на смртта е мртов“, човекот кој „станал богат преку пронаоѓање на начини да убие луѓе побрзо“. Всушност, требало да биде објавен некролог од помладиот брат на Нобел, Лудвиг кој починал додека експериментирал со нитроглицерин во фабриката на нивниот татко.

Дан Луис од „NowIKnow“ вели дека на Нобел не му се допаднала многу оваа грешка.

Нобел го поминал целиот негов живот обидувајќи се да го избегне ужасното наследство кое со себе го носел некрологот. Во септември 1895 година, тој го ревидирал неговиот тестамент во кој изјавил дека 90% од неговото наследство (околу 250 милиони долари) ќе одат за утврдување на денес познатата Нобелова награда.

Аника Понтикис, од Нобеловата фондација вели: „Да, Нобел го виде својот некролог уште пред да умре. И да, не беше многу среќен од оа што го прочита. Сепак, тоа не беше единствениот фактор кој влијаеше врз него за да создаде нобелова награда за мир“.

Меѓутоа она што изненадува е фактот што францускиот весник за кој станува збор, „Ideotie Quotidienne“, не може да се пронајде никаде, освен во оваа приказна. Во секое интерпретирање на приказната постојат само двата цитати искористени погоре: „Le marchand de la Mort est mort. Le Dr Alfred Nobel, qui fit fortune en trouvant le moyen de tuer plus de personnes plus rapidement que jamais auparavant, est mort hier.” /Извор: Факултети/

Спречен е терористички напад во Истанбул- уапсени се судуммина осомничени

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска соопшти дека во Истанбул се приведени седуммина осомничени за подготовка на терористички напад во име на терористичката група Исламска држава.

Тој на платформата Х изјави дека експлозивите запленети при апсењето можеле да предизвикаат експлозија од „големи размери“.

Според неговите зборови, во истанбулскиот кварт Бејкоз е приведен К.

Јерликаја неодамна објави дека од 1 јуни 2023 година до 22 април годинава биле приведени речиси 3.000 осомничени за соработка со Исламската држава.

Столтенберг ненајавено пристигна во Украина: Не го исполнивме ветувањето, оружјето ќе пристигне

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за време на ненајавената посета на Украина изјави дека земјите членки на таа алијанса не ги исполниле ветувањата за воена помош за Киев во последните месеци.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за време на ненајавената посета на Украина изјави дека земјите членки на таа алијанса не ги исполниле ветувањата за воена помош за Киев во последните месеци, но вети дека сега ќе се зголемат испораките на оружје и муниција.

„Ќе бидам многу искрен со претседателот Зеленски и во парламентот и ќе кажам дека сојузниците во НАТО не го исполнија она што го ветивме во последните месеци. САД потрошија шест месеци за да се договорат за пакетот, а европските сојузници не ја доставија муницијата што ја ветивме Но, сега сум убеден дека тие ќе ги променат работите“, рече тој во возот со кој отиде во Киев.

Тој рече дека очекува други „нови обврски“.

„Тоа ќе направи разлика - исто како што недостатокот на поддршка направи разлика“, рече тој, алудирајќи на неуспесите на Украина на бојното поле, според Ројтерс.

Тој исто така изјави дека „Русите платиле висока цена за маргинална територијална придобивка“ и оцени дека Украина сепак може да ги „сврти работите“.

„Не е доцна Украина да надвладее и затоа е толку итно сојузниците од НАТО да го сторат она што го ветивме и да ги претворат тие обврски во вистински испораки на оружје и муниција“, рече тој.

Столтенберг се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а треба да се обрати и во парламентот.

Ова е негова трета посета на Украина од почетокот на војната.

Николоски: Планираме гарантирани цени на откуп за клучните сорти грозје

Денеска сме во посета на Винскиот музеј во Кавадарци, ќе имаме средба со производителите на вино, за жал состојбата не е добра од сето она што можам да го прочитам како анализа и како податоци производството е намалено, извозот е намален.

Производството е намалено некаде за околу 8 милиони литри, а додека извозот е намален за околу 4 милиони евра годишно, така да тоа се лоши цифри. Споредувам 2023 година со 2016 година и тоа се лоши цифри кои говорат дека не се води правилно политика во делот на производството на вино.

Тука мислам дека една од причините е лошата политика на субвенционирање, ниските откупни цени на грозјето, но исто така и монополот кој го имаме во производството на вино и на пазарот, ќе треба сериозно да работиме во однос на поправање на работите на секторот.

Она што планираме да го направиме е да имаме гарантирани цени на откуп, во однос на клучните сорти на грозје, исто така промена на системот на субвенции кој ќе значи повеќе субвенции за производителите.

Возобновување на водоснабдителните системи и изградба на нови. И секако, можеби најзначајното, возобновување на Повардарие со цел да се зголеми конкуренцијата и да, исто така, се подобрат цените и се подобри производството.

Во однос на малите и средните винарии, планираме целосно нов систем на субвенционирање со цел да ги поттикнеме да растат, да извезуваат и да се борат и на домашниот пазар, но секако и на меѓународниот пазар, затоа што сметаме дека малите и средни винарии, она што се нарекува семејни винарии, средни винарии се иднината на Македонија и таму што ќе можеме да понудиме најдобар производ.

Еве ќе поразговараме сега, ќе можеме да ги видиме и другите детали, но ова е она што во суштина на нашата политика,рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.

притисни ентер