Пендаровски – Јелстад: Реформите во одбраната се високо на заедничкатa агенда со Норвешка

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Јерн Јелстад, новоименуван амбасадор на Кралството Норвешка за Република Македонија, со седиште во Белград.

Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, на церемонијата на предавање на акредитивите истакнал дека од воспоставувањето на дипломатските односи, двете држави во континуитет градат пријателски и партнерски односи и дека е постигнат успешен развој на билатералните односи во повеќе сфери на општественото живеење. Претседателот изразил очекување за интензивирање на политичкиот дијалог на сите нивоа, како и збогатување на соработката во сферата на економијата, инвестициите, екологијата, туризмот и други сфери од заемен интерес.

-Наскоро, Македонија и официјално ќе стане 30-тиот член на НАТО Алијансата и сигурен сум дека во иднина тоа ќе претставува дополнителен мост на поврзување меѓу Република Македонија и Кралството Норвешка како партнери и сојузници, посочил Пендаровски.

Претседателот изразил голема благодарност за конзистентната поддршка од пријателска Норвешка, која e силен промотор на евроатлантските интегративни процеси и истакна дека Република Македонија останува посветена на остварувањето на своите стратешки приоритети.

-Убедени сме дека европската и евроатлантската перспектива е гаранција за просперитет, стабилност и благостојбата на Балканот. Во овој контекст, високо го цениме интересот и присуството на Норвешка не само кај нас, туку и во целиот регион, истакнал претседателот Пендаровски во својот говор.

Амбасадорот Јелстад нагласил дека билатералните односи се одлични и продолжуваат да се развиваат на многу цврста основа на историското пријателство меѓу двете земји и нагласи дека е постигнат напредок во областа на економијата.

Тој, посочувајќи го заедничкото распоредување во ИСАФ, како важен елемент за натамошно зајакнување на одличните билатерални односи, оценил дека реформите во одбраната се високо на заедничкатa агенда на двете земји. – Норвешка со нетрпение очекува да и посака добредојде на Македонија како 30-та членка на НАТО, изјавил новоименуваниот амбасадор на Кралството Норвешка.

Амбасадорот Јелстад нагласил дека во изминатите 19 години, Норвешка обезбеди повеќе од 125 милиони евра помош за Македонија и дека ќе продолжи да ги поддржува напорите на земјава за евроатлантска интеграција преку заеднички програми во рамките на клучните општествени сектори.

Претседателот Пендаровски на новоименуваниот амбасадор му посакал многу успех и добро здравје во извршувањето на одговорната дипломатска функција, стои во соопштението.

„Гответе со Дракче“ - Малиџано

Во петок (26.04.2024) во емисијата гостин ни беше Вики Среброва

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

2 - 3 лажици мајонез

100 гр. ореви

10 маслинки

1 главица лук

1 лажица сенф

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Неформална дводневна средба на Советот за општи работи на ЕУ

Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) денеска и утре ќе одржи неформално заседание, на кое централен настан ќе биде одбележување на 20-годишнината од големото проширување на Унијата на 1 мај 2004 година. 

Заседанието ќе започне вечерва со свеченост во Центарот за ликовни уметности „Бозар“ во Брисел со која ќе се одбележи годишнината од приемот на Естонија, Кипар, Малта, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка во Европската унија.

Работниот дел од неформалното заседание на ГАК ќе продолжи утре во чии рамки министрите или државни секретари на земјите членки на ЕУ задолжени за европски прашања ќе одржат серија работни сесии на кои ќе разговараат за процесот на проширување, вклучувајќи и за искуствата од проширувањето во 2004 година, за потребата од зајакнување на Унијата, како и инструментите на блокот за заштита на владеењето на правото.

Меѓу другото, предвидено е европските министри да одржат размена на мислења со претставници на земјите кандидати и аспиранти за членство на ЕУ за владеењето на правото во рамките на процесот на проширување.

На заседанието ќе стане збор и за важноста за почитување на владеењето на правото во рамки на Унијата, како и за потенцијални подобрувања на постоечките механизми на заштита на овој принцип и нивната ефикасност.

На состанок европските министри ќе разговараат и за иднината на ЕУ, при што се очекува да разменат мислења за потребните чекори и реформи за зајакнување на капацитетот за дејствување на Унијата.

Неформалните заседанија на Советите на ЕУ се средби на ресорните министри на кои не се носат никакви одлуки, туку само се дебатира и се разменуваат мислења за различни теми и прашања по кои треба да се решава на формалните средби или на состаноци на други тела на Унијата. /МИА

притисни ентер