Почнува 22-от Фестивал за камерен театар „Ристо Шишков“

На големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица вечер ќе биде отворен 22-от Фестивал за камерен театар „Ристо Шишков“.

Директорот на фестивалот Ванчо Ристов информира дека годинава фестивалот ќе го отворат гостите од Шабац, Србија со претставата „Ќелавата пеачка“ од Ежен Јоанеску, во режија на Никита Миливојевиќ.

- Во петте фестивалски денови ќе бидат изведени 10 претстави од шест држави. За наградата за високи актерски остварувања „Ристо Шишков“ ќе се натпреваруваат шеесетина актери, рече Ристов.

Наградата „Ристо Шишков“ се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда во износ од 1.500 евра и признание. /МИА

Најмалку осуммина загинати и 45 повредени во автобуска несреќа во Флорида (ВИДЕО)

Најмалку осум лица загинаа, а 45 се повредени во сообраќајна несреќа на Флорида во која учествувал автобус.

Несреќата се случила во округот Мерион во 6:30 часот по локално време, објави Њујорк Пост.

Портпаролот на полицијата соопштила дека во моментот на несреќата во автобусот имало мигранти кои работеле на фарма со лубеници.

Двојно убиство во Стајковци: 70- годишен маж си ги убил братот и снаата

Попладнево во пукање во скопско Стајковци убиени се две лица.

Неофицијално, повозрасен маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел. Во моментов е хоспитализиран во болницата „Свети Наум Охридски“, потврдуваат за Канал 5 од СВР Скопје.

Кара-Мурза останува во затвор 25 години, одбиена е жалбата на најголемиот непријател на Путин

Рускиот Врховен суд ја отфрли жалбата на пресудата за 25-годишна затворска казна за предавство поднесена од критичарот на Кремљ, Владимир Кара-Мурза, објавија денеска странските агенции.

Кара-Мурза е со двојно државјанство, руско и британско, и постојано ја критикуваше војната во Украина, рускиот претседател Владимир Путин и лобираше за санкции од Западот против Русија.

Опозицискиот политичар беше уапсен два месеца пред почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022 година и беше обвинет за ширење лажни информации за руските вооружени сили и прогласен за „странски агент“.

Руската полиција го приведе неколку часа откако Си-Ен-Ен емитуваше интервју со него во кое тој тврдеше дека Русија ја води „режим на убијци“. Тој подоцна беше обвинет за предавство за говорите што ги одржа, вклучително и еден во Претставничкиот дом на Аризона, кога рече дека Русија бомбардирала украински домови, болници и училишта, што Москва го негира.

Државното обвинителство го обвини дека „свесно шири лажни информации“ за акциите на руските сили во Украина, а неговата сопруга Евгенија изјави дека се плаши за неговиот живот по смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални во февруари.

Кара-Мурза во жалбата наведува дека не сторил никакво кривично дело и дека е осуден исклучиво затоа што го искористил правото на слобода на говор и јавно се спротивставил на Путин и војната во Украина.

Тој овој месец ја доби Пулицеровата награда за есеј на Вашингтон пост.

притисни ентер