Двајца полјаци се осудени на 14 месеци затвор без право на помилување , зашто полицијата во еден запечатен мртовечки ковчег нашла ирачки државјанин , кого Полјаците требало да го прокриумчарат во Британија. Двајцата професионални возачи стигнале пред Еуротунелот со фургон натоварен со мртовечки ковчези, наменети за испорака во Британија.
Но , кога службениците почнале да ги пребаруваат ковчезите пред да го натоварат фургонот на воз за Британија , откриле Ирачанец , кој жив и здрав лежел во еден од ковчезите , запечатени од надвор.
Полјаците се бранеле дека не знаеле како мажот влегол во мртовечкиот ковчег , но на суд тоа не им го зеле како олеснителна околност , бидејќи ковчегот бил запечатен од надвор.
Тие се осудени на 14 месеци , а во образложението на пресудата пишува сдека помагале илегален мигрант да влезе вио земјата ,,во недостоинствени услови”.