Познати осминафиналните двојки на Светското првенство за кошаркарки

Со одигрувањето на натпреварите синоќа беше комплетирано третото коло од групната фаза на Светското првенство за кошаркарки што се одржува во Турција.

Четирите првопласирани селекции од групите изборија директен пласман во четвртфиналето, а второпласираните и третопласираните ќе играат во осминафиналето.

А група: Бразил - Јапонија 79:56, Шпанија - Чешка 67:43.
Табела: Шпанија 6 бодови, Чешка 5, Бразил 4, Јапонија 3.

Б група: Мозамбик - Турција 54:64, Франција - Канада 63:59.
Табела: Турција 6, Франција 5, Канада 4, Мозамбик 3.

Ц група: Австралија - Белорусија 87:45, Јужна Кореја - Куба 57:73.
Табела: Австралија 6, Белорусија 5, Куба 4, Јужна Кореја 3.

Д група: Србија - Кина 65:63, САД - Ангола 119:44.
Табела: САД 6, Србија 5, Кина 4, Ангола 3.

Денеска во осминафиналето ќе играат: Белорусија - Кина, Србија - Куба, Чешка - Канада и Франција - Бразил.

Пласман во четвртфиналето имаат обезбедено: Шпанија, Турција, Австралија и САД, кои следниот натпревар го играат на 3.октомври.

Шампионатот заврши се четири селекции, кои ги загубија трите натпревари во групата: Јужна Кореја, Јапонија, Мозамбик и Ангола.

Лани 23.545 купопродажби на недвижности во вредност од 910 милиони евра

Во базата на Регистарот на цени и закупнини лани се внесени 32.971 трансакција, од кои 23.545 купопродажби на недвижности и 9.426 закупи на недвижен имот.  

Купопродажбите во Регистарот на цени и закупнини во 2023 година се намалени за четири проценти споредено со тие во 2022 година, а закупите се зголемени за девет проценти покажува Годишниот извештај за работата на Агенцијата за катастар на недвижности во периодот јануари-декември 2023 година.

Вредноста на регистрираните купопродажби со недвижности во 2023 година изнесува 910 милиони евра.

Минатата година најмногу купопродажби се регистрирани во март, 2.464, а најмалку. 1.722 имало во април, покажува Годишниот извештај за работата на Агенцијата за катастар на недвижности.

Регистрирани се 19.093 продажби во вредност од 670 милиони евра, 3712 купопродажби од инвеститор од 226 милиони евра, 683 откупи од страна на државата со вредност од шест милиони евра, како и 54 продажби на лицитација во вредност од 57 милиони евра.

Според типот на недвижностите, лани биле направени купопродажби на 7.518 станови во вредност од 431 милион евра, 2.810 куќи во вредност од 148 милиони евра, 1005 деловни простории од 139 милиони евра. Исто така, регистрирани се 8492 купопродажби на земјоделско земјиште со вредност од 77 милиони евра, 2.490 на градежно земјиште од 70 милиони евра, 78 во индустријата од 11 милиони евра, 708 гаражи со вредност од четири милиони евра...

Месечната закупнина за евидентираните 9426 закупи во 2023 година била во вредност од 4,284 милиони евра.

Лани имало 3011 закупи на станови, 1417 закупи на куќи, 3206 на државни парцели, 1222 на земјоделско земјиште и шуми, 225 на градежно земјиште, 199 закупи на индустриски објекти, 50 закупи на гаражи...

Воздухопловна команда на НАТО: Норвешка има за цел да користи биогориво за ловците Ф-35

Норвешка има за цел да користи биогориво за повеќенаменски ловци Ф-35.

Норвешката армија има за цел да користи биогориво за своите авиони Ф-35 до крајот на годината, соопшти денеска воздушната команда на НАТО.

„Оваа иницијатива покажува дека биогоривото може да се користи за Ф-35 и да помогне во намалувањето на емисиите на јаглерод од авионите. Декарбонизацијата е важна цел во Акцискиот план за климатски промени и безбедност“, се додава во соопштението на платформата Икс.

Покрај намалувањето на емисиите на јаглерод, употребата на биогорива може да придонесе за енергетска безбедност преку намалување на зависноста од традиционалните фосилни горива.

Блинкен: САД ќе обезбедат дополнително воено финансирање за Украина од две милијарди долари

САД ќе обезбедат дополнително воено финансирање за Украина во износ од две милијарди долари, соопшти денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен, цитиран од светските агенции.

Тој го соопшти ова на заедничката прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во Киев.

„Новиот пакет воена помош ќе биде насочен кон инвестирање во индустриската база на Украина“, рече Блинкен.

Тој исто така рече дека САД итно ќе испратат муниција, оклопни возила, проектили и опрема за противвоздушна одбрана во Украина за да обезбедат нивна брза испорака до линиите на фронтот додека украинските сили се обидуваат да ја одбијат руската копнена офанзива во североисточниот регион Харков.

притисни ентер