Познати се финалистите за избор на Автомобил на годината 2020 во Европа

Жирито гласаше и го намали списокот на номинирани на само седум кандидати.

Изборот за Европски автомобил на годината 2020 се приближува до големото финале, а веќе знаеме кои кандидати се пласираа во последната рунда. Од 35-те номинирани, седум се избрани од жирито. Главен услов за номинации беше автомобилите да бидат достапни на пет европски пазари.

„Изборот на финалисти ја претставува сегашната насока во автомобилскиот бизнис. Гледаме напредок во електрификацијата, но и највисоки стандарди на моторите со внатрешно согорување“, изјави претседателот на жирито, Френк Јансен.

Навистина, меѓу финалистите спаѓаат електричните модели Porsche Taycan и Tesla Model 3 и Peugeot 208, кој исто така е електричен. Интересно е што овој пат нема голема конкуренција на кросовери, а единствениот што дојде до финалето е Форд Пума. Но, затоа има славни имиња во новото издание - BMW 1 Серија, Рено Клио и Тојота Корола.

Да потсетиме дека победникот на изборите ќе биде избран во февруари и ќе биде официјално објавен на почетокот на март на салонот во Женева. Минатата година титулата ја освои електричниот Јагуар I-Пејс, исто така и Светски автомобил на годината.

Финалисти на COTY 2020 (по азбучен ред):

BMW Серија 1

Ford Puma

Peugeot 208

Porsche Taycan

Renault Clio

Tesla Model 3

Toyota Corolla

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и на техничката влада Андреј Пленковиќ по седницата на претседателството на партијата изјави дека има повеќе од 76 пратеници кои се подготвени да го поддржат.

На парламентарните избори во Хрватска на 17 април ХДЗ го освои мнозинството мандати во Парламентот, но недоволно за сама да формира влада, па претходните денови имаше интензивни преговори за можни коалиции, а десницата Татковинско движење е најголемиот коалициски потенцијал на кој смета ХДЗ.

„Разговорите продолжуваат утре. Денеска имавме средба со сите колеги кои беа заедно со ХДЗ на листите на изборите, сите тие пратеници, а ги има шестмина, ми даваат силна поддршка како иден мандатар за состав на нашата трета влада“, рече Пленковиќ по вчерашниот состанок.

Тој најави дека денеска ќе се сретне и со претставници на националните малцинства, а потоа и со претставници на Татковинското движење.

„Работите во преговорите за формирање на парламентарното мнозинство и влада се движат во добра насока“, рече Пленковиќ.

ИДФ објавија слики и снимки од тенковите на преминот Рафа

Израелската војска (ИДФ) утринава објави фотографии и снимка како нејзините тенкови ја преземаат контролата врз палестинската страна од преминот Рафа во Појасот Газа, на границата со Египет, јави „Тајмс од Израел“.

ИДФ наведе дека преминот беше заземен за време на „прецизна операција“ против Хамас во „ограничени реони на источен Рафа“.

ИДФ додава дека имала „разузнавачки информации дека терористите го користеле местото на премин за терористички цели“.

Токму од областа на преминот Рафа вчера Хамас истрела ракети кон областа Керем Шалом, во јужен Израел, при што загинаа четворица војници, а други беа ранети.

Пред да ја почне операцијата, во текот на ноќта, ИДФ соопшти дека извршила „координација со меѓународните организации кои дејствуваат во областа, со барање да се движат кон хуманитарната област, како дел од напорите за евакуација на населението“, наведе „Тајмс од Израел“.

Тен Хаг по дебаклот со Кристал Палас: Ова е заслужен пораз

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг се осврна на синоќешниот висок пораз во Лондон од Кристал Палас.

Домаќините во натпревар од 36. коло на Англискиот фудбалски шампионат славеа триумф со 4:0.

- Како Манчестер јунајтед, мораме да бидеме подобри. Играчите кои беа на располагање треба да се претстават подобро. Ова е заслужен пораз. Настапот не беше онаков каков што очекувавме. Не можеме да се фокусираме само на отсуството на Касемиро. Треба да се фокусираме на тимската игра. Мора да се поправиме во недела. Треба да учиме од овој натпревар и да се подобриме, изјави Тен Хаг за „BBC Sport“.

Манчестер јунајтед со 54 бода е 8. во поредокот во Премиер лигата, Кристал Палас има 43 бода на 14. место.

притисни ентер