Предлог – законот за отворање македонски КИЦ во Тирана помина на албанската комисија за надворешна политика

Предлог – законот за ратификација на Спогодбата потпшана меѓу владите на двете земји за отворање култрно – информативни центари во Скопје и Тирана денеска помина на парламентарната комисија за надворешна политика на Албанија.

На седницата со која раководеше претседателката Мими Кодели, образложение околу потребата од ратификација на Спогодбата и значењето на центрите во двете држави даде пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, кој е член на комисијата.

-Фокусот на договорот е развој и зајакнување на соработката во областа на културата, ширење на албанската култура и нејзино претставување во Македонија и обратно. Ова ќе се постигне преку формирање културно – информативни центри во Тирана и во Скопје, кои ќе ја презентираат културата на соодветните земји преку организирање настани, изложби, литературни предавања, промоција на медиумите и обезбедување информативни услуги за заинтересирани граѓани од двете страни, рече Стерјовски.

Посочи и дека културно – информативните центри ќе придонесат за унапредување на културна соработка и ќе дадат важен придонес за натамошно зајакнување на односите меѓу двете пријателски земји и добри соседи.

Откако денеска беше поддржан Предлог – законот, се очекува Спогодбата набрзо да се најде на дневен ред на албанскот законодавен дом за ратификација.

За разлика од Албанија, Македонија го ратификуваше овој договор уште во мај и за директор на Центарот го назначи Златко Ориѓански, кој во септември лани реагираше на бавноста на албанскиот Парламент во ратификацијата на Спогодбата.

Албанската влада го донесе Предлог – законот за ратификација на Спогодбата на петти декември 2019, по предлог на Министертвото за култура, по што беше доставен до Парламентот за ратификација.

Ова следуваше откако прашањето околу сé уште нератификуваниот договор од албанска страна, за отворање македонски културно-информативен центар во Тирана, на пленарна седница во албанскиот парламент го изнесе пратеникот Стерјовски кој два пати и писмено преку Парламентот побара од владата да ја достават Спогодбата за ратификација.

И македонското друштво „Илинден"-Тирана, реагираше околу ова прашање и во име на Македонците во Република Албанија го искажа незадоволството поради нератифкацијата на договорот и ја повика Владата што побрзо да го достави до Собранието на Албанија за негова ратификација. /МИА

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и на техничката влада Андреј Пленковиќ по седницата на претседателството на партијата изјави дека има повеќе од 76 пратеници кои се подготвени да го поддржат.

На парламентарните избори во Хрватска на 17 април ХДЗ го освои мнозинството мандати во Парламентот, но недоволно за сама да формира влада, па претходните денови имаше интензивни преговори за можни коалиции, а десницата Татковинско движење е најголемиот коалициски потенцијал на кој смета ХДЗ.

„Разговорите продолжуваат утре. Денеска имавме средба со сите колеги кои беа заедно со ХДЗ на листите на изборите, сите тие пратеници, а ги има шестмина, ми даваат силна поддршка како иден мандатар за состав на нашата трета влада“, рече Пленковиќ по вчерашниот состанок.

Тој најави дека денеска ќе се сретне и со претставници на националните малцинства, а потоа и со претставници на Татковинското движење.

„Работите во преговорите за формирање на парламентарното мнозинство и влада се движат во добра насока“, рече Пленковиќ.

ИДФ објавија слики и снимки од тенковите на преминот Рафа

Израелската војска (ИДФ) утринава објави фотографии и снимка како нејзините тенкови ја преземаат контролата врз палестинската страна од преминот Рафа во Појасот Газа, на границата со Египет, јави „Тајмс од Израел“.

ИДФ наведе дека преминот беше заземен за време на „прецизна операција“ против Хамас во „ограничени реони на источен Рафа“.

ИДФ додава дека имала „разузнавачки информации дека терористите го користеле местото на премин за терористички цели“.

Токму од областа на преминот Рафа вчера Хамас истрела ракети кон областа Керем Шалом, во јужен Израел, при што загинаа четворица војници, а други беа ранети.

Пред да ја почне операцијата, во текот на ноќта, ИДФ соопшти дека извршила „координација со меѓународните организации кои дејствуваат во областа, со барање да се движат кон хуманитарната област, како дел од напорите за евакуација на населението“, наведе „Тајмс од Израел“.

Тен Хаг по дебаклот со Кристал Палас: Ова е заслужен пораз

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг се осврна на синоќешниот висок пораз во Лондон од Кристал Палас.

Домаќините во натпревар од 36. коло на Англискиот фудбалски шампионат славеа триумф со 4:0.

- Како Манчестер јунајтед, мораме да бидеме подобри. Играчите кои беа на располагање треба да се претстават подобро. Ова е заслужен пораз. Настапот не беше онаков каков што очекувавме. Не можеме да се фокусираме само на отсуството на Касемиро. Треба да се фокусираме на тимската игра. Мора да се поправиме во недела. Треба да учиме од овој натпревар и да се подобриме, изјави Тен Хаг за „BBC Sport“.

Манчестер јунајтед со 54 бода е 8. во поредокот во Премиер лигата, Кристал Палас има 43 бода на 14. место.

притисни ентер