Пристигна новата Шкода Октавиа

Во Прага е претставен чешкиот роднина на најпродаваниот автомобил во Европа Голф- Шкода Октавиа.

Четвртата генерација на Октавија е многу препознатлива од секој агол, базирана на дизајнот од претходната, но подинамична.

Долга е 4.689мм, широка 1.829мм со меѓуосовинско растојание од 2.686 мм, а располага со 600 литарски багажен простор во стандардната и 640 литарски во караванската изведба.

Освен тоа, патниците на задната клупа ќе располагаат со 78мм простор за колена, 5мм повеќе отколку кај претходната верзија.

Меѓу опционалните опреми спаѓаат Матрикс Лед фарови меѓу кои се наоѓа препознатливата остра предна маска.

Октавиа добила и потполно нов ентериер, сонова контролна табла слична на онаа од новиот Голф со екран осетлив на допир и 10,2 инчен мултимедиален систем.

Што се однесува на погонот, се очекува да бидат вклучени сите опции кои се наоѓаат кај новиот Голф.

Се очекува и верзија со хибриден погон.

Кај таа верзија главна маана е помалиот багажен простор кој ќе изнесува 450 кај стандардната, односно 470 литри кај караванската изведба.

ПСЖ ќе му понуди нов договор на Донарума

Пари Сен-Жермен има намера да го продолжи договорот со голманот Џанлуиџи Донарума, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.

Според изворот, парижаните ќе преговараат со 25-годишниот Италијанец по завршувањето на сезоната 2023/24. Управата на клубот сака да го направи голманот капитен на тимот.

Донарума игра за ПСЖ од јули 2021 година. Во сезоната 2023/24 Донарума учествуваше на 40 натпревари во сите натпреварувања, прими 36 гола и ја зачува мрежата чиста 16 пати.

Актуелниот договор на голманот со францускиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година.

Скај Њуз: Кина го хакирала платниот систем на британското Министерство за одбрана

Британскиот портал Скај њуз денеска објави дека кинеската влада извршила неколку кибер напади врз платниот систем на британското Министерство за одбрана, кој содржи приватни информации за воениот персонал.

Членовите на Долниот дом на британскиот Парламент денеска ќе бидат информирани за овој инцидент.

Пратеникот на Конзервативната партија Тобијас Елвуд изјави дека Кина „најверојатно бара финансиски слабости“ кај воениот персонал за да натера некои припадници да соработуваат со Кина во замена за пари.

„На потешкиот начин учиме како уметноста на војување брзо се менува со напредокот на технологијата. Одбраната на дигиталниот терен сега е исто толку важна како и одбраната на физичкиот. Доколку овој вид на кибер напад се случува во Велика Британија, можеме да претпоставиме дека ќе бидат нападнати и други земји-членки на НАТО“, рече Елвуд.

Истрагата на Министерството за одбрана досега не покажала дека се украдени некои податоци.

Катовице: Во салата каде попладнево ќе заседава полската влада пронајден апарат за прислушување

Во салата во седиштето на Шлезискиот регион во Катовице, пред попладневната седница на чешката влада, откриен е и демонтиран апарат за прислушување, соопшти портпаролот на министерот координатор на полските безбедносни служби, Јацек Добжињски.

Службата за државна безбедност и Агенцијата за внатрешна безбедност ја демонтирале направата и покрената е истрага за тоа кој ја поставил.

Полската влада попладнево ќе одржи вонредна седница во Катовице бидејќи премиерот Доналд Туск и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се главни гости на меѓународниот економски форум во тој град на југот на Полска.

Владата нема „чувствителни“ теми на дневниот ред на денешната седница, најавено е дека ќе одлучува за помош на граѓаните за плаќање на енергетски производи и предлогот за Законот за дигитални комуникации со кој во полските закони се воведува кодот на Европската унија во таа област.

притисни ентер