Притворот за Гершкович продолжен до крајот на јуни

Судот во Москва му го продолжи притворот до крајот на јуни на американскиот новинар Еван Гершкович, кој е обвинет за шпионажа.

Новинарот на „Волстрит Џорнал“ (32) беше уапсен на крајот на март 2023 година во Екатеринбург додека известуваше од Русија и цело време е во притвор.

Гершкович и неговите медиуми ги отфрлија наводите, а американската влада тврди дека тој бил незаконски приведен.

Тој е во московскиот затвор Лефортово, кој е познат по тешките услови.

Амбасадорката на САД во Русија, Лин Трејси протестираше за време на денешното судско рочиште и повтори дека „обвинувањата против Еван се категорично неточни“.

„Нема оправдувања за продолжување на притворот на Еван, ниту објаснувања зошто тоа што тој ја работел својата новинарска работа е злосторство. Не станува збор за докази, правна постапка или владеење на правото, туку за користење на американските граѓани како пиони за постигнување политички цели, изјави амбасадорката за новинарите пред судот.

Ковачевски: Ако некој бојкотирал низ целата историја на државата тоа е ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски синоќа во Гостивар изјави дека ако некој бојкторал и блокирал во целата историја, тоа било ВМРО-ДПМНЕ.

Хамас ќе одговори на планот за примирје во Газа во Египет в понеделник

Висок функционер на Хамас изјави денеска дека групата ќе го даде својот одговор на последниот  предлог на Израел за прекин на огнот во Газа в понеделник во Египет.

„Делегација на Хамас предводена од Калил ал-Хаја утре ќе пристигне во Египет... и ќе го достави одговорот на движењето“ на израелскиот предлог за време на состанокот со египетските разузнавачи, рече функционерот кој одби да биде именуван во изјавца за француски медиуми.

Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо е во трансфер плановите на Манчестер Јунајтед, објави денеска каталонскиот весник „Спорт“.

Според истиот извор, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на 25-годишниот Уругваец и е подготвен да му понуди на каталонскиот клуб повеќе од 80 милиони евра за трансферот.

Во моментов Араухо води преговори за продолжување на договорот со Барселона, но според медиуми, англискиот тим е во позиција да му понуди поповолни услови.

Араухо се пресели во Барселона во летото 2018 година.

притисни ентер